Што го одредува начинот на кој размислуваме?

Има една позната изрека што му се припишува на Маршал МекЛуан – ги кроиме нашите алатки, и потоа нашите алатки не` кројат нас. Наводно, Черчил изјавил нешто слично, само во врска со згради.

Сметам дека изреката на МекЛуан е точна – ние ги кроиме нашите алати, а потоа тие не` кројат нас. Од најраните рачно произведени камени секири, до последните софтвери, ние ги создаваме нашите алати и потоа тие алати му даваат форма на она што стануваме, пишува Џефри Филипс, маркетинг експерт во областа на технологијата за блогот Innovate on Purpose.

Ако артефактите што ве опкружуваат – како алатите во случајот на МекЛуан и зградите во случајот на Черчил можат да ве скројат, да одредат како живеете, што правите и кои сте, тогаш што прави културата на организацијата за која работите? Како корпоративната култура вас ве крои, ви го проширува или стеснува размислувањето, ги ограничува или унапредува вашите дејствија? Ако алатите и зградите можат да не` скројат, тогаш секако дека и корпоративната култура го прави истото, барем на работа.

Што го дефинира начинот на кој размислуваме?

Така што, кога размислувате за создавање нов производ или услуга за вашите клиенти или потрошувачи, дали сте свесни за тоа што влијае или го дефинира вашиот начин на размислување? Има неколку аспекти што треба да ги земете предвид:

  • Неподвижност или закотвување – ние луѓето сме склони да го претпочитаме она со кое веќе сме запознаени или што веќе го знаеме, така што желбата да се држиме до постоечките способности или дизајни е на некој начин вкоренета во нас. Ова најдобро се отсликува во познатата изрека на Хенри Форд: ако им дадевме на луѓето што сакаат, тогаш тоа ќе беше побрз коњ. Оваа субјективност е вродена и тешко е да се побегне од неа.
  • Што мојата компанија или способности можат да поддржат – ние се водиме според она во што веруваме дека компанијата или нашите способности можат да го направат. Не можам да ви кажам колку пати сум работел со компанија за хардвер во која вработените откриваат дека мала интервенција во софтверот може да направи голема разлика во прифаќањето на услугата од потрошувачите, а хардверската компанија не може да разбере како би стигнала до софтверот што им треба – најчесто велат дека тоа не е нивна работа.
  • Ризик – колкав е степен на толеранција на ризик или прифаќање на потенцијалниот неуспех корпорацијата или културата е подготвена да поднесе. Вообичаено, толеранцијата на ризик кај повеќе корпорации е ниска, што пак го попречува креативното размислување.
  • Време – често пати сме толку многу зафатени со тоа што во моментот е итно, што постојано доцниме со работите што лесно можат да се решат ако едноставно ги планираме на време. Здравото, доброто размислување, креативното размислување, бара време, а сепак од нашите вработени создаваме автомати, ги врзуваме за брзо движечки подвижни ленти што пак не им дозволува да надокнадат или барем да имаат поглед вперен нанапред.
  • Метеж – повеќето организации се справуваат со преголем метеж – тие се премногу зафатени со работа на премногу производи или проекти што имаат премала вредност, и одново инвестираат во производи што одамна го надминале доспеаниот рок, наместо да ја забават производствената линија и да воведат нови производи или услуги. За овој аспект можеме да размислуваме како за карактеристика на пренатрупаност – новите идеи едноставно не можат да најдат пат напред бидејќи се пренатрупани со сите други работи што се случуваат.
  • Моментум – полесно е да се одржува нешто во движење, што веќе е оформено и активно, отколку да се создаде нешто ново што нема никаков моментум.

Секако дека има и други фактори, но немате толку време да ја прочитате целата листа.

Надминување на пречките во начинот на размислување

Сите сме помалку свесни дека овие фактори постојат, но дали сме свесни како овие фактори влијаат на начинот на размислување? И, уште поважно, дали сме свесни и дали сфаќаме како овие фактори го формираат начинот на кој размислуваме?

Има неколку пристапи како да станеме посвесни за тоа што го ограничува нашиот начин на размислување и како да го отворите умот за подобри мисли и идеи.

Првиот пристап е да ги следите советите на Стив Џобс и на други кои се инспирирале од темите на зен будизмот. Ова подразбира расчистување на умот и користење техника наречена „очите на почетникот“. Со други зборови, како би можел некој кој е целосно неинформиран и кој не претпрел некакво влијание да гледа на некоја можност или проблем, такво лице кое ги нема ролетните или мисловните стеги како вие? Дали можете да ги ставите на страна сите мисли што водат кон „но, што ако“ и едноставно да анализирате некоја можност или проблем од нова перспектива за да размислувате покреативно и да добивате иновативни идеи?

Едвард де Боно создаде поинаков пристап кон ова, но тој реално изискува повеќе од едно лице. Неговите „мислечки капи“ бараат од секое лице да одбере една гледна точка – финансиска перспектива, менаџерска перспектива, итн. – за да види како различни луѓе со различни субјективни судови размислуваат за одреден проблем. Искрено, ова може да биде солиден пристап но бара вешт модератор кој ќе знае како да бара одговорност од луѓето да останат во нивните улоги и да не ги внесуваат минатите бариери или искуства во процесот.

Друг пристап е она што го нарекувам делумни ограничувања. Често пати на луѓето им е тешко да се ослободат од сите мисловни ограничувања и инхибиции. Тоа што често функционира е да ги отстранувате една по една, односно да размислувате странично. На пример, вработените можат да продолжат да работат со нивните освестени (и неосвестени) ограничувања и субјективни судови, а потоа запрашајте ги што би се случило ако се отстранат сите финансиски ограничувања или сите грижи за некој одреден ризик. Според моето искуство, овој пристап е од помош, но исто така е временски изискателен и бара вработените да бидат флексибилни и креативни.

Вратете се назад кон детски начин на размислување

Општа вистина е дека сите деца се невидено креативни, и дека како што растеме образовните системи, системот за доделување награди и други фактори ја ограничуваат креативноста и слободата во начинот на размислување. Што сега ни е потребно како никогаш досега се луѓе кои се далеку покреативни, се многу поуспешни во умешноста на размислување отколку автоматите кои ги процесираат документите.

Можеби не можеме да побегнеме од сите ограничувања со кои живееме, прифатените или неприфатените бариери, но можеме да ги препознаеме и да се зафатиме со нивно справување преку техники како што се „Умот на почетникот“ или „Шест капи за размислување“ или методите со делумно ослободување. Така дефинитивно можеме да им помогнеме на луѓето да размислуваат подобро и покреативно.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -