Како да станете успешен социјален претприемач

Социјалното претприемништво може да создаде долготрајна и значајна социјална промена. Според HubSpot, социјалното претприемништво е комбинација на трговија и социјални прашања или проблеми. Иако оваа дефиниција делува премногу едноставна, најдобра рамла за дефинирање на социјалното претприемништво е хибрид од владина интервенција и чист бизнис, со фокус на прашања што не се доволно важни за да привлечат инвеститорски капитал. Социјалното претприемништво постои со цел да донесе промена во светот на реален начин, вообичаено со користење пари и технологија за да се подобри животот на луѓето. Милиони поединци низ целиот свет извлекле корист од мерките за социјално претприемништво, некои од нив индиректно, посочува Крис Портеус, извршен директор за Grey Smoke Media, како колумнист за Entrepreneur.

За разлика од типичните бизниси, социјалното претприемништво не цели да ги збогати инвеститорите или сопствениците (барем не е таа основната цел). Поголемиот дел од овие претпријатија се посветени на обезбедување помош на специфична група луѓе и на зголемување на нивниот животен стандард како резултат на бизнисот. Најтипичните корисници во социјалното претприемништво се маргинализирани и социо-економски недоволно услужени заедници на кои им е потребна сета помош што можат да ја добијат.

Најтрадиционалните сопственици на бизниси би забележале проблем со овој модел. Како може ваков вид бизнис да се грижи за себе кога зависи од инвеститорите и добротворните организации за да оствари приход? Првиот чекор кон станување социјален претприемач е гаранцијата дека вашиот модел е самоодржлив. За да се постигне тоа ниво на одржливост, деловните трошоци треба да опаднат со зголемување на бројот на корисниците. Одржливоста, како што гледаме, не се состои само во влијанието врз животната средина на бизнисот, туку исто така и во финансискиот статус. Постигнувањето рамнотежа помеѓу заработката и трошоците му овозможува на претпријатието да ја намали зависноста од филантропската помош.

Во повеќето случаи, овие претпријатие се непрофитни организации, но возможно е да се направи профит во едно социјално претпријатие. Организацијата за економска соработка и развој (OECD) ја спомнува Банката Грамин – профитна организација во Бангладеш со фокус на социјалното претприемништво уште во 1970-тите години, како здружение кое обезбедува финансирање за непривилегирани лица. Оваа банка е една од првите случаи во кои социјалното претприемништво еволуирало во профитабилна компанија. Таа е пример што други претприемачи го следат. Денешните социјални претпријатија го користат моделот на оваа банка како процес што го имитираат кога ја прават промената од непрофитна организацја во бизнис заснован на профит. Ајде да ги испитаме начините како да се одделите себеси од останатите како успешен социјален претприемач.

Чинител помеѓу владата и потрошувачите

Џереми С. Парк, извршен директор на cityCURRENT, ги ангажира бизнисите во САД со мисија да го „оспособат ДОБРОТО“ и да развијат иницијативи со фокус на заедницата што на едно место ги носат засегнатите страни во поддршка на непрофитните и добротворните напори да им се помогнат на возрасни, деца и семејство кои живеат во средиштето на државата Тенеси, како и делови од Мисури, Мисисипи и Кентаки. Преку нивните настани, медиуми и филантропски активности, компанијата стратешки работи на заедничка тло за сите овие заедници, така што служи како приватно финансиран катализатор со ресурси и како посредник за бизнисите, владата, непрофитните организации, црквите, училиштата и други чинители во заедниците, со цел да се обединат околу заедничко чувство за цел. Тие препознаваат дека владата, непрофитните организации, па дури и социјалните претпријатија не можат да донесат промена сами, и дека социјалната промена бара да се плива во водите на политиката и комплексните социјални системи, но и дека треба да постои организација што ќе служи како катализатор и посредник бидејќи таа сочинува важен дел од процесот на станување успешен социјален претприемач.

Во многу случаи, владата може да обезбеди само рамка што дозволува поединците да ги уживаат нивните права и слободи и им овозможува да ги бараат нивните сопствени интереси. Од друга страна, социјалните претприемачи можат да ги охрабрат луѓето преку примена на технологија, основана од донации и инвеститори. Оваа технологија може да се користи на неколку начини со цел да донесе промена.

Замена на клучна технологија со некоја што чини помалку

Додека посветуваме малку внимание на цената на одредени основни технологии во рамки на развиениот свет, во другите делови на земјината топка, технологијата може да биде разликата меѓу животот и смртта. Би-Би-Си има известувано за APOPO – компанија која тренира стаорци да бараат земјени мини за потоа да бидат безбедно отстранети. Ова социјално претпријатие беше развиено како одговор на високата цена на безбедносната опрема и инфраструктура за лоцирање и расчистување мини. Стаорците се премногу лесни за да ги активираат мините, но можат лесно да ги најдат, што им дозволува на доброволците да ги деактивираат без да го ризикуваат сопствениот живот. Одгледувањето стаорци чини многу помалку од одржувањето на технологијата за отстранување земјени мини.

Создавање нова технологија за да се охрабрат заедниците

Технологијата е толку сеприсутна во развиениот свет што ретко сфаќаме колку малку таа се користи во земјите во развој. Развојот на технолошка инфраструктура може да го промени начинот на кој луѓето го доживуваат светот околу нив и да имаат пристап до финансии за реализација на проекти. Еден од најдобрите примери е KIVA. Светскиот економски форум посочува дека KIVA може да биде социјално претпријатие што ќе доведе до позитивни промени за бегалците, со тоа што им дозволува пристап до бескаматни заеми за да можат да си ги вратат животите назад. Компанијата обезбедува поедноставен начин за оние кои сакаат да донираат во земјите во развој да го направат тоа, без притоа да треба да се обратат во локални непрофитни организации, кои пак се третирани и регулирани од страна на банки. Резултатот е подиректна линија за економски дислоцирани лица и понуда на директна помош. Оваа технологија помага да се заобиколи бирократијата и да се направи вистинска промена во животот на луѓето.

Пренамена на постоечката технологија

Веќе постои цела палета технолошки решенија на пазарот. Сепак тие модерни решенија имаат склоност да се сконцентрираат само на развиениот свет и луѓето кои можат да си ги дозволат тие услуги. Земјите што се помалку економски развиени можеби имаат потреба од технолошки решенија но немаат како да ги применат на начин што би направил вистинска разлика. Imazon е одличен пример за она што може да се постигне доколку имате посветеност за правење промена. На нејзиниот вебсајт, компанијата вели дека нивниот фокус е промоција на заштита и одржливиот развој во Амазон во Бразил и ја користи технологијата да го следи тој напредок. Ова го прават со пренамена на далечните податоците од сателитските слики на Google во ажуриран податок во вистинско време за уништувањето на шумите во амазонскиот басен. Инфраструктурата веќе постои, но компанијата сфатила дека таа може да се користи за нивната кауза и ја применила да одговори на овој предизвик.

Технологијата може да биде начинот на кој социјалното претприемништво може да направи влијание во светот, но и сама по себе може да биде моќно средство за промена. Голем дел од бизнисите што прават вистинска, материјална промена денес најверојатно нема да постојат во иднината за да видат како нивните активности влијаеле на светот. Кај социјалното претприемништво не станува збор за награди, туку за нудење помош на други. Токму фокусот на борбите на помалку среќните го одделува социјалното претприемништво од традиционалните бизниси. Целите на двата вида претприемништво се исти – нудење услуги на претпочитаните муштерии. Но мотивацијата за обезбедувањето на тие услуги е дијаметрално различна.

Повеќето деловни оператори знаат колку е тешко да се води бизнис и да бидете сигурни дека тој е профитабилен. Замислете колкав поголем предизвик е да создадете одржливо социјално претпријатие и постепено да го правите се` повеќе независно од инвеститори и добротворни организации? Иако е огромен предизвик, сепак е остварливо. Голем број социјални претпријатија го следеле примерот на Банката Грамин и еволуирале во прописни профитабилни, самостојни компании. Нивниот успех и успехот на оние кои го следат овој модел служат како мапа што успешните социјални претприемачи треба да ја следат кога се обидуваат да ги реализираат своите идеи.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -