Македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со национален павиљон на саем во Хановер

Десет македонски компании, кои заеднички изложуваат свои производи на националниот павиљон, оваа година учествуваат на дигиталното издание на Хановер Месе, пренесува бизнис инфо.

Под мотото „Целиот технолошки свет доаѓа во Хановер” – светски водечкиот саем за технологија – се оддржува во дигитална форма од 12 до 16 април, поради ситуацијата предизвикана од Ковид-19.

За време на саемските денови, компаниите имаат можност да закажуваат онлајн состаноци со други фирми, да учествуваат на Б2Б средби, да остваруваат контакти, да споделуваат дигитални презентации со пренос во живо на социјалните мрежи и да учестваат на форуми на разни теми од областа на технологијата.

Сите можности за соработка и вмрежување овозможени на дигиталното издание

Дигиталното издание на саемот е овозможува секоја компанија – изложувач да има свој профил на кој ќе споделуваат информации за работата на фирмата, фотографии од нејзините производи и услуги што ги нуди, како и видео презентации.

Агенцијата, преку програмата за поддршка на извозот, ги поддржува компаниите во нивните активности насочени кон зголемување на извозот и освојување нови пазари, а Хановер Месе (Hannover Messe) е еден од саемите каде Invest in North Macedonia е присутна.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -