Клучот на корпоративното иновирање лежи во вработените кои не се вклопуваат

Иновација – овој термин е фокална точка на деловниот успех што во денешно време дури и се употребува како некој вид талисман. Не` потсетува на слики од Никола Тесла како не ја напушта сопствената лабораторија, или пак на Џобс и Воз како го смислуваат првиот епл компјутер во гаража.

Иновациите се моторот на економијата, создаваат милионски компании и милијардери, и создаваат брендови што станале глаголи во нашиот речник: „гугл“, „убер“, „зум“. Речиси секој во кој било бизнис сака да биде иноватор, или барем го познава првото правило на модерниот бизнис – иновирај или исчезни.

Иако корпоративните лидери знаат дека иновирањето е нивната животна сила, многумина не знаат вистински како тоа успева. Линда Бернарди, технолог, претприемач, говорник и ко-автор на неколку книги, вели дека кога добива прашања од нејзината публика, половина доаѓаат од искусни извршни директори и менаџери кои се желни но и фрустрирани бидејќи се во потрага по тајната формула. „Тие ме прашуваат: Линда како иновираш?,“ вели таа. „Шокантно е како начинот на размислување што би требало да биде клучен за успехот на многу компании се` уште претставува мистерија,“ објаснува.

За волја на вистината, не станува никаков збор за мистерија. Корпоративниот свет секогаш бил чорба од противречности. Повеќето лидери се преокупирани со совпаѓања, односно со идејата дека треба да вработуваат луѓе чии карактери и вредности се поклопуваат со нивната култура.

Во меѓувреме, голем број од лицата вработени во вишите ешалони зборуваат како да имаат истетовирано реклама за Апл за бунтовници и неранимајковци на нивните бицепси. Тие патат по тоа да бидат харизматични и смели, некој вид современи визионери кои ги дефинираат епохите, ги трансформираат пазарите, и кои имаат доволно опции на берзата да купат приватен остров.

Крајната поента е дека компаниите се очајни да бидат иновативни. Во една скорашна анкета: „Најиновативните компании“ на BCG, уделот на компании кои велат дека иновирањето е еден од најважните три приоритети скокна за десет процентни поени на 75%, што претставува најголемото зголемување во тек на една година за време на 15те години додека се спроведува анкетата. Но, ако сте лидер на една од тие организации, можеби се чувствувате фатени во стапица помеѓу конформизмот и иновирањето. Не можете да ги имате обете нешта, така што што би одбрале вие?

Повеќе од 15 години додека ја раководиме нашата наградувана компанија за брендирање, забележавме шема. Организациите што постојано покажуваат бестрашна креативност и го поставуваат темпото во индустријата вообичаено имаат лидери кои не се согласуваат добро со другите. Тие се опсесивни, се спротивставуваат, смели се и социјално неспретни. Сепак, тие исто така се скроени на начин кој им овозможува да гледаат подалеку од ограничувањата, да ја предизвикуваат конвенционалната мудрост и да го скршат тоа што треба да е скршено. Тие им пристапуваат на проблемите и решенијата со заслепувачка оригиналност.

Таквите ги нарекуваме „ретка сорта“. Тие треба да ги одберете.

Ретката сорта

Лицата кои и` припаѓаат на ретката сорта лидери ја ценат вистината и индивидуалноста наместо удобноста. Тие се невообичаени и директни, неумоливо се движат во една насока додека остатокот од стадото се движи во друга. Ретката сорта се луѓе кои добиваат визии што другите ги сметаат за невозможни. Се бунтуваат против конвенционалниот бизнис и никогаш не ги оставаат „работите такви какви што се“, туку работат на случајот да ги направат работите такви какви што би можеле да бидат. Нивната истрајност и имагинација отвораат можности за другите. Иако можат да натераат некои луѓе да се чувствуваат неудобно покрај нив бидејќи го кажуваат тоа што другите не би го кажале, ретките сорти исто така секојдневно покажуваат највисоки, највлијателни и најискрени верзии на самите себе и ги инспирираат другите да го сторат истото.

Ретките сорти се луѓе чии главни карактеристики се сметаат за пороци од страна на родителите, наставниците, менторите и шефовите. Но, ние ги сметаме тие карактеристики за вредности, и во нашата книга „Ретка сорта: Водич до успех за пркосните, опасните и поинаквите“, идентификуваме седум такви црти:

  • Бунтовни: луѓе со нула толеранција за тоа што не функционира, кои се бунтуваат против авторитети, преседани и зборот на експертите за да видат колку силно тие можат да се спротивстават
  • Смели: полни се со прекумерна самодоверба и чувство дека имаат способности што на другите им недостигаат, ќе се осмелат да го направат невозможното, особено ако им кажете дека е невозможно
  • Опсесивни: тие се тие кои ќе работат 72 часа без да спијат, кои ќе чкртаат равенки на ѕидовите на купатилото и ќе се мачат со интерпункција… и на крајот ќе создадат величина
  • Со врела крв: луѓето со страсти што се толку длабоки што добивате чувство дека ништо друго не е важно. Тие се активисти, шампиони, одмаздници и луѓе со кои не сакате да се препирате
  • Чудаци: гикови, бубалици… Тие се љубители на саеми за производители, базари на стрипови и фестивали на неми филмови. Тие исто така го посматраат светот од чудни агли и преку невообичаени филтери и често пати се брилијантни
  • Хипнотизери: луѓе со невозможни нивоа харизма, кои често пати се способни да ги замајат и маѓепсаат другите, понекогаш и до точка на манипулација.
  • Емотивци: ги носат срцата во џеб, тие се луѓе со емпатија, кои плачат на сечија болка но исто така пронаоѓаат радост во малите нешта

Ретките сорти имаат моќ да иновираат бидејќи се мотивирани од различни нешта од вообичаениот вработен. Помалку се грижат дали ќе се вклопат во средината, дали ќе се искачат високо по корпоративната скала, или дали ќе добијат критика, отколку што се грижат да бидат верни на себеси. Да, и тие сакаат да бидат ценети и да припаѓаат, бидејќи се луѓе, но ако бивањето дел од племето значи преправање и бивање некој кој не си, тогаш тие ќе го откачат племето.

Ова ги прави ретките сорти најголем капитал во рацете на компаниите бидејќи тие ќе поставуваат прашања, ќе решаваат технички проблеми, ќе се зафатат со пренесување на точната маркетинг порака, или ќе се справат со финансиските загатки од некој агол што никој друг во организацијата ќе помисли да го земе предвид. Тие се вашето тајно оружје.

Ретка сорта на организација

Но, вистинската вредност на ретките сорти можеби лежи во нивната моќ да ги трансформираат организациите во она што го нарекуваме начин на размислување на ретките сорти. Ако цел ваш живот сте размислувале конвенционално во согласност со она што книгите ви го кажуваат, не можете само да пукнете со прсти и да почнете да размислувате како некој што ќе донесе голема промена. Тоа е фрустрирачки и го ограничува степенот на вашата лична иновативност. Но, ако не можете да развиете менталитет на некој што ќе ја поремети индустријата или областа на делување, можете секогаш да донесете ретка сорта на работник во вашата организација.

Бидејќи тие ги отфрлаат претходниците и се радуваат на шансата да саботираат медиокритет, овие луѓе ќе ве однесат вас и вашиот тим на креативно патување на кое воопшто не сте биле свесни дека сте сакале да тргнете. Но, тие исто така ќе го променат начинот на размислување на вашата организација со тоа што ќе ви дадат свежа рамка низ која ќе можете да ги промислувате вашите идни чекори и дејства, а тоа ќе го промени и начинот на кој размислувате. Работата рамо до рамо до ретките сорти не само што ќе ги смени ограничувачките шеми и ќе ја подобри толеранцијата на ризик, туку исто така ќе ве донесе чекор поблизу до заљубување во шокантно преземање ризици.

Алан Хардер, основачкиот партнер на Танго Финаншл во Ванкувер, се сложува. Во едно интервју, тој одговара:

„Етаблираните, традиционалните бизниси бараат од овие неконвенционални мислители и луѓе кои не севклопуваат во средината да поттикнат иновации. Сум прелистал купишта и купишта резимеа кога првпат го започнав бизнисот. Ангажирањето некој кој го немал најдоброто си-ви можеби изгледало како лоша идеја на времето, но излезе дека е мудра опција. Овие чудаци се тие кои ги размдруваат дискусиите во собата за состаноци со неверојатни идеи. Можеби не се вклопуваат во калапот, но тие се невообичаени и тоа е тоа што го прави ангажирањето „погрешни“ луѓе одличен избор.

Меч со две острици

Но, не сме наивни. Ретките сорти се комплицирани. Нивните доблести имаат исто така темна страна. Опсесивен менаџер може да го доведе целиот сектор до степен на преоптовареност од работата, додека бунтовните поединци можат да претворат среден тим во лута толпа.

Кое е решението?

Така што, како да го негувате неверојатниот потенцијал на ретките сорти без да и` нанесувате стрес на компаниската култура? Д-р Дениз М. Русо, професор по организациско однесување и јавни политики на Универзитетот Карнеги Мелон, вели дека едно решение е регрутирање таленти и потоа менаџирање на пакетот чудни манеризми што доаѓа со тие таленти.

„Ќе почнам со ова – дали некој има специјални таленти? Што е потребно да се допре до тие таленти ако се антисоцијални бубалици или имаат Апсергов синдром, или ако одбиваат да се капат редовно? Можеби имаат таленти, така што почнете со талентот. Тоа е најважното нешто во една организација – ова лице носи нешто вредно за нас“.

„Ангажирајте го лицето кое има талент, но е бубалица и има тежок карактер, и можеби мириса и се спротивставува на состаноци,“ продолжува Русо. „Но, кога ќе постават прашање, вие реагирате со одушевување. Ни требаат тие луѓе. Идејата е дека можеме да ги канализираме, но ја штитиме организацијата од нивните пореметувачки или антисоцијални склоности. Во некои компании има цели сектори со високо функционални лица кои имаат Аспергов синдром и кои имаат некој од секторот за човечки ресурси кој им помага да се поврзаат со организацијата и да ја презентираат нивната работа на остатокот од компанијата. Мислете на канал. Мислете на брокер. Создавате остров од вработени кои не се вклопуваат“.

Ете го повторно тој збор. Лице кое не се вклопува. Во минатото, компаниите ги одбегнуваа бидејќи беа сметани за поттикнувачи на хаос. Но, ако сте во потрага по тајната состојка на иновирањето, тогаш пронаоѓањето луѓе кои не се вклопуваат, нема да се согласат и се подготвени гласно да кажат што мислат може да е клучот за решението. Не ви е потребен конформизам.

Текстот е напишан за бизнис порталот Fast Company од Сани Бонел и Ашли Хансбергер, основачи на Motto и автори на „Ретка сорта: водич до успех за Ретка сорта: Водич до успех за пркосните, опасните и поинаквите.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би...
- Advertisment -