Како да започнете бизнис: водич за почетници

Според кинеските верувања, 2020та е година на стаорецот – и се поврзува со одликите на ова животно, како што се брзо размислување и приспособување, како однесување што води до успех и богатство. По година предизвици, кога многумина одбраа да станат или беа приморани да станат самовработени и да започнат сопствен бизнис, како тогаш би можеле луѓето да ги имитираат овие карактеристики?

Информациите што можете да ги најдете онлајн, а кои се наменети да ви помогнат, можат да бидат збунувачки и во преголем обем. Има многу претскажувања каде лежи иднината на бизнисот и како светот по пандемијата може да создаде неочекувани и изненадувачки глобални трендови за раст и зголемени инвестиции. Но, кога почнувате од нула, морате да ги разберете основите, пишува Лиан Тејлор, програмски директор на Универзитетот Источна Англија – Африка и предавач за претприемништво и стратегии.

Кој го сака тоа што го продавам?

Првиот чекор е да сфатите кој е вашиот клиент, корисник или публика. Каде тие пазарат и како ќе ве перцепираат? Податоците покажуваат дека купувањето онлајн во 2016 год вклучило 1,66 билиони дигитални купувачи од целиот свет, а оваа бројка се предвидува дека ќе стигне до 2,14 билиони до 2021 година.

Основачот на Микрософт, Бил Гејтс, тврди дека единствената вештина што им е потребна на претприемачите е остварување продажба. Како што расте вашиот бизнис, одржувањето рамнотежа меѓу продажбата и профитните маргини станува јасно одреден фокус.

Можете да започнете бизнис како трговец поединец или како компанија со ограничена одговорност, без притоа вашата понуда да е целосно совршена. Изградете доверба постепено, додека го тестирате пазарот со производот што задоволува минимум пазарни критериуми. Ова подразбира најосновна верзија од она што го нудите што може да се продаде и што функционира – и што клиентите би сакале да го купат, без „шминката“ што можете да ја додадете подоцна. Нормално е да правите промени откако ќе добиете повратни информации.

Регистрирајте го вашето лого на почетокот. Има предности, ако сте друштво со ограничена одговорност, како што е одбегнување некој друг да ви го ископира. Секако, проверете дали логото што вие го сакате веќе постои во регистар.

Ако започнете бизнис како трговец поединец, тогаш има помалку надзор и регулаторни и правни услови за исполнување отколку ако вашиот бизнис е регистриран како ДОО, што пак претставува поформална правна структура. Од друга страна, ДОО може да остави подобар прв впечаток кај потенцијалните инвеститори. Рано размислувајте за трговските марки. Можете да регистрирате ДОО со неактивни сметки, се` со цел да си обезбедите бизнис име.

Во двата случаи, можно е да ви е потребно осигурување за да се заштитите од јавни одговорности и одговорности поврзани со производот. Ако вработувате персонал, тогаш осигурувањето е правен услов. Ако како трговец поединец, или ДОО користите автомобил, тогаш осигурителното друштво мора да знае за тоа.

Без разлика дали вашиот бизнис е ДООЕЛ или ДОО, добра идеја е да регистрирате вебсајт. Имајте на ум дека ДОО ужива поголема заштита онлајн од трговец поединец. Домејните на социјалните медиуми исто така треба да ги земете предвид.

Дали некој ќе го купи мојот производ или услуга?

Индивидуалната трговија оддава впечаток дека има едно лице позади брендот, но компаниите со ограничена одговорност исто така имаат приказна за раскажување и можат да создадат однос на доверба со муштеријата, клиентот или корисникот. Поставувајте им прашања на вашите потенцијални клиенти, и користете вистински податоци за да го разберете пазарот. Истражувањето на пазарот ќе ви помогне да ја процените конкуренцијата и ризиците – дали веќе некој го произвел тоа што вие го нудите? Со какви проблеми се соочиле тие?

Едно прашања на кое не му се посветува доволно внимание е: „Зошто ти не користиш производ или услуга како мојата?“ Поставете си го ова прашање на самите себе и на вашите таргетирани клиенти. Одговорот ќе ви открие дали тоа што ја спречило таа услуга да биде претходно создадена е поврзано со што било, почнувајќи од цената до пристапноста.

Не се обесхрабрувајте со негативните одговори. Обидете се  да му пристапите на негативниот одговор од лична гледна точка. Лојалноста е клучна за создавањето силна база клиенти и е особено важна во поглед на раскажувањето на вашата приказна што ќе им овозможи на луѓето да ве запознаат. Маркетингот, или со други зборови – известувањето на јавноста дека постоите, во дигиталната ера значи дека не можете да ги одбегнете социјалните медиуми. Користете сајтови за микро блогови ако немате време или LinkedIn и платени извештаи за да стекнете увид во националните статистики за работи од типот на козметичката индустрија, пазарните трендови во вашата област на интерес или информации за употребата на социјалните медиуми, иако таквите информации можат да бидат скапи.

Што е планот?

Одлуката дали ќе бидете ДООЕЛ или ДОО неизбежно значи дека треба да подготвите бизнис план. Во двата случаи, тоа е мисловна вежба, корисна листа на одлуки, оправдувања, непредвидени состојби и истражувања, во најголема мера за сопствени цели, особено кога станува збор за трговец поединец. За да дозволите раст можеби ќе треба да создадете уште една верзија за можните инвеститори.

Бизнис планот не е линеарен документ. Однапред размислувајте за идните трендови за да бидете сигурни дека вашиот бизнис ќе биде отпорен на рецесија. Со оглед на општествените и политичките промени, нема да сакате вашиот производ да биде укинат една година по неговото производство, ако не е во согласност со регулативите за животната средина, на пример.

Со кого би требало да разговарам?

Кога создавате мрежа на луѓе со искуство и релевантно знаење, компаниите со ограничена одговорност се сметаат за посериозни бизниси. На бизнисите им се потребни различни видови мрежи, и шансите се големи дека веќе познавате неколку лица кои можат да ви помогнат. Препораките воспоставуваат доверба и можат да ги забрзаат врските. Менторите нема потреба да знаат дека постоите – можете да прочитате се` што ви треба за успешните основачи на бизниси и да научите од нив без притоа да разговарате со нив.

2021ва е година на волот, што пак подразбира вредна работа, но исто така и признание за таа работа. Одлуката како да го започнете сопствениот бизнис во крајна линија лежи во вашето истражување и носење информирани одлуки. Знаењето е моќ, и покрај се`.

Извор: theconversation.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -