Коронавирусот ни покажа зошто ни треба четиридневна работна недела

Кога Џон го прашаа да прифати 20% пониска плата во екот на пандемијата, тој не крена голема врева на работа. Секако, тој имаше разбирање за маркетинг компанијата за која работеше во централен Лондон, дека се справува со намалени приходи и дека се обидува да ги задржи вработените. Но она што е можеби најважно е дека Џон за првпат во неговиот професионален живот, не мораше да оди на работа во петок.

Тој е еден од илјадниците луѓе во Велика Британија кои прифатија привремено намалување на платите во замена за еден ден помалку работа во компаниите што целат да ги намалат трошоците за време на пандемијата. Но ако четиридневна работна недела стане норма, тоа може да спаси пола милион работни места само во јавниот сектор, смета независната аналитичка институција „Автономија“ која се фокусира на истражувања и анализи за иднината на работното место и економско планирање. Наместо да се намалуваат платите, што во најдобар случај е привремено решение, истражувањата нудат аргументи дека владата би требало делумно да субвенционира петгодишен план што би и` дозволил на целата работна сила во Британија трајно да премине кон четиридневна работна недела.

Историска позадина

Идејата да се намали работната недела не е нова. Кога лабуристичката партија ја вклучи четиридневната работна недела во нејзиниот изборен манифест во 2019 год, критичарите велеа дека таквиот чекор може да ја собори економијата. Конфедерацијата на британската индустрија се спротивстави на четиридневната работна недела, аргументирајќи дека се бара повеќе флексибилност, а не помалку. Но бидејќи британската економија е речиси уништена по карантинот, се` повеќе вработени лица ја прифаќаат идејата за четиридневна работна недела, во очаен обид да се одбегне намалување на бројот на работни места.

Лесно е да се заборави дека петдневната работна недела е одлука којашто е донесена прилично неодамна. Идејата за дводневен викенд се проширила за време на Големата депресија во 1930тите, но мотивацијата зад овој чекор била економска: единствениот начин да се спасат илјадници работни места било да се намали количината на работни часови на неделно ниво. Речиси сто години подоцна, повторно сме во истата ситуација.

Големата разлика е што намалувањето на еден ден од работната недела со цел да се стимулира економијата не е повеќе хазард. Имаме доказ дека четиридневната работна недела функционира. Германија воведе „скратена недела“ за време на финансиската криза од 2008 год за да ја ублажи масовната невработеност и субвенционираше прераспределба на трудот. Владата делумно ги плати платите на милиони жители за време на финансискиот пад за да одбегне масовна невработеност – и истата шема повторно ја искористи за време на кризата предизвикана од коронавирусот. Иронично, мерката во еден дел беше и инспирирана од Велика Британија, поконкретно од привремената шема за скратено работно време на Маргарет Тачер воведена во 1980тите, кога владата воведе сет мерки за поддршка на работните места што тогаш се сметал како еден од најевтините и најефикасните чекори за справување со рецесија во таа деценија.

Во јуни годинава, група парламентарци од двата британски политички табори доставија предлог до канцеларот Риши Сунак да се земе предвид воведувањето на четиридневна работна недела по завршетокот на пандемијата на Ковид-19, а нивниот главен аргумент е дека тоа е „моќна алатка за закрепнување од оваа криза“. До сега, ниту една официјална политика не е ставена на маса.

Зошто функционира четиридневната работна недела

Во моментов се води дебата дали владата на Велика Британија би била желна да плати за мерка што вклучува отсуство. Цената на владината мерка за зачувување на работните места завршува во октомври, и до сега се проценува дека чини речиси 100 билиони фунти. Додавањето кон цената за субвенционирање на вработувањето на жителите можеби е премногу далечен чекор, иако стои и аргументот дека 1,2 милиони работни места во ризик може да го оштетат домашниот буџет многу повеќе.

Ако воопшто се случи, секоја владина интервенција единствено ќе делува како сврзно средство за поголем проблем. Ендру Барнс, автор на книгата „Четиридневна недела“ мисли дека би требало целосно да ја тргнеме петдневната работна недела.

„Реалноста е дека во однос на работењето пет дена неделно истражувањата се конзистентни. Студиите покажуваат дека вие сте продуктивни отприлика три часа дневно. Така што проблемот е дека го користиме времето како сурогат во сериозното разбирање на продуктивноста.“ Тој цени дека радикална промена на работна недела од 32 часа може да им помогне на компаниите да привлечат подобар кадар, да ја подобрат продуктивноста и да ги натераат шефовите одново да го размислат времето што го поминуваме на бескорисни задачи.

Според Еуростат, во Велика Британија луѓето во просек поминуваат 36,5 часови неделно на работа. Ова е повисоко од целокупниот европски просек од 36,2 часа, но помалку од земји како Романија (40,5 часа), Србија (42,3 часа) и Бугарија (40,4 часа). Но ова не ги прави Британците поефикасни, ниту пак го поттикнува развојот на таленти.

„Мое верување е дека попросветлените работодавачи би требало да го земат предвид германскиот модел,“ вели Барнс. „Ова е можност да се промени начинот на кој луѓето работат, но исто така е можност да се размисли за надградување на вештините и владите би требало да го делат товарот во зачувувањето на работните места.“

Доказите го поддржуваат неговото тврдење. Голем број стартап компании нудат четири работни дена како поттик за нови вработени (и како начин да одбегнат вработените да не се соочат со преоптовареност). Истата промена функционира и во поголеми корпоративни експерименти – Микрософт откри дека направил 40 проценти повисок скок во продуктивноста кога им дозволува на луѓето да не работат во петок, во еден опит од 2019 год. Но ваквите политики се` уште не се мејнстрим.

Помалку работни часови всушност заштедуваат огромни трошоци

Третина од бизнисите во Британија што работат четири дена неделно кажаа дека гледаат подобрување во продуктивноста на персоналот, открива истражувањето на Henley Business School минатата година. Уште поважно, ваквата одлука им заштедила на компаниите што ја нудат 92 билиони фунти годишно. Истражувањето исто така открива дека овој работен стил го зголемува целокупниот квалитет на живот на вработените, каде преку три четвртини или (78 проценти) од бизнисите кажале дека вработените им се посреќни, чувствуваат пониско ниво на стрес (70 %) и земаат помалку слободни денови (62%).

Една од среќните работници е Алиса, која започна со нова работа за време на пандемијата, заменувајќи токсичен американски работодавач за да работи во мала британска консултантска фирма четири дена неделно. „Ова дефинитивно значи дека морам да размислам како да бидам попродуктивна, но сепак е позитивен предизвик,“ вели таа. „Сега се чувствувам како навистина да треба да направам конкретен напор да не бидам воркохолик и дека ако имам време треба да уживам во него.“

Негативни страни

Секако, не сите ќе ја прифатат промената. Компаниите што мислат дека едноставно ќе отпишат еден работен ден во недела и што потоа ќе очекуваат се` да се одвива добро, грешат, потенцира Лизи Бентон, основач на консултантска агенција од областа на компаниска култура, Liberty Mind.

„Дали бизнисите во моментов го прават тоа поради вистинската причина е очигледно најголемото прашање. Четиридневната работна недела изгледа супер, но намалувањето на платата сега не е најдобро решение за сите, кое може да отиде во обратна насока,“ вели таа. Постојат и прашања поврзани со довербата, кога вработен се бара да работи четири дена неделно откако веќе побарал флексибилни работни часови во минатото и бил флагрантно одбиен, на пример. „Може да се создаде култура на „тие и ние“, што е навистина токсична, и да постои чувство дека има мал комплекс на супериорност во компаниската култура, што пак навистина може да ги насочи луѓето на погрешен пат. Внатрешно, четиридневната работна недела може да биде многу штетна ако таа промена не се комуницира соодветно.“

Голем број бизниси што се очајни да ги намалат трошоците нема да проаѓаат низ фазите на тестирање и испитување што вообичаено се одвиваат кога се менува нешто во поглед на работните операции и часови. Бентон предупредува. Она што може да се случи е дека во однос на кој било проблем или ситуација што ќе настане, бизнисите ќе речат само: „е па добро, ете не функционира и ќе треба да се вратиме на петдневната работна недела. И потоа да ја напуштат оваа идеја целосно.“

Секако, четиридневна работна недела е далеку од светиот грал на добросостојбата на работното место. Економистот Роберт Скиделски предупредува за зголемувањето на исцрпеноста бидејќи работници под договор ги натрупале четирите дена со работа, а и да доведе до негативно влијание врз необучените работници кои треба исто така да бидат платени. А сепак, притисокот за правењето на оваа промена се зголемува.

Сепак, алтернативата е уште полоша. Некои канцелариски работници во Лондон, како што е Сем, велат дека добиваат 20% пониска плата со цел избегнување на непотребни активности, но тоа намалување не се однесува на работните часови.

„Навистина е разочарувачки,“ вели Сем. „Се чувствувам дека работата што ја работам може да се сработи во период од 4 дена но мислам дека ќе мора да се оствари слично како со работа во смени. Ако канцелариите би менаџирале со тимови во рамките на бизнисот за да се осигураат дека сите пет дена од работната недела можат да бидат покриени, тогаш тоа би било навистина ефикасно. Петдневната работна недела не се менува, персонал гледа зголемување во личното време и бизнисот станува посреќен, а вработените се подобро одморени. За мене ова е тешка глупост.“

„Исто така отвора вистински прилики за злоупотреба на веќе преработениот персонал. Има безбројни анегдоти кога персоналот работи подолги часови во карантин бидејќи во принцип е секогаш на работа. Ако тоа го искомбинирате со помалку часови во кои треба да сработите задача, тогаш можете да се соочите со вистински проблем во однос на луѓето кои работат повеќе од нивните договорени часови.“

Извор: Wired

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -