Што го ослободува креативното размислување

Во книгата „Страничен удар по глава“, консултантот за креативно размислување и автор, Роџер ван Еч, пишува дека сите имаме многу заеднички нешта, барем кога станува збор за тоа како повеќето од нас размислуваат, работат и преземаат дејства.

Намената на оваа констатација не е да биде комплимент, коментира Лари Робинсон, советник за иновативни процеси, писател и говорник од областа на креативноста, лидерството и претприемништвото. Негови наградувани книги се „Јазикот на човекот. Како да научиме да зборуваме креативно“ и „Намерна пауза: Претприемништвото и неговиот момент во човечкиот напредок“.

Еч пишува за креативноста и како таа се ограничува. И границите кои тој верува дека самите си ги наметнуваме – и тоа што тој го нарекува ментални брави – имаат импликации по однос на секоја организација, секој лидер и секое лице кое бара начини да расте и да се развива во средина која е длабоко несигурна.

Погрешно убедување

Она што наведува на погрешен заклучок во несигурни времиња е дека премногу често мислиме дека токму времето е тоа што предизвикува нашите планови да скршнат од предвидениот пат. Нестрпливо припишуваме одговорност на нестабилноста на моментот поради нашата неспособност да ја претвориме двосмисленоста во наша предност. Без сомнеж, средината игра улога. Но вистинскиот проблем е во нашите глави.

Ван Еч не филозофира само за идејата дека самите се блокираме и не си дозволуваме да размислуваме поотворено и креативно. Тој наведува 10 конкретни ментални брави, и јасно им става на читателите до знаење дека таквите бариери се самонаметнати. Тие не се природно вродени ограничувања. Тие сепак имаат моќ да ги излажат луѓето преку нивната форма и суштина.

Проблемот е во нашите глави

Како волк во овчо руво, во нивните најрани појави, тие дури не се ни претставени како брави или пак делуваат дека не се нешто за коа што треба да се крева џева. Но, ако таквите брави не се препознаат и не се тргнат, овие едноставни навики ѕидаат неверојатно цврст ѕид што ја блокира креативната мисла. Полошо од блокирање на нашите креативни мисли, тие стануваат наш примарен модел на размислување, и не` заклучуваат во фиксирани модуси, во моменти кога она што најмногу ни е потребно со оглед на промените е да бидеме отворени.

Како што фатот на овие ментални брави се стега, не само што ни е тешко да доаѓаме до иновативни решенија за нашите предизвици, туку често пати носиме заклучок дека ни недостасува креативен капацитет, што пак уште повеќе ја намалува нашата способност да се приспособуваме и да се развиваме.

Можеби се прашувате што е тоа што ја заклучува оваа моќ. Според Ван Еч, меѓу првите десет фигурираат и овие причини:

  • верувањето дека има еден единствен вистински одговор
  • отфрлање на се` што не ви делува познато или логично
  • ставање преголем акцент на практичноста и отфрлање на играта како несериозна
  • обидот да се одбегне двосмисленост и грешка по секоја цена

Вистински моќниот увид е следниот: секоја од горенаведените причини е избор. Кога постојано се прави, таквите избори создаваат затворски ѕидови и врати со решетки што прават да е особено тешко да се излезе надвор од нашите застарени начини на наоѓање пристапи што одговараат на предизвиците со кои се соочуваме. Решението? Истото нешто што не` заклучува внатре на прво место: избор.

Личен избор

Според Ван Еч, особено е важно да направиме избор и да не им дозволиме на овие ментални брави да се вклучат. Во книгата: „Подем: Креативност, дарот на неуспехот и потрагата по совладување“, Сара Луис оди еден важен чекор подалеку. Таа не` охрабрува активно да се тренираме себеси да гледаме подалеку од сопствените границии тоа да го направиме како еден вид навика, а не со намерата да ги срушиме бариерите, или со смислување иновација, туку со едноставната намера за воведување нови идеи, слики, начини и концепти за кои имаме мали познавања.

Малку по малку. Најважно е да се трудиме да бидеме отворени и да внесуваме мали промени. Кога отвореноста станува навика, тогаш менталните брави во нашите глави полека се отклучуваат и нашите навики ја откриваат креативната способност со која секој од нас е роден.

Понекогаш, клучот за нашите проблеми лежи во нашите сопствени способности, само кога би знаеле која брава да ја одбереме и да ја ослободиме.

Извор: Smart Brief

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -