Говорот на вашето тело кажува дали сте вистински лидер

Постојано ја гледам истата ситуација. Кога луѓето ќе дознаат дека сум истакнат говорник за говор на тело и лидерско присуство, сите го прават истото: го менуваат држењето на телото – ја држат главата повисоко, ги повлекуваат рамената наназад и ги стегаат мускулите на стомакот, вели докторката по науки Керол Кинси Гуман на нејзиниот профил на социјалната мрежа LinkedIn.

Иако постојат голем број истражувања што го поврзуваат сигурното држење на телото со здравјето, јас знам дека држењето на телото е клучно за тоа како настапувате во јавноста, пред вашите колеги, соработници и деловни контакти, и за успехот во кариерата. Без состојба на рамнотежа во телото, што е мојата дефиниција за совршено држење, луѓето не се способни да го постигнат нивниот целосен потенцијал во која било деловна активност, а особено не како лидери. Дали сте сретнале извршни директори кои имаат млитаво држење на телото?

Ставот влијае на тоа како ве перцепираат луѓето. Некој што има солидно држење на телото испраќа невербални сигнали на енергија, самодоверба и здравје, додека пак лице со лош физички став делува незаинтересирано, несигурно или загрозено, што воопшто не е впечатокот што кој било од нас сака да го остави пред нашите шефови, клиенти или колеги.

Држењето на телото влијае на вербата во нашите лични мислења и способности

Истражување спроведено од Државниот универзитет во Охајо откри дека луѓето кои седат исправено имаат поголеми шанси да веруваат во она што го навеле како квалификации кога конкурирале за работно место. Од друга страна, тие кои се спружиле на масата додека го пополнувале формуларот покажале склоност да не ги прифатат зборовите што самите ги напишале како валидни изјави.

Доброто држење не` прави посилни

Заедничка студија на Факултетот за бизнис Маршал при Универзитетот во Јужна Калифорнија и Факултетот за менаџмент Џ.Л. Ротман при Универзитетот во Торонто, заклучи дека со едноставно усвојување на подоминантни пози (отворено и експанзивно држење), луѓето постигнуваат контрола и се способни да толерираат повисок степен физичка болка и емоционален неспокој.

Држењето е поважно од хиерархиската моќ

Истражувањето на Училиштето за менаџмент Келогс при Северозападниот универзитет, дојде до заклучок дека „експанзивноста на држењето“, односно поставувањето себеси на начин на кој телото е отворено и зафаќа простор, го активира чувството за моќ што поттикнува бихевиорални промени кај човекот, независно од вистинскиот ранг или улога во една организација. Всушност, на систематски начин во три различни студии, беше откриено дека држењето на телото е поважно од хиерархијата и го прави човекот да мисли и да делува на помоќен начин.

Инстинктивно знаеме кој невербален сигнал е круцијален кога станува збор за деловен успех. (Нашите мајки биле во право!). Кога го подобруваме држењето, преку внимание, реформирани навики, или вежбање, покажуваме повеќе енергија, отпорност и самодоверба. Во суштина, изгледаме и се чувствуваме како лидери!

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -