Како да препознаете дали работите во “токсична“ работна средина

Можеби случувањата на работното место и однесувањето на колегите и претпоставените ви изгледа вообичаено, со оглед на тоа дека денес повеќе од било кога се работи брзо и под стрес. Но, што ако работната средина го преминала прагот на “вообичаеност“ и се претворила во токсично гнездо.

Еве како да препознаете дека работите со тим што лошо влијае на вас.

Себичност

Секој си гледа исклучиво само за себе по цена и да “згази“ некој друг, затоа добро внимавајте тоа да не бидете вие. Еден токсичен тим го одликува голема доза на егоцентричност и себичност, карактеристики што можат само да направат штета на останатите.

Бегаат кога има проблем

Кога работата оди како подмачкано тие се први, но кога ќе се појави проблем веднаш бегаат и одбегнуваат одговорност. Тогаш компанијата стагнира, а со тоа и сите вработени.

Недоследност

Во еден момент кажуваат и прават едно, а за кратко време го менуваат мислењето и се однесуваат како сосема поинакви луѓе. Таа игра на недоследност не е соодветна за здрава работна средина и за градење на успешна компанија.

Манипулација

Вработени кои се служат со манипулација за да го добијат тоа што го сакаат се пример за токсични луѓе заинтересирани само за сопственото ЈАС. Тие ќе ви кажуваат најубави зборови и ќе бидете предмет на обожување се додека имаат корист од вас. Потоа ќе ја свртат главата и ќе се прават како никогаш да не сте соработувале.

Обвинување

Дури и кога не сте поврзани со проблемот во канцеларија, егоистичните колеги ќе покажат со прст кон вас и пред да можете да реагирате ќе добиете лоша репутација. Тие толку “добро“ можат да ги наместат работите за да изгледа дека некој друг и виновен за настанатиот хаос. Сигурно не би сакале да работите во таква работна средина.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Финалната листа на Apple за 2019 содржи 230 нови емотикони

Apple доби одобрување од Unicode Consortium за финалната листа на емотикони за годинава, којашто вклучува 230 нови виртуелни фигури. Некои од новите емотикони се фламинго, видра,...
- Advertisment -