Како да го тренирате мозокот за да бидете поиновативни

Без разлика дали работите како агент за недвижности за некоја корпорација или како маркетинг гуру, иновативното размислување често пати е потребно за да можете да го одведете бизнисот на следното ниво. За несреќа, премногу е лесно да се заглавиме во некаква рутина. Ако не внимаваме, таа стагнација лесно може да предизвика бизнисот да се соочува со тешки периоди, пишува Роберт Финлеј, основач на Thirty Capital & Lobby CRE.

Ако ви е потребна помош да размислувате креативно за да можете да остварите подобри резултати за вашиот бренд, решението може да се сведе на тренирање на вашиот ум. Со менување на процесот на размислување, ќе бидете во можност да генерирате иновативни идеи што можат да донесат вистински импакт.

Прочитајте книга

Времето што го поминувате во читање и пишување секогаш ќе го подобрува вашето креативно размислување. Многубројни студии спроведени на редовни читачи и луѓе кои имаат позитивен став кон читањето воопшто потврдуваат дека тие лица секогаш ќе имаат поголеми способности за креативно размислување од нивните врсници.

Иако претприемачите често пати се ставени во искушение да читаат само книги за бизнис, вредно е да запомните дека читањето фикција е особено ефективно во поврзувањето на вашиот десен креативен дел од мозокот со аналитичката лева страна. Со други зборови, слободно читајте „Господар на прстените“ за да го подобрите бизнисот.

Ослободете го вашето размислување преку бура на идеи

Кога станува збор за подобрување на вашите иновативни способности, размислувајте за вашиот мозок како за мускул. Исто како што би подигале тегови во теретана за да ги засилите вашите раце или нозе, исто така треба да го тренирате и вашиот мозок за да ги засилите способностите за креативно размислување.

Еден од најдобрите начини да го направите ова е во процесот на бура на идеи да си дозволите мислите да се движат во сите правци. Размислете за периодични предизвици што самите си ги задавате за да смислите голем број идеи поврзани со одреден проблем одеднаш. Запишете се` што ви паѓа на ум и не ги прецртувајте идеите што ви делуваат премногу смели или неостварливи.

Главната идеја е дека можете да створите навика да запишувате што повеќе идеи. Ова ќе ви помогне да станете отворени кон поширок опсег на идеи во иднина, што пак овозможува повеќе креативно размислување кога станува збор за решавање проблеми во вашиот бизнис.

Ставете акцент на страничното учење

Голем број сопственици на бизниси се гордеат со тоа што се вистински специјалисти во нивната ниша. Нема ништо лошо во развивањето специјализирано знаење што ви помага да остварите подобри резултати за вашите клиенти. Но, за да го подобрите креативното размислување, треба да прифатите странично учење.

Страничното учење во основа значи дека се обидувате да научите што повеќе различни теми, вклучувајќи и теми што се надвор од вашата одбрана професија. Не значи дека ќе станете експерт во тие области, но идејата е дека ќе го проширите вашето знаење до точка во која барем ќе имате солидно разбирање на проблематиката.

Проширувањето на вашето основно знаење ви овозможува поголем опсег на факти и искуства од кои што можете да влечете заклучоци за да стигнете до решенија. Истражувањата откриваат дека во училниците, хоризонталното учење го подобрува интересот на учениците и ги прави склони да бараат дополнителни можности за учење во иднина. Зголемувањето на вашата жед за знаење ќе ве направи поиновативни и ќе ви помогне да дојдете до нови откритија.

Научете како да се справите со дистракции

Дистракциите и креативноста имаат особена врска. Високо креативните луѓе полесно го губат вниманието од нивните врсници и се склони повеќе да обрнуваат внимание на неважни информации наместо да ги филтрираат.

Иако ова делува како мана, сепак тоа значи дека тие лица всушност процесираат повеќе информации, повеќе ресурси што можат да се искористат за генерирање идеи и решенија. Како последица на ова, луѓето кои размислуваат креативно имаат поголеми шанси да смислат плејада различни решенија за еден проблем, наместо да дојдат до едно единствено решение.  

Имајќи го ова на ум, некои визуелни дистракции само ќе го намалат вашиот мислечки процес. Несредена работна средина или преголем пристап до телефонот можат да ве одвратат од вашата задача. Додека е секако ок да си дозволите дистракции што можат да ви помогнат да впиете повеќе информации, одржувањето на чиста работна средна ќе ви помогне да го одржите фокусот на задачата во процесот на изнаоѓање решение.

Не плашете се да направите пауза

Правењето пауза може да ви изгледа како да се предавате на потенцијалните дистракции, но умните паузи можат да ви обезбедат масовни поттици на иновативноста. За да го зголемите иновирањето, правењето пауза често пати може да дојде во форма на замена на задачи. Оваа практика се смета дека ја подобрува когнитивната флексибилност, што значи дека вие сте подобро опремени да се приспособувате на различни ситуации.

На пример, поставете тајмер кога треба да ја замените вашата првична задача со нова. Ова може да ви помогне да ја одбегнете психолошката склоност да продолжите да работите на проблемот, дури и кога сте целосно заглавени. Замената на задачите ве приморува да го промените начинот на размислување, што ви овозможува да се вратите на првичниот проблем од свежа перспектива.

Ослободете го вашиот иновативен ум

Секој носи креативност и иновирање во себе, но понекогаш сепак потребно е малку повеќе напор за да се допре до овие способности. Без разлика дали тоа доаѓа во форма на совршен маркетинг слоган или подобар начин на обезбедување услуги на вашите клиенти, ќе можете да им заблагодарите на вашите лични напори да го тренирате мозокот како што овие решенија и еурека моменти ќе почнат да доаѓаат се` полесно.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -