Инвеститорите не би требало да го занемарат Балканот

И покрај краткотрајната несигурност предизвикана од пандемијата во првата половина на 2020 година, балканскиот регион може да биде еден од релативните победници во светот во времето што доаѓа по Ковид-19, пишува Тим Умбергер, партнер и заменик шеф за Источна Европа во Ист Капитал.

Инвеститорите кои земаат удел од компанијата во процесот на вложување треба да го прифатат фактот дека регионот е на правиот пат за да ги добие едни од најголемите стимулативни пакети глобално, преку инструментите на Фондот за обнова на ЕУ и европскиот буџет, додека исто така има големи шанси да извлече корист од клучните пост Ковид економски и бизнис трендови. Во исто време, регионалните пазари нудат некои од најатрактивните проценки во светот.

Европските фондови наменети за овозможување силна економска поддршка во Југоисточна Европа

Соочени со најголемиот економски пад по Втората Светска Војна, европските влади се сложија да спроведат невообичаен сет мерки, вклучувајќи и основање на Фонд за обнова на ЕУ, со големина од 750 билиони евра, чија цел е олеснување на економското закрепнување низ целата Европска Унија. Фондот ќе вклучува 390 билиони евра наменети за грантови (а останатиот дел ќе се доделува со ниски каматни стапки и долгорочни заеми) за големи инфраструктурни проекти и „зелена енергија“. Овие грантови ќе се спроведат со реорганизација на долгот – ова ќе биде првпат во историјата Европската Унија да позајми пари како супранационален ентитет и потоа да ги користи овие средства за заеднички европски цели. Како резултат на ова, Југоисточна европа (Грција и Западен Балкан) ќе бидат клучните корисници на Фондот за обнова на ЕУ и на буџетот на Унијата за периодот 2021-2027 год, поради големината на распределбата на фондовите, моментумот и силните мултиплицирачки ефекти на економијата.

Во поглед на големината, комбинираниот ЕУ Фонд за обнова и фондовите за периодот 2021-2027 год се огромни. Бугарија и Хрватска ќе добијат финансии еквивалентни на 35% од нивниот Бруто домашен производ за 2019 год, додека Грција, Романија и Словенија ќе добијат поддршка во висина до 27%, 26% и 17% од БДП на овие земји минатата година. Ова значи дополнителни 2,5% на 5% годишен БДП, сума која ќе биде особено важна за среднорочните економски исходи.

Бидејќи финансиите ќе се доделуваат за големи инфраструктурни проекти и ќе се фокусираат на зелена трансформација и подобрување на структурната ефикасност, се очекуваат значителни мултиплицирачки ефекти во поглед на економскиот раст за Југоисточна Европа. Во Грција на пример, среднорочниот потенцијал за раст на БДП може да се зголеми за 2-2,5 ППС (можни платежни системи) во споредба со претходните проценки. Се верува дека поголемиот број земји од регионот ќе можат да растат со темпо од 5%, во средина која би требало да ги поддржува локалните бизниси и нивната заработка.

Моментумот е уште еден многу позитивен фактор, бидејќи скоро 70% од Фондот за обнова треба да биде распределен до 2023 год, и целосно потрошен до 2026 год, со цел олеснување на економското опоравување во рана фаза.

Балканските земји ќе можат да извлечат корист од пост Ковид трендовите

Во сегашната средина, политичките и корпоративните амбиции се потпираат врз ставањето акцент на локалното производство, оттука отфрлајќи ги долготрајните трендови да се префрли производството преку море. Разумно е да се очекува голем дел од европските компании да се обидат да ги вратат ланците на производство во рамките на ЕУ и соседните земји. Балканот и Турција може да бидат претпочитани региони, со оглед на високото ниво на образование и професионални вештини, комбинирани со се` уште одржливата ниска просечна плата споредено со Западна Европа. Просечната месечна плата во Романија во првиот квартал годинава достигна 1082 евра, во споредба со Германија каде просечната месечна плата е 4035 евра.

Емигрантите кои се враќаат дома е уште еден тренд што структурално би требало да биде позитивен за растот на регионот, бидејќи се намалува недостатокот на работна сила. Според официјалните статистики, на пример 5,6 милиони Романци живееле надвор од родната земја во 2019 год, и 0,8 милиони Грци. Враќањето на барем дел од дијаспората дома ќе предизвика значителен поттик за потенцијалното ниво на раст на БДП.

Многу земји од Југоисточна Европа во голема мера зависат од туристичкиот сектор, и додека почетниот шок беше негативен, туризмот на големи далечини се очекува најмногу да биде погоден од патните рестрикции и здравствените прописи, додека патувањата на кратки дистанци се популарни. Големата шанса Европејците да патуваат во Грција, Хрватска, Турција и Бугарија наместо да одат на одмор во далечни земји ќе му користи на Балканот во однос на редистрибуција на туристичките текови.

Флексибилни фискални и монетарни мерки, комбинирани со ниска цена на енергијата

Како одговор на негативното економско влијание на пандемијата на Ковид-19, сите земји во регионот спроведоа монетарни и фискални мерки за да го поддржат брзото опоравување на економијата.

Земјите од Еврозоната како што се Грција и Словенија имаат јасна корист од прилагодливата монетарна политика на Европската централна банка, додека земјите што не се дел од оваа група исто така продолжуваат со намалување на клучните стапки и локалните програми за квантитативно олеснување. Од почетокот на годината, Турција ја намалила стапката за 3,75 ппс, Романија за 1ппс, како и Србија. Всушност, на располагање се голем број програми за ликвидност за компаниите, што е голема разлика од глобалната финансиска криза кога корпорациите се бореа да се одржат ликвидни. Како плод на дијалогот со јавните и приватните банки, експертите веруваат дека банкарскиот сектор е во добра форма и подготвен да позајмува, и тие се убедени дека ќе се избегне циклусот на намалување на финансиското нивелирање за да се отплати долгот. Пониските стапки очигледно овозможуваат поддршка и при проценка на уделот.

Од фискална гледна точка, сите земји во регионот најавија сет мерки во обид да се измазни падот на БДП во 2020 год, и побрзо отворање на економијата во 2021 год. Грција успеа да распредели 13,3% од БДП, додека Хрватска, Србија и Австрија распределија 11,6%, 11,1% и 9%.

И последно, бидејќи земјите во регионот се увезувачи на струја, сите се очекуваат да добијат значителна помош за нивните економии и да воведат ниски цени за енергија.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -