Често се фокусираме на сопствениот успех. Тежнеењето за успех е клучно за тоа како растеме, учиме и развиваме. Понекогаш и не успеваме. Но, нашите неуспеси се важни за нашиот успех. Тие ни помагаат да учиме, да се менуваме и да се подобруваме. Како човечки суштества, ние сме поттикнати да постигнуваме, пишува Дејв Брок, автор, консултант и предавач од областа на личниот и професионалниот развој, маркетинг и продажба, на неговиот блог.
- Создадете нови мозочни врски за претприемачки успех
- Сочувство, а не почит кон себе, води до успех
- Зошто начинот на размислување е важен за професионалниот успех
Има нешто смешно и чудно во врска со успехот – не можеме да бидеме успешни сами по себе. Се потпираме на други со цел да постигнеме успех. излегува дека не можеме да бидеме успешни ако тие со кои работиме не се успешни.
Ако нашите клиенти не успеат да направат напор да купат од нашите производи или услуги, ако нашите клиенти не ги постигнуваат нивните цели, ниту ние нема да добиеме нарачки.
Ако вашите клиенти не успеваат во имплементацијата на нивните промени и не произведуваат очекувани резултати, ни ние нема да имаме шанси да ја растеме нашата врска со нив и можноста да заработиме повеќе со нашиот бизнис.
Успехот не се постигнува сам
Потребна ни е поддршката од нашите колеги и соработници. Ако тие не успеат, нема шанси да успееме.
Како лидери и менаџери, зависиме од успехот на нашите луѓе, нашиот тим. Ако тие не успеат, и ние нема да успееме. Како резултат на тоа, нашата работа се сведува на помагање на нашите луѓе да успеат.
Премногу често, мислиме дека успехот е победа или пораз. Иронично, станува збор за вин-вин ситуација. Успеваме само ако тие со кои работиме успеваат.
Бидејќи нашиот успех се заснова на успехот на другите, се чини дека фокусот на нивниот успех е добитна стратегија.
Поставете си ги следниве прашања:
Како им помагате на вашите клиенти да успеат?
Како им помагате на вашите пријатели и колеги да успеат?
Како му помагате на вашите вработени или тим да успеат?
Извор: partnersinexcellenceblog