Како да развиете личен бренд онлајн

Личен бренд е начин да го истакнете најдобро од вас пред светот. Тоа е вид на маркетинг и себе-промоција која буквално доживува расцут со развојот на интернет културата и може да го промени начинот на кој вашите потенцијални клиенти ве пронаоѓаат онлајн, пишува блогот namecheap.com, сајт што нуди поддршка за новоосновани компании.

Најверојатно и порано сте го чуле изразот „личен бренд“. Можеби првата асоцијација која ви паѓа на памет поврзана со овој термин е инфлуенсер – некој кој се користи себеси како бренд на социјалните медиуми за да ги натера неговите следбеници да прифатат одреден производ или услуга на пазарот.

Но во суштина, сите имаме личен бренд бидејќи сите сме онлајн. Едноставно пребарување на Гугл на вашето име може да извади релативно голем број социјални профили што ги користите, вие во основа сте онлајн производ што чека да биде откриен од потенцијални работодавачи, муштерии или бизнис соработници. Преземањето контрола врз овие елементи, и нивното „пакување“ во една симбиоза која ве „продава“, е во суштина градење ваш личен бренд онлајн. Но не се обидувајте да бидете се`, секому. Почнете со изнаоѓање и таргетирање одредена демографска категорија, а потоа претставете и` ги вашите услуги. Почнете со одбирање на соодветниот тон на гласот кога зборувате со нив, но имајте на ум дека тој тон треба да се пренесе низ сите функции на вашиот сајт, вклучително и како тој изгледа визуелно.

Главната причина зошто треба да го контролирате вашиот личен бренд? Луѓето купуваат од луѓе, и користењето на вашата вистинска личност за да ја промовирате вашата експертиза е новиот начин како да го развиете бизнисот.

Стратегијата на вашиот бренд треба да е фокусирана

Необично е да размислуваме за нас самите како да сме „производ“, и за некои таквото сознание не е лесно за поднесување. Во прилог се неколку работи за кои треба да размислувате.

Бидете фокусирани – ако се рекламирате себеси како професионалец, тогаш немојте да имитирате други, туку најдете начин на комуникација кој ќе биде соодветен со вашите таргетирани клиенти. Колку сте поконкретни во дефиницијата на тоа кој сте и што нудите, толку се поголеми шансите некој да ве пронајде на интернет. Со тоа што јасно знаете кои сте, вие сте подобро поставени за тоа како таа информација да ја пренесете на други. Секако, одлуките можат да се променат и да се приспособат подоцна.

Бидете различен од вашите конкуренти

Направете мало истражување за тоа како поединци и бизниси со слични интереси се пласираат себеси на пазарот. Ставете се себеси во чевлите на вашиот потенцијален клиент, и забележете што прават правилно, но и што не ви се допаѓа вам во нивниот пристап. Ова ќе ви овозможи да имате инспирација за тоа каде да се осврнете во вашиот пристап кон таргетираните муштерии.

Можеби вашите конкуренти не прават ништо погрешно во однос на изведбата, но можеби за вас тие се премногу сериозни, или не се доволни лични, па оттука, во најмала рака ќе ви биде појасно како вие да го конципирате вашиот пристап.

Брендот се развива со интернет страница

Елемент што можете целосно да го контролирате е клучно за вашиот личен бренд. Креирањето сопствен веб сајт ви дозволува да имате контрола врз вашето патување од почетокот до крајот.

Почнете со домејн

Можете да проверите кои домејни се достапни пред да направите избор дали интернет страницата ќе го носи вашето име или името на вашиот бренд. Името на вашиот веб сајт ќе им олесни на другите да сфатат дека вие се брендирате себеси како професионалец, и ќе им дозволи вашиот сајт да не го мешаат со идејата за „бизнисот“ во традиционална смисла на зборот. Зависи од името, но шансите се поголеми да има слободни имиња како домејни со ниска цена наместо домејни чие име вклучува клучна фраза.

Хостинг

Некои веруваат дека оваа алатка – EasyWP Managed WordPress  – е правиот избор. Платформата WordPress е лесна за инсталирање, и има огромен број тематски прикази и можности за дизајн од кои можете да бирате со мало пребарување. Преку оваа платформа скоро е сигурно дека вашата интернет страница ќе изгледа токму така како што сте замислувале. Една третина од интернет страниците се подигнати преку оваа платформа, има зошто е тоа така.. Проверете.

Што да вклучите на веб сајтот за вашиот личен бренд

Без разлика дали станува збор за сајт каде информациите се содржани на една страница, или пак е сајт кој поддржува голем број информации каде се фалите со вашите многубројни услуги и квалитети, сепак има одредени нешта што мора да ги вклучите. Бидете сигурни дека сите основни податоци се содржани.

Силен, емотивен воведен текст кој го дефинира тонот на вашиот глас

Повторно, особено е важно да не се заборави личниот елемент во личниот бренд. Причината поради која ваквиот пристап функционира е фактот дека луѓето сакаат вистински луѓе, бидејќи со нив можат да се поврзаат или да се поистоветат, и затоа што тие уживаат доверба и другите лесно можат да ги разберат. Така што, кажете нешто за себе со сопствени зборови бидејќи тоа е најсилниот начин на кој ќе ја натерате публиката да го отвори вашиот сајт и да ве чита.

Не се концентрирајте на вашето разубавено ЦВ, образование и минати работни места – сите ние сме многу повеќе од тоа. Можете ваквите информации да ги сместите во посебен дел, доколку е потребно, или да го подигнете вашето ЦВна сајтот подоцна, но запомнете дека воведниот текст мора првенствено да се однесува на вашите основни интереси, и причините зошто сте го создале веб сајтот. Возбудливата проза е возбудлива за читање, така што опуштете се и ослободете ја имагинацијата!

Еве одличен пример од воведната изјава на Сајмнон Синек на неговиот личен сајт. Сајмон е, според неговата биографија „неотповиклив оптимист“ кој кариерата ја започнал со говори на ТЕД конференции. Сега тој е успешен автор и раководител на неговиот сопствен бренд што вклучува и цел тим луѓе. Сепак, целиот вовед на неговиот сајт се состои од еден инспиративен цитат и колаж од слики кои покажуваат влијателни луѓе со неговата книга. Тоа е став. Ве тера да прочитате повеќе бидејќи воведната реченица е доволно силна и привлечна.

Интересен дизајн, понекогаш и мултимедијална содржина е исто така добра идеја за вовед во вашата лична интернет страница. Разгледајте повеќе сајтови за лични брендови за да добиете повеќе идеи пред да ја донесете конечната одлука каков сакате да биде вашиот сајт.

Ако пак имате потешкотии со содржината што треба да ја рефлектира вашата личност, земете ги предвид следниве аспекти: која е вашата пасија, што ве инспирира во вашата работа и ве тера да сте добри во неа, како и` пристапувате на работата и на работната етика, каде се гледате себеси и вашиот бизнис и вештини во идинина. Оттука, можете да направите неколку нацрти за тоа како сакате да ги пренесете овие информации, дали на апстрактен начин како Сајмон, или пак веднаш ќе им ги преставите вашите проекти, производи или услуги.

Секако, зависно од тоа каде целите, вашиот веб сајт треба да вклучува работи како работно портфолио, лични искази од луѓе кои ги користеле вашите производи/услуги, позитивни оцени и искуства од други, детали за производите или услугите, како и информации за нивната достапност, и јасни комуникациски канали со вашиот бизнис.

Бидете вашиот бренд

Вие треба да сте вашиот личен бренд на сите онлајн платформи, и исто така, а и најважно, во вистинскиот живот. Тоа значи дека треба да одберете нешто вистинско за вас.

Тоа нешто може да биде лесно засилување на вашите верувања, личност, но не треба да биде нешто повеќе од тоа. Враќајќи се на идејата дека интернетот веќе ги има вашите постоечки социјални профили, разбирате зошто не би сакале вашите социјални медиуми да оддаваат различна верзија од вас и вашиот бренд. Оттука, секако дека вреди да преземете контрола врз вашите подесувања за заштита на приватноста на интернет, особено ако не сте желни барем малку да ја смените вашата постоечка интернет персона.

Секако, можете да ги ревидирате сите постоечки профили што ги користите на различните платформи, да тргнете слики или постови кои не се на иста линија со имиџот на вашиот личен бренд.

Социјални медиуми

Социјалните медиуми се однесуваат на социјалниот елемент од процесот на вашето лично брендирање. Социјалните медиуми во денешно време се неизбежен дел од бизнисот. Во контекст на вашиот личен бренд, најважно е дека тие се соодветен начин да бидете присутни на платформа која ви гарантира дека луѓето ја посетуваат на дневна основа.

Ова ви овозможува да бидете видливи и присутни. Постовите за вашиот бренд треба да ги натераат посетителите на интеракција, и немојте да се плашите да зборувате за други работи освен за бизнисот. Создавајте постови што ги отсликуваат вашите ставови и гледишта за индустријата во која работите, за вестите, почнете разговор, зборувајте за специјални понуди, но најважно од се`, стекнете нови следбеници кои се заинтересирани за вас.

Ова ќе ги натера луѓето што ве следат на социјалните медиуми да го посетат и вашиот веб сајт. Исто така, од клучна важност за развојот на вашиот бизнис е да одржувате присуство на повеќе од еден сајт, но добро познавајте ги платформите на социјалните медиуми. Facebook и Instragram се многу различни во поглед на тоа како треба брендовите да им пристапуваат, и нудат различни доблести како резултат на ова. Одвојте време да научите како е најдобро да се позиционирате себеси на различните платформи.

Со среќа!

Вашиот бренд можете да го одведете во неброени различни насоки, и додека истражувате што слични сајтови прават со нивните брендови, ќе станувате се` покреативни.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -