Што значи растечкиот тренд на работа од дома за нашата иднина

Додека големите корпорации што се приморани да им допуштат на вработените да не одат на работа и прогласуваат банкрот ги привлекуваат најчитаните наслови, големата промена во нашата култура кон работа од дома е вистинската бизнис приказна од ова пандемија што заслужува медиумско внимание. Транзицијата секако предизвика позитивни и негативни последици, но прифаќањето на овој модел на работа што од ден на ден се зголемува покажува дека овој тренд речиси сигурно ќе и` даде форма на иднината на професионалното работење.

Транзицијата почна пред 2020 година

Додека ограничувањата што беа воведени со појавувањето на Ковид-19 предизвикаа нагла промена, работата од дома веќе беше на пат да стане се` попристуна. Истражувањето на FlexJobs открiва дека бројот на лица во САД кои работеле од дома пораснал за неверојатни 159 проценти помеѓу 2005 и 2017 година.

Голем дел од овој раст се должи на практиката да се работат хонорарни професионални ангажмани. Анкетата на Upwork за хонорарни професионални активности во Америка од 2019 година, открива дека бројот на Американци кои биле вклучени во ваков тип ангажмани пораснал од 53 милиони на 57 милиони меѓу 2014 и 2019 година. Помладите генерации го сочинуваат најголемиот дел од ваквите работници, односно 40% од милениумците и 54% од генерацијата Зед.

Технологија која овозможува работа на далечина секако игра голема улога, но и ставовите во однос на работното место генерално гледано. Флексибилноста во работните часови и локацијата особено, се гледаат како голема придобивка која веќе ја има поттикнато транзицијата кон работа на далечина.

Влијанието на пандемијата

Сепак, пандемијата донесе огромна трансформација што до сега ја немаме посведочено. Анкетата спроведена од страна на Global Workplace Analytics посочува дека 97 проценти од жителите на САД кои работеле во канцеларија работеле од дома повеќе од еден ден неделно, иако 67 проценти од нив претходно не работеле на далечина.

Додека медиумските известувања покажаа тенденција да се фокусираат на родителите кои наидуваат на проблеми бидејќи се приморани да го делат домашниот простор со децата кои не одеа на училиште, податоците од анкетата сликаат поинаква слика. Дури 86% од испитаниците кажале дека биле целосно продуктивни додека работеле од дома, и дека во суштина искусиле помалку прекини во работата отколку кога работеле во канцеларија.

Ова е позитивен знак, бидејќи економската несигурност, како и постојаната потреба за социјално дистанцирање, предизвикаа голем број бизниси да ја одржуваат работната сила на далечина во многу подолг временски распон од што се претпоставуваше на почетокот. Facebook го продолжи работењето на далечина за сите вработени до јули следната година, и очекува дека многу од неговите вработени ќе продолжат да работат на далечина постојано.

Повеќето бизниси ја потенцираат приспособливоста за време на овие транзиции. Кара Хамилтон, извршна директорка за вработени лица и компаниска култура во Smartsheet во едно интервју објаснува дека: „Исто така подеднакво е важно да му се дозволи на персоналот да бира, секогаш кога тоа е возможно. Пандемијата влијае на секој поединец различно, така што нудењето начини што вработените ги прифаќаат на ниво на удобност, како што е на пример обезбедувањето можност за работа од дома, обезбедува суштинска поддршка меѓу сета таа несигурност“.

Што значи работата од дома за иднината?

Забрзаната потреба за можности за работа од дома може да доведе до огромна промена за тоа каде, кога и како работат луѓето.

Неодамна, Лиран Розенфилд, основач на костариканската работна заедница YoKo Village, изјави: „Со пандемијата и економска несигурност што е поврзана со неа, која натера многу луѓе да работат од дома, гледаме масовен егзодус од големите градови. Луѓето сфаќаат дека можат да ја задржат работата или да трагаат по нови претприемачки можности, додека живеат на место што е помалку стресно и кадешто можат да бидат попродуктивни. Можат да живеат каде било и да го имаат животниот стил што го сакаат“.

Зголемената побарувачка за работа на далечина дури може да влијае и на она на што му даваме приоритет во нашите домови. Еден пример е извештај од USA Today каде се посочува дека интересот за шупи во дворовите на домовите се зголемил за 400 проценти од почетокот на пандемијата, со акцент на „премиум“ шупи што можат да се пренаменат во работен, канцелариски простор.

Сите знаци посочуваат дека иако работата од дома можеби и привремен чекор за некои вработени, многумина се надеваат дека тој начин на работа ќе стане траен дел од нивниот професионален живот. Претходноспоменатата студија на Global Workplace Analytics исто така открива дека 76 проценти од работниците во Америка сакаат да работат барем неколку дена од дома секоја недела дури и да престанат да важат мерките поврзани со спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Дополнително, анкета спроведена помеѓу извршни директори на различни бизниси на PwC посочува дека 89 проценти очекуваат „многу“ или „повеќето“ вработени да работат на далечина еден или повеќе денови неделно и по пандемијата. Ова ќе создаде нови предизвици на работното место, бидејќи бизнисите ќе ги приспособуваат нивните канцеларии кон хибриден модел на работа што ќе може да ги поддржи овие промени.

Работата од дома не значи дека вработените нема да бидат во можност да комуницираат или да соработуваат. Алатките за бизнис комуникација како Slack или Zoom им овозможија на вработените да продолжат заедно да работат на проекти, како и да се впуштаат во нормални социјални интеракции што се вообичаени за канцелариската работна средина. Иако иднината ќе биде поинаква, не мора да значи дека ќе биде изолирана по секоја цена.

Без разлика дали сте работодавец или имате амбиција да бидете претприемач, зголемениот потенцијал во работата на далечина дава важно ветување  – од тоа дека ќе имате подобра позиција да го имате животниот стил што го сакате, до отфрлање на различни трошоци поврзани со канцелариското работење и патот до и од работа, работата на далечина може да доведе до посреќна, и финансиски попросперитетна професионална иднина.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -