Отворен повик за презентација на бизнис идеи и стартапи пред ЦЕЕД Клуб на бизнис ангели

Доколку карантинскиот период го искористивте креативно за развој на вашата бизнис идеја или стартап, и сте подготвени да побарате финансиски средства за развој на вашиот бизнис, ЦЕЕД Клуб на бизнис ангели Ве повикува на онлајн пичинг сесија на 29.06.2020 год.

Сите заинтересирани лица, од која било индустрија, а кои имаат основано компанија или разработена бизнис идеја за кои им се потребни финансиски средства, може да се пријават за пичинг сесијата може да се пријават на следниот линк, или на емаил: ceed@ceed-macedonia.org, најдоцна до 25.06.2020 год.

Регистрацијата е бесплатна.

Од пристигнатите апликации ќе биде направена селекција. Селектираните кандидати ќе имаат можност да ги презентираат своите бизниси и бизнис идеи онлајн, пред бизнис ангелите на 29.06.2020 год. Доколку се оцени дека се пристигнати повеќе добри идеи, учесниците во пичинг сесијата ќе бидат повикани да презентираат во друг термин, кој ќе биде дополнително утврден.

За повеќе информации во врска со пријавувањето обратете се на bramljak@ceed-macedonia.org или на телефонскиот број: 076 496 616.

*CEED Macedonia Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран во ноември 2013 година и е меѓу првите од ваков вид во Северна Македонија. Од јануари 2016 година, клубот е официјално членка на Еврoпската мрежа на бизнис ангели – EBAN (European Business Angel Network). Досега во различни бизнис идеи се инвестирани 250.000 евра.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -