Што прават соседните земји за да се справат со коронавирусот

Секоја земја, следејќи ги препораките на Светската здравствена организација, се мобилизира и имплементира превентивни мерки за ширење на коронавирусот, познат и како COVID- 19. Северна Македонија е една од ретките земји каде мерки се презедоа времено и затоа сега ширењето на заразната болест е контролирано.

Поврзано:

Но земјите во нашето соседство, и пошироко, не сите го имаат Венко Филипче за министер за здравство, па затоа во некои земји, и покрај препораките на СЗО, училиштата сe уште работат, јавниот превоз е достапен и го користат голем број граѓани, нема посебен режим за функционирањето на угостителските објекти, и слично.

Во прилог е преглед на она што соседните земји го прават во борбата со коронавирусот.

Бугарија воведува времена забрана на лица од 16 различни земји

Според Софија Глоуб, министерот за здравство на Бугарија најави привремена забрана за влез во Бугарија на лица од 16 земји поради ширењето на COVID- 19, изјавило министерството за здравство.

справување со коронавирус

Привремената забрана за влез се применува на патници кои доаѓаат од Кина, Иран, Бангладеш, Малдиви, Непал, Шри Ланка, Шпанија, Италија, Јужна Кореја, Франција, Германија, Холандија, Швајцарија и Обединетото Кралство и ќе почне да се применува од полноќ денес (18.03.2020 год.).

Бугарски граѓани, членови на нивните семејства како и лица со постојана или долгорочна дозвола за престој во Бугарија и нивните семејства се исклучени од забраната.

Бугарскиот кризен штаб за справување со пандемијата на коронавирусот му предложи на премиерот да донесе одлука возрасните граѓани доколку се најдат во редици пред супермаркети, апотеки, банки, осигурителни компании и владини агенции, да се органичат на две лица. Овој предлог беше доставен до владата на 17 март, од страна на претседателот на телото мајор генерал Венцислав Мутафчиски.

Во моментов, бројот на заразени лица со коронавирус во Бугарија е 67.

Грција му се спротистави на Светиот Синод

Грчката влада го надгласа Светиот Синод на моќната Православна црква и објави доцна во понеделникот дека службите на сите религизони места во државата, без разлика на религијата или учењето се суспендирани до 30 март 2020 год, известува Грик репортер.

справување со коронавирус

Политичкото раководство на земјата одлучи да и` пркоси на Црквата откако Светиот Синод се иззема од категоричното затворање на црквите во период кога земјата се бори да го контролира ширењето на коронавирусот.

Премиерот Кирјакос Мицотакис во објава на Твитер кажа дека владата „ги суспендира сите активности поврзани со религиозно чевствување во сите области без разлика на религијата или догмата. Црквите ќе бидат отворени само за индивидуални молитви. Штитењето на јавното здравје изискува јасни одлуки“.

Во друга објава на истата социјална мрежа, грчкиот министер за образование Ники Керамеус појасни дека забраната ќе се применува од 16 до 30 март.

Претходно, Светиот Синод беше под притисок на повеќето политички партии со цел преземање радикални чекори и не дозволи целосно затворање на црквите туку се согласи да не ги спроведуваат неделните богослужби но дека ќе продолжи со служење на неделните литургии во времетрање од 1 саат, помеѓу 7 и 8 часот наутро.

Во Албанија недостигаат тестови

Бројот на заболени лица од коронавирус во Албанија продолжува да расте, но со забавено темпо, известува Тирана тајмс.

справување со коронавирус

Министерството за здравство извести дека има нови случаи, сите во Тирана, два од кои се дел од медицинскиот персонал од болницата „Шефкет Ндроки“. Вкупно, бројот на лица инфицирани со COVID- 19 е 55, од кои 9 се доктори и медицински сестри а поголемиот дел од нив се од спомената болница.

Министерството исто така извести дека првиот тест на првиот пациент во Албанија е негативен и дека лицето добро закрепнува. Треба да се направат дополнителни тестови за да се потврди дека пациентот не е веќе заболен од корона.

Мапата на зафатеност со коронавирусот останува иста и вклучува 6 града, од кои во Тирана се регистрирани 38 случаи, 6 случаи во Фиер, Драч со 5 случаи (еден од кој беше фателен), и Лушње, Елбасан и Рогозина со по 2 случаи.

Во минатите неколку дена има значителен пад на бројот на тестови. Албанските власти објаснија дека во состојба на пандемија, тестовите се применуваат само на најсомнителните случаи.

Силба Бино, директорката на одделението за заразни болести при Институтот за јавно здравје кажа дека до сега, сите тестови биле аплицирани на сомнителни лица. „Се трудиме да го прекинеме ланецот на пренесување на болеста. На ова се концентрира работата на целата служба во моментов,“ додаде та.

Србија воведува вонредна состојба и бара помош од Кина

Во неделата, претседателот Александар Вучиќ изјави на прес конференција дека му напишал писмо на неговиот кинески колега Си Џинпинг во кое бара помош откако Европската Унија воведе ограничувања во извозот на медицинска опрема во екот на кризата со коронавирусот, објавува Балкан Инсајт.

справување со коронавирус

Во стилот на Вучиќ, претседателот рече: „Му испратив писмо на претседателот Си, во кое не само што заа првпат официјално го нареков драг пријател, туку и брат, и не само мој личен пријател туку и пријател и брат на оваа земја.“

Тој додаде дека го прашал кинескиот водач да и` испратат на Србија „сё“ –  „па дури и доктори, бидејќи нашите доктори се уморни.“

Оваа молба за медицинска опрема од Кина доаѓа откако во неделата Евопската Унија воведе забрана на извезување на некои делови од медицинската опрема во обид да обезбеди доволен број опрема во рамките на европското семејство.

Косово воведува вонредна состојба

Косовскиот претседател Хашим Тачи вчера го замоли парламентот да прогалси вонредна состојба со цел спречување на ширењето на коронавирусот, известув Ројтерс.

Сега, законодавното тело треба да гласа за ова барање во рок од 48 часа.

Тачи додаде дека новите мерки предвидуваат поставување војници на улиците.

справување со коронавирус

Во Косово до сега се регистрирани 19 лица со коронавирус од минатиот петок кога беше заведен првиот случај.

Земјата веќе ги затвори училиштата, границите, летовите, баровите и рестораните, единствено отворени се супермаркетите и апотеките.

Поголемиот дел од пациентите се дојдени од Италија или се поврзани со некок кој се вратил од таа земја.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -