Стив Џобс и Алберт Ајнштај го применувале концептот на „не-време“ за да ја поттикнат креативноста. За што станува збор?

Основен елемент за постигнување успех е примена на соодветна рутина на дневна основа, барем така посочуваат науката и историјата.

Иако вашата дневна рутина може да е здрава и продуктивна, исто така може да биде хаотична и да е убиствена за креативноста, истакнува статија објавена во списанието Inc.

Статијата исто така истакнува дека голем број успешни луѓе посветиле сериозен дел од нивните животи на „не-време“.

Стивен Котлер, автор на книгата „Уметноста на невозможното“ и говорник на ТЕД конференции, посочува дека „не-времето“ е поврзано со уживање во тивок момент во кој лицето се изолира себеси од буката и барањата на надворешниот свет.

Не е ни чудно што интернет просторот е преполн со статии поврзани со утринските рутини на важни и познати личности, кои нудат предлози за тоа како да додадете позитивни активности во вашиот секојдневен живот.

Со цел да имате корисен и задоволен живот, препорачливо е предвид да ги земете техниките за искажување благодарност, да одите на прошетки во природа и да се поврзете со себеси. Овие практики се поддржани со научни истражувања што потврдуваат дека сите овие активности се корисни за луѓето. Слично на ова, науката посочува дека „не-време“ е многу потребно да се вметне во овие рутини, бидејќи ако го поминувате поголемиот дел од времето со сите постоечки навики, најверојатно нема да имате време за себе.

Немате доволно време во распоредот за да си дозволите „не-време“

„Не-време“ е исто така познато како „тивко време, поминато сам со себе, изолиран од надворешната бука и барањата на светот,“ објаснува Котлер.

„Не-времето е терминот што се однесува на големиот период празнина од 4 часот наутро (кога почнувам со мојата утринска сесија пишување) и 7:30 часот (кога остатокот од светот се буди). Ова „не-време“ е целосна темнина која не припаѓа никому освен на мене,“ пишува Котлер. „Итните грижи на денот се` уште не се пристигнати, така што има време за врвниот луксуз: трпение. Ако ми се потребни два часа да напишам една реченица, кому му е гајле за тоа?“

Според Котлер, невролошката наука покажува дека временските блокови во кои сте де-конектирани од надворешниот свет имаат големо влијание врз креативноста.

„Притисокот го приморува мозокот да се фокусира на деталите, ја активира левата хемисфера и ја блокира целосната слика. Уште полошо, кога сме под притисок, често пати сме под стрес. Кога сме несреќни со брзањето, нашето расположение се влошува и нашиот фокус е уште повеќе ограничен. Така што, ограниченото време е како криптонит за креативноста,“ објаснува тој.

Со други зборови „не-времето“ ни помага да се опуштиме доволно за да можеме да ја согледаме големата слика и да им дозволиме на иновативните идеи да пристигнат во нашата свест. Хаосот што го носи секојдневниот живот, дури и вашиот добронамерен утрински час по јога, може да ги избрка срамежливите и невообичаени идеи во мислите што се појавуваат.

Стив Џобс и Алберт Ајнштајн имале време за „не-време“

И покрај фактот што Котлер себеси се смета за експерт во невролошките науки за креативноста, голем број успешни луѓе исто така ја разбрале истата вистина. Алберт Ајнштајн признал дека многупати највредните идеи му дошле на ум кога не правел ништо особено и уживал во сопственото „не-време“. Стив Џобс исто така бил познат безделничар.

„Времето што Стив Џобс го помина во одложување на обврските и размислување за можностите беше добро поминато време бидејќи си дозволуваше себеси да добие повеќе дивергентни идеи,“ изјавил за Business Insider професорот на факултетот Вортон, Адам Грант, во врска со долгите периоди на беспредметна пасивност на Стив Џобс.

Вредно е да се спомене дека двајцата генијалци, Ајнштајн и Џобс, успеале на неверојатен начин да ги претворат нивните идеи во реалност.

Не само што „не-времето“ е доволно да бидеме во можност да го промениме светот, туку тоа е и клучна состојка и дел од целината. Кога ја планирате совршената утринска рутина, лесно е да не му посветите должно внимание на „не-времето“, но дефинитивно секогаш треба да го вклучувате во вашиот секјдневен живот. Ќе забележите промена во начинот на кој размислувате и создавате, и ќе добиете посовршена верзија од себе.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -