Како да бидете посреќни на работа

Ако поминувате од 30-50 часови неделно на работа, навистина е важно да бидете што е можно посреќни. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат:

Пронајдете смисла

Вие го креирате начинот на кој ја гледате работата. Ако вие мислите дека е досадна и незначајна, така и ќе ја чувствувате. Како и да е, доколку можете да го смените погледот кон вашата работа, ќе може да ги промените и чувствата што ги имате за истата.

Зајакнете ги професионалните врски

Доколку имате здрав и квалитетен однос со колегите, вие ќе бидете среќни и расположени. Не е неопходно да бидете најдобри пријатели надвор од работа, но потрудете се да имате пријателски разговор барем за време на паузите на работа. Прифатете да излезете на ручек со вашите колеги, наместо да јадете сами во вашата канцеларија. Неколку истражувања покажале дека оние кои јадат сами се под поголем стрес и имаат негативен став кон работата.

Персонализирајте го вашето работно место

Поставете си фотографии на вашето биро, инспиративни цитати, донесете си цвеќе… Направете да се чувствувате “како дома”. Канцеларискиот простор, доколку е мрачен, сив или е исполнет со ладни бои, лесно може да ви ја одземе енергијата. Направете го вашиот простор, место каде што со радост ќе влегувате и поминувате време.

Искористете ги паузите

Правењето паузи не само што ќе ви даде енерија, туку и ќе ја подобри вашата перспектива за работата. Искористете ја паузата да се прошетате 10 минути, за да ги разбистрите мислите и да се ослободите од стресот.

Бидете благодарни

Одвојте 15 минути и запишете ги сите нешта што ги цените кај вашата работа. Бидете благодарни за она што го имате. Иако звучи неверојатно но тој мал трик ќе ви помогне да се чувствувате поубаво и поисполнето на вашето работно место.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -