Станете дел од активностите на проектот за Подобрување на вештините на жените претприемачи и менаџери

Целта на овој проект е да се намали влијанието што Ковид-19 го има на бизнисите водени од жени и да овозможи постојана поддршка на жените претприемачи и менаџери.

Зошто да се вклучите:

Жените сопственици на бизниси и жените на раководни структури во различни компании од целата земја ќе имаат прилика да ги надградат сопствените професионални вештини и можност да придонесат во подобрувањето и ефикасноста на работењето на организацијата за која работат. Проектот што се спроведува од септември 2020 година oпфаќа специјална програма за градење на капацитетите на жените претприемачи, дизајнирана во согласност со потребите на претпријатијата во сопственост на жени или кои се раководени од жени. Овој проект, меѓудругото, работи и на подигање на свеста за важноста на женското претприемништво во целокупната економија, и на обезбедување конкретна, реална и постојана помош за жените претприемачи и менаџери.

Што да очекувате:

Во наредните 9 месеци  на располагање ви се следниве типови поддршка:

  • Тематски работилници посветени на создавањето отпорен бизнис, зголемување на продажбата во време на Ковид19, иновирање во време на Ковид19 користејќи методологија на креативно размислување (design thinking), дигитален маркетинг, спроведување дијагоностички стрес тест, дигитализација и пристап до финансии.
  • Менторски сесии со ментори од САД кои помагаат при надминување предизвици во одредени сегменти од работењето и поддршка при креирање продажни стратегии.
  • Членство во ЦЕЕД Клуб на жени претприемачи каде што ќе имате пристап до мрежа од жени кои се соочуваат со исти или слични предизвици при раководење со бизнисот. Во рамки на овој клуб се одвиваат редовни средби каде се разменуваат искуства и знаења при справување со кризни ситуации. Исто така, се овозможуваат контакти со жени претприемачи од регионот.
  • Локализирана поддршка преку локални ограноци во Вардарскиот, Полошкиот, Пелагонискиот и Југоисточниот регион каде жените претприемачи од овие региони ќе имаат можност да добијат конкретна поддршка и да разговараат за актуелни теми од регионот.
  • Регионална промоција на бизнисот и потенцијал за регионална соработка преку порталот за поддршка на жените претприемачи – www.womeninadria.mk. Во рамки на промоцијата ќе бидат спроведени редовни средби за вмрежување каде македонските жени претприемачи ќе може да реализираат партнерства или да настапат на странски пазари.

Како да се вклучите:

Со цел развивање на женското претприемништво во нашата земја, ги повикуваме сите заинтересирани да земат учество во активностите на проектот и самите да придонесат во развојот на женското претприемништво.

Активностите се отворени за:

– жени претприемачи и менаџери

– жени на раководни позиции

– жени кои сакаат да отворат свој бизнис

 Пријавувањето се врши со испраќање email за интерес на [email protected].

За повеќе информации во врска со проектните активности, како и услугите што ги нуди ЦЕЕД Клуб на жени претприемачи и менаџери, слободно контактирајте нè на тел: 071 238 243.

Поддршката од проектот се остварува без надомест.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -