Холандска тајна како секојдневната радост да ја направите посилна

Кога и да се случува нешто возбудливо во мојот живот, дали е роденденска прослава, одмор или онлајн видео повик со тие што ги сакам, си запишувам белешка во календарот многу денови однапред, вели Марта Тесема, ко-основач и уредник на блогот за ментално здравје Shine, чија цел е да понуди практични алатки и видливост за менталните проблеми на денешницата со кои сите се соочуваме.

Не само што внесувам податоци во календарот на телефонот, туку и на тој во мојата спална соба и во мојот нотес, а ако приликата е толку многу возбудлива, можеби сум или не сум таа пријателка која испраќа линк до вебсајт што одбројува и ве известува дека има уште „6 недели, 56 часови, 13 минути до Големиот ден“.

Ама не бев секогаш ваква.

Порано никогаш не се радував на работите што треба да се случат, стравував дека вистинскиот настан никогаш нема да ги задоволи очекувањата што сум ги растела со тек на време. Тие разочарувања беа ретки, па сепак, како што стареев почнував да ја прифаќам радоста што настанува пред да се случи таков некој настан.

Холанѓаните имаат збор за ова, кој е возбудлив да се изговори колку што е да се почувствува – voorpret („фоорпрет“).

Овој термин означува „радост или задоволство пред и во текот на исчекувањето на вистински забавен настан“ и во основа ги сумира сите емоции што се наталожуваат кај нас пред да се случи вистинското искуство.

Постојат докази дека приспособувањето на начин на размислување „фоорпрет“ може навистина да ја подобри нашата среќа.

Истражувањата покажуваат дека добиваме многу повеќе ПРЕД големиот настан, наместо по него. Професорите и психолози Лиф Ван Бовен и Лоренс Ашворт го изучувале влијанието што исчекувањето го има на нашите емоции и откриле дека врската е многу посилна од ретроспекцијата, толку многу посилна што има влијание врз нашата целокупна добросостојба.

Во нивното истражување, Ван Бовен и Ашфорт спровеле пет различни истражување за да ги измерат емоционалните реакции на различни настани, вклучително и прославите за Денот на благодарноста и замислени скијачки патувања. Учесниците откриле дека настаните во иднина, без разлика дали се реални или не, се многу повозбудливи отколку искуствата што се случиле во минатото.

„Нашето истражување посочува дека уживањето што луѓето го добиваат од исчекувањето може исто така да биде важна компонента во задоволството од животот: бидејќи задоволството од животот влијае и од гледањето наназад и од гледањето нанапред,“ напишале тие во извештајот.

Еве неколку начини како да постигнете „фоорпрет“.

Забележете го или напишете го некаде

Размислете за тоа да додавате настани во иднина во вашиот календар или совладајте ја вештината за составување листи на задолженија, колку и да е однапред. Не се чувствувајте смешно или непријатно поради тоа! Едно истражување покажува дека дури и самото мислење на вашиот омилен филм го зголемило нивото на ендорфин кај учесниците за 27%.

Дали нешто се случува овој викенд или шест месеци од сега, запишете го тоа во вашиот календар или планер за да почне да се создава чувството на „фоорпрет“. Запишаното ставете го некаде каде можете често да го гледате за да тонете во посакувано исчекување.

Со „фоорпрет“ не се брзајте

Јас сум првата што ќе признае дека гледањето повеќе телевизиски канали истовремено е мојот намерен метод на консумирање ТВ содржина. Но, неодамна одлучив полека да ги гледам сезоните од моите омилени серии.

Во време кога стриминг-от ни прави лесно и брзо да се занесеме во нашето задоволство, одвојувањето време да забавите и да ги гледате омилените епизоди од една недела далечина(или неколку дена), ми овозможува да почувствувам доза „фоорпрет“ меѓу епизодите.

Практикувајте реалистичен оптимизам

Како што кажав претходно, може да биде ризично да се чувствувате возбудено за нешто што треба да се случи во иднина. Грижите од типот на „што ако не биде толку добро колку што мислам дека ќе биде?“ , или „што ако всушност се подготвувам за разочарување?“ нека ви послужат како сигнал за песимистички начин на размислување.

Реалистичниот оптимизам може да ви помогне да се радувате на нешто што ќе дојде во иднина без да се разочарувате.

Суштина е дека треба да си дозволите себеси да бидете возбудени за настан што ќе се случи во иднината, но истовремено треба и да препознаете дека ако нештата не се одвиваат според планираното, сепак можете да се справите со тоа сознание. Ако верувате дека сте доволно отпорни да се справите со тоа што вистински ќе се случи, тогаш дозволете си да уживате во „фоорпрет“ без да се грижите.

Заслужувате да се радувате за работите што ги гледате на хоризонтот, така што дозволете си да ги користите задоволствата на „фоорпрет“.

Извор: Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -