Македонија се соочува со немотивирани инженери, програмери, општи доктори

Работодавачите се соочуваат со одредени потешкотии при обезбедување соодветен кадар за пополнување на слободни работни места за следните занимања: програмер, машински инженер, градежен инженер, доктор по општа медицина, информатичар, инженер технолог, машински техничар, медицинска сестра…

Ова се резултатите од спроведената Анкета за потреба од вештини на пазарот на трудот во Македонија, во октомври минатата година.

Недоволно мотивирани и заинтересирани кандидати

Како најчести причини поради кои работодавачите се соочиле со потешкотии при обезбедување на кадар од овие занимања, се наведени: недостаток на интерес и мотивација на кандидатите за извршување работни задачи во конкрентното занимање, недостаток на кандидати кои поседуваат практични знаења и вештини потребни за извршување на работните задача, недостаток на кандидати за вработување со соодветно работно искуство, недостаток на кандидати кои би прифатиле работа за понудената плата, недостаток на кандидати со соодветно образование.

На прашањето дали работодавачите вложуваат во обука на своите вработени со цел зголемување и усовршување на нивните знаења, речиси 87% од анкетираните одговориле потврдно. Како даватели на обуки, работодавачите ги навеле и внатрешните и надворешните обучувачи – специјализирани центри за обука, консултантски фирми и слично.

При вработување на работници за одредени занимања, работодавачите ја нагласуваат потребата од кадар со работно искуство.

Во однос на потребата од дополнителни знаења и вештини што треба да ги поседуваат кандидатите за вработување, особено при вработување на кадар со високо образование, работодавачите ја нагласиле потребата од познавање на странски јазици, одлично познавање на работа со компјутери и поседување на соодветен сертификат за стекнатите знаења.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Што претприемништвото може да направи за вас

Започнувањето бизнис и влегувањето во светот на деловните зделки може да биде комплициран и застрашувачки процес, но тоа не е причина да...
- Advertisment -