Над 15% пад на индустриското производство во месец јуни

Индустриското производство во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 15,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање од 12,5%, секторот на преработувачка индустрија бележи опаѓање од 14,6%, а во секторот  снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пад од 22%.

Значителен број оддели во преработувачката индустрија соочени со пад

Намалувањето во секторот на преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: производство на тутунски производи, производство на текстил, производство на облека, производство на неметални минерални производи, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање кај енергетскиот сектор за 24%, интермедијарни производи, освен енергија за 10,7%, капитални производи за 22,5%, трајни производи за широка потрошувачка за 41,5% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,2%.

Индустриското производство во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на истиот период лани, е намалено за 14,6%.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -