Стартап компаниите би требало да посветуваат поголемо внимание на разновидностa

Денес многу се зборува за разновидност на работното место. Калифорнија усвои закон според кој компаниите чие седиште се наоѓа таму мора во нивните одбори да имаат членови на недоволно застапени заедници. Nike неодамна најави дека си поставува цели за воведување разновидност во компанијата и ги поврза хонорарите на извршните директори со тие цели, вели Неал Тапариа, ко-основач на СОТА Партнери, фирма која инвестира во компании што сакаат да ја променат иднината на храната и работата, посветена на експерименти и развивање нови бизнис идеи.

Податоците зборуваат за себе. Бизнисите што имаат разновидна работна сила и менаџмент се поефикасни од нивните врсници според речиси сите меродавни деловни мерења.

Сепак, за стартап компании, кои се фокусираат на создавање производ што совршено одговара на нивниот таргетиран пазар и генерирање приходи, разновидната работна сила не е приоритет. Според Банката Силикон Вали, само 26% од стартап компаниите прават намерни напори да ја подобрат разновидноста меѓу нивните лидерски тимови.

Ова, сепак е можност за стартап компаниите да го подобрат деловното работење. Во продолжение на оваа статија се три различни гледни точки за разновидноста во стартап компаниите од три експерти, што објаснуваат како и зошто овој вид компании треба да ја ценат разновидноста.

Кревање на недоволно претставените гласови

Типичните претприемачи се склони да привлекуваат луѓе кои размислуваат слично со нив, во нивната потрага да добијат инвестиција која ќе ги направи самоодржливи. Тие ангажираат луѓе за кои знаат дека имаат заеднички работи. Сепак, оваа субјективност може да доведе до хомоген тим и култура. Кога тоа се случува, организациите можат да се најдат во ситуација во која им недостасува перспектива што се разликува од таа на нивниот основач.

Според Максим Савелјев, специјалист за развој на производи и ефикасност на работното место, кој во моментов работи за Donnelley Financial Solutions, таквата ситуација создава опасен вид на стесната визија. „Во индустријата на финансиски услуги и на други места, собирањето податоци од луѓето со различни животини искуства и позадини води до поумно носење одлуки. За стартап компании, ова може да значи стекнување внатрешни показатели за развојот на нов пазар што други не успеале да ги согледаат. Слушањето на гласовите на недоволно застапените лица ги истакнуваат грижите и проблемите што другите се склони да ги игнорираат, и тоа создава нова можност,“ посочува Савелјев.

Кога стартап компаниите ги ценат мислењата што се поклопуваат со погледот за светот на нивниот основач, тогаш стануваат слепи за нови можности. Таквата ситуација може да доведе до тоа да не се увидат одредени ризици што може да се закана по однос на опстанокот на бизнисот подоцна. Со разновиден тим, носите нови гласови и увиди во вашиот бизнис што ви овозможува да испливувате од многуте предизвици со кои неизбежно ќе се соочите.

Разбирање меѓународните пазари

Разновидноста не се сведува само на раса и пол. Таа исто така опфаќа и животно искуство и културни согледби. За стартап компании, создавањето географска и културна разновидност може да биде конкурентска предност. Ова е искуството на Николас Риџио, успешен претприемач во индустријата за технологија на храна, кој има создадено компании од нула во Италија, Аргентина, Бразил и САД.

Николас инсистира на тоа дека културната разновидност отвора врати кон меѓународните пазари и им помага на стартап компаниите да се натпреваруваат. „Едно нешто е да имате добра идеја за некој производ, но сосема друга работа е како идејата ќе се реализира на места со кои не сте запознаени. Кога го основав Blissimo, увидите за пазарот што ги добив од разновидниот тим и` помогнаа на компанијата да стигне до 10 милиони долари годишен приход до третата година. И преку проширувањето на вистинските места и на вистинските начини, тие исти увиди ја доведоа компанијата да порасне три пати во големина до петата година од воспоставувањето на операциите“.

Тие што прават приоритет од културната разновидност на работното место се склони потемелно да размислуваат за стратегии за потенцијални нови пазари. Уште повеќе, разновиден тим со уникатни искуства ја намалува шансата за правење грешки.

Увоз на иновации

Целосните затворања на бизнисите поради пандемијата минатата година посочија до кој степен луѓето можат да бидат креативни додека ги канализираат нивните енергии во нови креативни потфати за да ги одржат бизнисите додека се дома. Според Анастасиа Черникова, главен уредник на The Vivid Minds, ова претставува можност.

Изучувајќи ја мини-револуцијата наречена „направи сам“, што се појави како последица на пандемијата, таа забележува дека најверојатно ја гледаме следната генерација претприемачи како се раѓа пред нашите очи. Таа вели: „Приказната за пандемијата може да заврши со создавање совршени услови за креативните луѓе да делуваат на основа на идеите што можеби би ги игнорирале во различни околности. Но таа исто така истакнува колку многу паметни луѓе со одлични, профитабилни идеи завршуваат на работа во канцеларија, додека нивниот талент се троши. Стартап компаниите можат да ги користат тие недопрени ресурси од сите области во животот за да го поттикнат нивниот раст со отворањето кон разновидни луѓе со нови идеи, без разлика на нивниот регион на потекло“.

Може да добиете членови на вашиот тим кои се талентирани и способни да произведуваат одлични идеи. Ако им додадете нови членови со различна позадина, тоа може да го извлече најдоброто од секој од нив на површина и да води до иновирање и креативно размислување.

Повеќе од тренд

Разновидноста им овозможува на стартап компаниите да имаат добри идеи, свежи перспективи и вистинско искуство што инаку би им недостасувале. Тие исто така можат да привлечат инвеститори и клиенти кои ценат кога бизнисите се раководени од разновидни тимови. Нема потреба да се каже дека разновидноста не е само тренд, туку вистински капитал во рамките на организациите. Направете ја да биде дел од генетската структура на вашата компанија од самиот почеток и ќе имате одлични шанси за успех.

Извор: Forbes

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -