Никогаш не е предоцна (или прерано) да станете претприемач

Размислете како изгледа стереотипниот претприемач. Дали можете јасно да го видите? Тој има дваесет и нешто години, се разбира во технологија, пие Red Bull и носи блузони со капуљача. И да, дефинитивно станува збор за маж.

Кога не се вклопувате во тој модел од Силиконската Долина, тогаш најверојатно тешко дека ќе се замислите себеси како претприемач, дури и да имате огромен потенцијал, пишува Ким Перел, основач и извршен директор на Perell Ventures за Entrepreneur.

Но еве едно изненадување: истражувањата покажуваат дека стереотипниот претприемач што предмалку го опишав НЕ Е просечниот претприемач. Дури не е ни најсупешниот, потенцира таа.

Според наодите на Истражувањето на националното биро за економија, просечниот претприемач има 40 години, додека пак просечната возраст на лидерите во стартап компании со висок потенцијал за раст е 45 години.

Така е – не само што можете да започнете бизнис без разлика на возраста, туку таа може и да го претскаже претприемачкиот успех.

Сега е најлесно да се основа бизнис и да се стане претприемач поединец, па затоа, време е да се пренасочи дебатата за тоа кој може да биде претприемач и што тоа навистина значи.

Подемот на претприемништвото во 2021 год

Се наоѓаме на работ на огромен бран луѓе кои го прават големиот чекор во промена на кариерата и стануваат газди. Според  Wall Street Journal, Американците почнуваат нови бизниси со таква брза стапка што не е видена во последните 10 години и одлучуваат да станат претприемачи поединци во се` поголем број. Statista проценува дека до 2027 година, 86,5 милиони луѓе ќе бидат професионални хонорарци во САД, што претставува неверојатни 50,9% од вкупната работна сила во Америка.

Тие луѓе не дозволиле глобалната пандемијата да им застана на патот. Податоците од Бирото за попис покажуваат дека апликациите за нови бизниси се вивнале до небо во првите три квартали од минатата година, и надминуваат 3,2 милиони во споредба со 2,7 милиони во 2019 год.

Ако ги земеме предвид милионите луѓе кои работат за себе и десетиците милиони други кои целат да го направат тоа во следните пет години, очигледно е дека светот проаѓа низ една трајна промена во начинот на кој работиме, како и во поглед на бизнисите кои ги започнуваме.

Веќе не живееме во свет во кој деловните можности се дефинирани од местото на живеење. Формулата за успех се има променето. Светот е се` повеќе дигитален и нема враќање назад.

Претприемништвото станува подобро со годините

Не само што е полесно од кога било претходно да се започне сопствен бизнис само со компјутер и пристап до безжичен интернет, туку се` повеќе луѓе бараат флексибилност, слобода и контрола врз сопственото време. Сите сакаме работа што ја поттикнува нашата страст и му дава значење на нашиот живот.

И не е важно кој сте, од каде доаѓате, или колку години имате – претприемништвото е за сите кои сакаат да се приклучат на движењето и имаат храброст да се обидат.

По се` изгледа, станува збор за голем број луѓе. Фондацијата Кофман известува дека половина од сите возрасни и над 70% од студентите на факултет кажуваат дека сакаат да станат претприемачи.

Станува збор за голем број млади луѓе, но истражувањата и безбројните примери покажале, дека тоа не е поле каде играат само млади. Многу луѓе почнуваат бизнис во подоцнежни години, и многу од нив постигнуваат неверојатен успех. Еве неколку примери.

Чип Вилсон

Можеби не го препознавате името, но најверојатно сте запознаени со Lululemon. Тој ја основа мултимилијардерската фирма за спортска облека кога имаше 42 години.

Сем Валтон

Компанијата што Сем Валтон ја основа на 44-годишна возраст на крај прерасна во најголемиот приватен работодавач во светот, а него го направи еден од најбогатите луѓе во Америка. Станува збор за Walmart.

Мојот татко

На младата возраст од 72 години, мојот татко во моментов започнува нов бизнис со градење јаглеродно неутрални куќи. Тој е доживотен претприемач кој започнал секаков вид бизниси, но по сите овие години, тој се` уште има енергија за започнување нешто ново.

Секако, никогаш не е прерано да се стане претприемач. Мојата деветгодишна внука во моментов има бизнис и продава колачиња за кучиња во нејзиното соседство, и тоа не е ни првиот бизнис со кој се занимавала. Таа вели дека нејзиниот сегашен деловен потфат комбинира 2 од нејзините омилени нешта – разговор со луѓе и помош за животните.

Што навистина значи претприемништвото

Сликата во умот на многумина за претприемач е некој како Стив Џобс, кој ја основа можеби најпознатата компанија во светот со неговиот пријател Стив Возниак во гаражата на неговите родители на дваесет и нешто години. Тие двајца очигледно создадоа нешто неверојатно успешно од ништо, но тоа е само една приказна што претставува само 1% од претприемачите.

Според мене, инсистира Перел, претприемачите се дефинираат преку нивните дејствија, не преку нивната намера или дали се наоѓаат на листата компании што тргуваат на берза. Претприемачи се основачи на стартап бизниси и сопственици на бизниси, хонорарци, договорни работници, „тезгари“, луѓе што имаат бизнис на страна од нивната редовна работа, и сите кои преземаат ризици со цел остварување на соништата.

И вие можете (и би требало!) да се нарекувате себеси претприемач ако можете да одговорите потврдно на еднен од овие три основни критериуми:

  1. Водам бизнис. Може да станува збор за секаква големина на бизнис и во секоја фаза на развој, се` додека ја имате поминато фазата на идеација.
  2. Преземам ризик. Може да ризикувате пари, ресурси, репутација, време или сите нешта одеднаш. Но станува збор за ризик во кој верувате.
  3. Правам или сум на пат да направам пари. Парите не треба да бидат основната причина зошто го правите тоа што го правите, но ако немате намера да направите профит, тогаш имате хоби а не бизнис.

Ако заработувате од вашата електронска продавница, тогаш сте претприемач. Можеби сте претприемач со половина работно време кој исто така има редовна работа, но сепак сте претприемач!

Ако создавате апликација што се` уште не почнала да заработува, но имате намера да излезете на пазарот и да ја продавате на клиенти за профит, тогаш сте претприемач.

И ако имате 20 и нешто години и се разбирате во технологија, и тукушто сте започнале бизнис во гаража… тогаш и вие сте претприемач!

Време е одново да ги дефинираме нашите претприемачки стереотипи. Иновирањето и инспирацијата може да се појават на секоја возраст, без разлика дали имате 9 или 72 години. Она што е најважно е желбата да започнете нешто самите и вербата дека тоа е возможно. Никогаш не е предоцна (или прерано) да почнете.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со национален...

Десет македонски компании, кои заеднички изложуваат свои производи на националниот павиљон, оваа година учествуваат на дигиталното издание на Хановер Месе, пренесува бизнис...
- Advertisment -