Како Ковид-19 ја промени маркетинг индустријата, според некои од најискусните експерти во светот

Маркетинг индустријата, дури ни во време на најсериозна пандемија, и предизвици од различна природа, е индустрија што нема да застане. Во прилог се искуствата не четворица маркетинг експерти, чија способност да се адаптираат на новите услови, и чија креативност не замира дури и кога се соочени со најтешките предизвици, им овозможува на нивните компании да нижат успеси дури и во пикот на Ковид-19.

Воведување корпоративни иновации и однос на постојана доверба

Кирстен Фланик (Kirsten Flanik), претседател и извршен директор на BBDO New York, раководи со њујоршката канцеларија за глобалната мрежа на агенцијата и создава работа за клиенти како што се Foot Locker, Pedigree, M&Ms, и AT&T. Фирмата исто така развива кампањи против сајбер насилство со Моника Левински што веќе имаат добиени награди.

„Пандемијата најверојатно е еден од најтешките тестови со кои сум се соочил. Моравме целосно да ги приспособиме нашите продукциски методи, но голем дел од тоа можевме самите да го сториме. Како резултат, го основавме и почнавме со работа на она што го нарекуваме Студија за креативен развој. Тоа е нова рака на нашето „домашно“ продукциско студио. Така што имаме автори коиработат во студиото и кои можат да произведат брзи и силни содржини, додека буџетот покрива бура на идеи и уреднички интервенции, без разлика колку е голема или мала кампањата. Оваа нова способност исто така ни дозволува да го освоиеме приходот од постоечки клиенти, што тие инаку би го потрошиле на друго место.

Од гледна точка на клиентот, рано сфатив дека постои и одново распалена почит за работата и искуството на агенцијата, бидејќи нашите клиенти видоа дека ние сме тука за нив на начин на кој агенција која работи исклучиво на проекти, или некој што работи на основа на консултации, не можат да ги обезбедат. Ние сме нивните вистински, верни партнери. Ќе останеме будни цела ноќ за да ги решиме нивните деловни проблеми. Комуницираме со нив на дневна основа, од гледна точка на промислено лидерство, за да можат и тие да разберат што се случува во светот, како да ги надминат бариерите, и како да ги сработат сите нивни задолженија кога работат од дома. Сега сме поблиски со клиентите како никогаш досега“.

Максимално искористен потенцијал на новата технологија

Џен Џејкобс (Jan Jacobs) е извршен директор и ко-основач на Johannes Leonardo, агенција која веќе има добиено неколку награди и која работи на брендови како што се Adidas, Volkswagen, Kraft Heinz, Mass Mutual, и The Gap.

„Во минатото, ако имавме состанок на друга локација или кога требаше да ги претставиме нашите бизнис идеи пред други, ќе организиравме шест лица да летаат до местото и да се вратат дома, понекогаш дури и истиот ден. Четири или пет агенции можеби го прават истото, и еднаш или двапати повторно се организираат летовите доколку станува збор за бизнис понуда. Размислувам за јаглеродниот отпечаток, часовите време што се потребни за тие активности, и тоа е се` минато сега. Се надевам дека ќе остане вака. Бидејќи, можете да ги одржувате истите стресни состаноци на далечина.

Навистина верувам дека ако се држиме заедно, особено во креативните индустрии, тогаш сите сме попродуктивни и остваруваме подобри исходи. Откако веќе го кажав ова, сметам дека флексибилноста ќе биде многу поважна во иднина. Можеби моделот се менува одредени денови кога сте во канцеларија и други денови кога не сте, или флексибилен распоред на работни часови.

Целиот професионален свет одеднаш доби физичка, практична обука за тоа како да ја користи технологијата. Пред пандемијата, влегувате во сала за состаноци и никој не знае како се пушта опремата. Сега, одеднаш, ние, клиентите, добавувачите, буквално сите имаат добиено обука. Тоа е одлично. Во иднина, ако 10% или 20% од вработените во компанијата работат флексибилни работни часови тој ден, тогаш набрзина ги организирате да се приклучат на виртуелниот состанок бидејќи сите знаат како се прави тоа“.

Инклузивен тим и внатрешни промени се клучни за успех

Дени Робисон (Danny Robinson) е креативниот директор на Martin Agency, со седиште во Ричмонд, Вирџинија со клиенти што ги вклучуваат Geico, Old Navy, DoorDash, и Buffalo Wild Wings.

Како што можете да претпоставите кога ќе ме видите, потребата за промена кај мене е очигледна. За оние кои го читаат ова, јас сум црн човек. За нас, напредокот се состои во примарната работа бидејќи почнавме да ја градиме компанија многу одамна. Тоа е доказ дека промената не изискува драстичен настан, ако во врвниот менаџмент сте посветени на правење промени и кога знаете дека промената значи работа, дека не е само момент во времето.

Апсолутно нема никаква смисла ако секоја агенција не размислува на важноста на различните таленти. Кога почнав, кај нас 2% од вработените припаѓаа на малцинствата во мојот сектор каде имаше повеќе од 40 лица. Сега има 27% припадници на малцинствата во мојот сектор каде работат 87 лица; 50% од новите ангажирани лица се припадници на малцинствата во последните две и пол години, и 62% од нив се црни. Таа одлука ја донесовме бидејќи составот на агенцијата мораше да се промени, и единствениот начин да се направи промената беше да се започне од внатре, со основа што дозволува тоа да се случи и што нам ни дозволува да ги задржиме тие вработени.

Морате да знаете дека внатре во зградата не сте невидлив, дека луѓето ве гледаат, дека имате глас и дека тој глас знаете да го користите. Имате приказни што сакате да ги раскажете. Ние ќе ги слушнеме тие приказни. Секој мора да може да придонесува, и ние треба да овозможиме простор секој да придонесува.

Има еден цитат, не е мој, кој вели: „Дајте ми шест часа да исечам дрво, а првите четири ќе ги поминам во острење на секирата“. Ние ја остревме секирата, и во март никна дрво, а потоа и многу други дрвја. Бевме успешни како и секогаш во овој момент бидејќи бевме подготвени, а и ќе продолжиме да ја остриме секирата. Бидејќи, ако нешто друго се случи, и јас не знам што тоа би можело да биде, и не мора да биде пандемија, но нешто ќе се случи и ние мораме да продолжиме да сме подготвени за тоа“.

Прилагодливост и брза реакција

Роб Рајли (Rob Reilly) и креативниот претседавач на глобално ниво за McCann Worldgroup, агенција која вработува 17 000 лица и развива кампањи за Microsoft, MasterCard, General Motors, and L’Oreal. Компанијата беше одговорна и за поставување на позната скулптура на Вол Стрит што повеќето ја знаат како „Бестрашното девојче“.

„Голем број од рекламите што се појавија на почетокот на пандемијата беа неправично исмејувани. Имаше некој кој беше направил видео каде сета работа звучи исто. Но, мислам дека потрошувачите во тој период имаа очајна потреба да почувствуваат дека брендовите беа тука и покажуваа емпатија и разбирање за она низ што тие поминуваа тогаш. Работата беше навистина важна, и горд сум дека дел од неа сработивме и ние. Ако некој сака да се исмејува, ок, но во исто време, мислам дека беше многу важно за потрошувачите кои немаат многу доверба во владите, без разлика дали во нивната земја или во други, да видат дека брендовите беа тука присутни и здрави, и дека ние се обидовме да помогнеме.

Сето конципирање, целата внатрешна работа, сите презентации пред клиенти, сето тоа беше направено преку Microsoft Teams. Сега сме ептен навикнати да го користиме. Му го сфативме штосот. Ќе се изненадите ако дознаете како сме извеле некои презентации, каде клиентите ги имаа буквално исклучено камерите а вие презентирате пред црн екран. Тоа е навистина тешко.

Нашите партнери-брендови се одлични и ни посветија голем дел од нивното време и енергија, а тоа треба да биде двонасочно. Нам ни треба ова – треба да те видам и ти треба да се видиш со мене. На некој начин, стана подобро кога почнавме да бидеме во можност да ја имаме таа интеракција. Онаму каде што мислам дека работите не отидоа на подобро беше во поглед на конципирањето. Нашиот извршен директор, Харис Дајмонд вели, дека ние сме во бизнисот на чираци, и луѓето и работата и идеите цветаат кога едноставно само седите и слушате.

Една од придобивките на отвореното планирање е дека можете да слушате состаноци што не се ни ваши состаноци, и можете да учите од нив. Ништо од тоа не се случува сега. Така што, делот со конципирањето, мислам, како и начинот на кој се раѓаа идеи, се промени. Изнајдовме начини како тоа да го правиме онлајн и тоа да функционира, но тоа беше вистински предизвик.

Друг голем предизвик беше продукцијата. Успеавме да продуцираме одлични кампањи и продолжуваме да го правиме тоа, но кога не сте на лице место со режисерот и кога не можете да ги дискутирате нијансите на изведбата, тогаш тоа е вистински предизвик. Имате тим кој понекогаш станува во 2 часот наутро за продукција што можеби се случува во Европа или Австралија.

Само што снимивме видео материјал за Verizon, за кој моравме да снимаме низ целата земја. Добивме одлична изведба, но кога почнуваш да влегуваш во деталите на режијата, тогаш разговорите што ги имаш со режисерот, едноставно не се случуваат толку често, особено кога режисерот е во некоја просторија а ти не си таму“.

Извор: Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -