Малите и средни бизниси можат да остварат зголемена продажба преку Амазон

Оваа година беше исклучително тешка за малите и средни бизниси. Пандемијата и економските ефекти што таа ги предизвика наметнаа до сега невидени застои и промени во однесувањето на потрошувачите. Но дури и во вакви услови, малите и средните компании што продаваат преку Амазон искусија рекордно висок раст во продажбата, па така продадени се 3,4 билиони производи во последните 12 месеци, пишува Entrepreneur.

Сара Мадер, сопственик на Palouse Brand, семејна фарма во државата Вашингтон во САД што продава сушен грав, грашок, зрнести производи и други прехранбени производи преку Амазон, се соочи со висок пораст во побарувачката. За да го одржи производството, таа морала да ангажира 50 нови вработени во последните неколку месеци, и да ги прошири активностите на компанијата во втор магацин.

„На почетокот беше малку премногу,“ вели Мадер во врска со нејзината реакција на зголемената продажба. „Знаев дека ми е потребна помош, и имав намера да вработам самохрани мајки и лица кои неодамна биле отпуштени од работа во мојот тим.“ Се` на се`, малите и средни фирми што продаваат преку Amazon.com создадоа, се проценува, 1,1 милиони нови работни места.

Продажбата оди во нагорна линија бидејќи Ковид-19 доведе до зголемено онлајн трошење. Според официјалните бројки од средината на Август, издадени од страна на американското министерство за трговија, онлајн продажбата пораснала за повеќе од 30 проценти помеѓу првата и втората четвртина годинава. Американските мали и средни претпријатија што продаваат преку оваа интернет платформа го чувствуваат зголемувањето на продажбата – лани преку онлајн купување се остварени 100 000 долари продажба, додека годинава таа цифра изнесува 160 000 долари.

„Голем дел од специјализираните продавници што ги нудат нашите производи беа затворени на почетокот на пандемијата, и Амазон стана спас за нас и за муштериите кои сакаа да ги купат нашите производи без притоа да имаат пристап до физичка продавница,“ објаснува Мадер. „Нашата продажба порасна за 400 проценти во текот на годината, а во Јули исфрливме и нова линија на производи што се растени на одржлив начин.“

Советот на Мадер за сопствениците на бизниси кои сакаат да го повторат нејзиниот успех е „да бидете подготвени да ја сработите работата“. Таа признава дека водењето на сопствениот бизнис и одржувањето на нејзината продавница на Амазон изискуваат посветеност и голема количина време, но таа потенцира дека за секој саат што таа го вложува во растот на нејзиниот бизнис гледа поврат на таквата инвестиција скоро веднаш.

Научете ги тајните како да продавате повеќе онлајн

Од 1-3 септември, Амазон ги собира малите и средни бизниси на неговиот најголем настан посветен на успехот на американскиот продавач – Amazon Accelerate, каде што, на повеќе од 60 сесии ќе бидат присутни извршни директори и вработени на Амазон, сегашни продавачи, но и независни експерти за онлајн продажба. Тие ќе го споделат нивното искуство и знаење, како и стратегиите за продажба на оваа компанија пред секој кој ќе се пријави да присуствува на овој онлајн настан.

На вториот ден на настанот, Мадер ќе ги сподели со пошироката јавност нејзините сопствени совети и трикови за успешен бизнис. На нејзиниот панел, учество ќе земат и други основачи на компании и извршни директори, кои ќе зборуваат за најдобри практики за успех во време на пандемијата, како да се пребродат предизвиците што пандемијата им ги постави на малите бизниси и како да имаат најголеми шанси за успех ако продаваат преку Амазон.

Без разлика дали во моментов продавате преку Амазон или се мислите дали да почнете со онлајн продажба за првпат, Amazon Accelerate претставува идеален настан да дознаете повеќе за тоа како работи платформата, да се поврзете со колеги и да ги дознаете нивните стратегии за раст на бизнисот, но и како да се приспособите на варијабилноста во сегашната средина. Настанот е целосно виртуелен и секој може да учествува бесплатно. Повеќе за настанот и како да се регистрирате можете да дознаете на овој линк.

Амазон исто така нуди голем број слободни онлајн ресурси чија цел е да ги охрабрат сопствениците на мали бизниси да станат нивни успешни партнери и да им се приклучат на повеќе од 2 милиони независни бизниси основани во САД кои работат со оваа компанија. Дополнително, Академијата на Амазон за мали бизнис (Amazon Small Business Academy) нуди бесплатни вебинари на различни теми, почнувајќи од како да започнете сопствен бизнис и како да научите да продавате онлајн.  

Имајте на ум, дека заедницата на бизниси што продаваат преку Амазон е огромна. Малите и средни компании чија продажба расте забрзано за време на пандемијата доаѓаат од сите држави во САД и од повеќе од 130 различни земји во светот.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -