Нови паметни начини на корпоративно иновирање со ограничен буџет

Корпорациите чувствуваат дополнителен притисок кога станува збор за брзо иновирање со многу ограничен буџет. Можност или ресурс што е достапен денес може да не постои за 30 дена. Несигурноста на глобалниот пазар се зголеми помеѓу два и шест пати во последните месеци, велат претставниците на организацијата која се бави со идни нестабилни индикатори на светските пазари – CBOE. Компаниите исто така се соочени со тешка борба во поглед на извојување победа над конкурентите кои ги „ловат“ истите најуспешни претприемачи. Бројот на компании што соработуваат со стартап фирми се зголеми за 4 пати од 2013 година, посочуваат Хосемариа Сиота и Марија Џулија Пратс за новиот медиум што ги покрива иноваторите и претприемачите во Европа – sifted.eu.

Што можеме да научиме од компании како Volvo, Samsung и BNP Paribas за да напорите во корпоративното иновирање бидат помалку ризични, побрзи и поисплатливи? Врз основа на речиси 100 интервјуа со одговорните лица за иновации во корпорациите, и вработени со поврзани работни задолженија, лоцирани во Азија, Америка и Европа, скорашната студија на медиумскиот портал открива 3 практични совети како да се справите со ова прашање.

Здружете се со други корпорации

Еден начин е да создадете „одред“ за корпоративни инвестиции, мала група корпорации што со здружени сили соработуваат со една или повеќе стартап компании. Volvo го направи ова со Научниот парк Линдхолмен во Шведска.

Бидејќи се во истиот ланец на вредности, Volvo се здружи со автомобилските компании CEVT и Veoneer, и телекомуникациската компанија Ericsson. Овој одред, кој е наречен „mobilityXlab“, им нуди на претприемачите акцелераторска поддршка преку менторство, пристап до професионални мрежи, увиди во индустријата и работните места.

Од една страна, ваквиот потфат ја подобрува вредносната пропозиција на корпорацијата што ја нуди на претприемачите и оттука генерираат вредност (на пример, обезбедување комплементарна експертиза во целиот вредносен ланец). Од друга страна пак, ризикот и трошокот за докажувањето на концептот се делат помеѓу членовите на одредот, додека истовремено се засилува пристапот на корпорациите до стартап фирми со тоа што се нивелираат способностите за регрутација на вакви иновативни новоосновани компании кај секоја корпорација.

Барајте фасилитатори за стартап компании надвор од консултантските фирми

Кога компаниите бараат фасилитатор кој треба да ја модерира соработката со стартап компанија, вообичаено прво нешто што помислуваат е да се обратат во фирма што нуди професионални услуги.

Сепак, реалноста е далеку побогата. Други видови институции имаат развиено одредени аспекти на корпоративното инвестирање, што најчесто се евалуираат од компаниите кога бараат медијатор: способности да работат со претприемачи (во 38% од случаите), постоечки екосистем на чинители (15%), знаење од индустријата или бараната технологија (12%), итн.

Фасилитаторите можат да бидат организации во различни форми како што се приватни акцелератори или инкубатори, истражувачки центри, универзитети, фирми што работат со вложување на ризичен капитал, амбасади, стопански комори… Проценката на сите опции може да открие помалку интуитивни начини да се надополнат корпоративните напори и да се овозможи брз пристап до овие ресурси и активности.

Еден пример е јужнокорејската фирма Samsung Electronics, која инвестира 200 милиони долари годишно во околу 60 стартап фирми. Меѓу другите механизми, компанијата искористи таканаречена стратегија „фонд над фондови“ (кога една компанија создава портфолио на други инвестициски фондови наместо директно да инвестира во акции, обврзници и други хартии од вредност) кога го пребаруваше израелскиот пазар со тоа што учествуваше во приватни фондови за ризичен капитал. Овој чекор не само што ја забрза нивната поврзаност со регионалните можности, туку ја засили и нејзината способност за проверка на бонитетот на компанијата, додека предвид се земаат и локалните стартап компании и фирми што нудат фасилитаторски услуги.

Посегнете по нов, скриен приходен канал

Јасната граница помеѓу одговорностите на членовите на менаџментот во полето на корпоративните инвестиции се замаглува. Корпорациите почнуваат да нудат иновативни услуги на други фирми, бидејќи самите тие имаат развиено одредени ресурси за инвестиции и активности, кои во некои случаи, можат да бидат посилни од услугите на другите организации со фасилитаторски услуги, како што се пристап до иновацискиот екосистем, пристап до дистрибутивен канал и друго. Комерцијализацијата на овие услуги е создавање нов приходен канал за тимовите што работат на корпоративни инвестиции, во согласност со моделот бизнис-на-бизнис: процеси за лиценцирање, споделување на акцелерираните тимови, обезбедување сегментиран договор, комплементарни експертиза во секое поле, се само некои од нив.

Размислете за еволуцијата што ја доживеа Co.Station – заедничкиот работен простор на финансиската компанија BNP Paribas. Пред шест години во Брисел отвори Co.Station како заеднички работен простор за стартап компании. Подоцна овој деловен потфат стана иновациски хаб каде решенијата на стартап фирмите и потребите на корпорациите се сретнуваат. Сега, станува збор за мултикомпаниска иницијатива што се имитира во повеќе градови и вертикали, кои вклучуваат не само финансиски услуги туку и индустрии како што се комуникациите, здравството и енергијата – што пак создава нови можности за генерирање приходи кон банката.

Накратко, корпорациите имаат шанса да иновираат побрзо и со помал ризик и трошок доколку се здружат со други, и доколку во текот на целиот процес, внимаваат на широкиот спектар организации што нудат фасилитаторски услуги, вклучувајќи и други корпорации.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -