Сајмон Синек: Зошто повеќето претприемачи не успеваат

Има голема мудрост во сфаќањето дека животот е и краткотраен и долготраен истовремено. Повеќето луѓе разбираат дека нема да живеат засекогаш. Современото општество дури има и создадено цела субкултура околу фразата: „се живее само еднаш“.

Кога размислуваме за краткотрајноста на животот одлучуваме дека дејството мора да биде непосредно. Се брзаме и се обидуваме да постигнеме што повеќе можеме за време на малиот број денови што ни преостануваат.

Но во исто време, постои и мудрост во живеењето и сфаќањето дека најверојатно ќе добиеме повеќе денови на располагање од само утрешниот ден. Некои работи едноставно одземаат време и најдобриот чекор е да се појавите (на работа), секој ден, со сконцентриран напор. Постои и нешто што се нарекува „маратонски менталитет“, концепт кој ја опфаќа и одложената благодарност.

Ова особено важи ако сте посветени на играњето на она што Сајмон Синек го нареукува „Бесконечната игра“.

Синек неодамна објави книга со овој наслов. Во неа, тој го анализира прашањето зошто повеќето бизниси се склони кон неуспех. Тој заклучува дека поголемиот дел од времето, главната причина зошто претприемачите имаат тенденција да губат се должи на фактот што тие ја занемариле бесконечната игра во замена за помали, конечни игри.

Синек истакнува дека дури и една компанија да е успешна на почетокот, претприемачите, во просек, не создаваат трајни вредности. Просечниот животен век на една компанија опадна од 61 година на помалку од 18 години во нашиот денешен свет на бизнисот.

Крајната поента е дека повеќе претприемачи не успеваат и тоа многу побрзо во споредба со претприемачите од пред две децении.

Ако сакате да бидете успешен како претприемач, морате да започнете со размислување за вашата лична бесконечна игра. Морате да имате желба да размислувате отаде следниот квартал и да почнете да размислувате за идната генерација.

Што претставува „Бесконечната игра“?

Поголемиот број претприемачи се вовлекуваат во конечни игри, цели и задачи. По одредено време, постојаниот фокус на конечната игра ќе ја попречи вашата креативност, ќе ги намали вашите стандарди, и ќе го подигне начинот на размислување околу идејата дека треба да победите по секоја цена.

Вашиот ум мора да е фокусиран на бесконечната игра.

Бесконечната игра е мотивирана од правична цел. Таа е мотивирана од збирот од вредностите и целите на една организација што е поголем од која било личност инволвирана во работата на истата, поголем од кој било производ, па дури и од која било цел.

Синек ја опишува правичната цел на следниов начин: „Правична цел е специфична визија за идната состојба што се` уште не постои; идна состојба која е толку привлечна што луѓето се желни да прават жртви со цел да напредуваат кон таа визија.

Во бесконечната игра, претприемачот идентификува праведна цел и го насочува неговиот или нејзиниот живот кон неа. Претприемачот го мотивира својот тим, ги дизајнира производите, и создава долгорочна арка околу визијата која им служи на луѓето на еден материјален и специфичен начин.

Ако ја немате одредено правичната цел, на крајот повторно ќе бидете вовлечени во конечната игра. Правичната цел може да му помогне на претприемачот да носи одлуки засновани на сфаќањето дека тој не работи само за да добие некаква титула, позиција, профитна маргина, или цена на акциите.

Ако ви треба доказ за тоа како неуспехот да се идентификува правичната цел може да го тргне претприемачот од вистинскиот пат, земете ја за пример една од најпретприемачките организации од минатиот век – НАСА.

Во раните 1960ти, НАСА си постави цел да слета на месечината пред крајот на декадата. Колку и да е смела оваа цел, таа е само тоа – цел. И не беше правична цел.

Сите знаеме дека НАСА успеа на крајот да однесе човек на месечината во 1969 год. Тие ја постигнаа нивната цел, но не успеаја да се подготват за долгорочно влијание врз идните генерации. Токму затоа, во последните пет децении тие се соочени со бавно опаѓање на работата, која заврши со ставањето крај на програмата за вселенски шатли во 2011 година.

Изградете си ваш сопствен Дизниленд

Ако имате правична цел и сте желни да изградите целосен претприемачки потфат околу неа, тогаш ќе треба да донесете некои тешки одлуки.

Развивањето на бизнисот со фокус на вашата правична цел значи дека ќе треба да ги цените луѓето повеќе отколку профитот. Тоа значи дека ќе работите многу за да создадете средина каде што ќе можете „да се чувствувате инспирирани секое утро, безбедни кога сте на работа и исполнети на крајот на секој ден“.

Тоа е начинот на кој размислува претприемач кој ја игра бесконечната игра.

За да бидат бесконечни во оваа смисла, претприемачите мора да имаат волја да гледаат преку нивните непосредни околности, кон непознатото.

Работењето на нешто во што сте добри, но што не и` служи на вашата правична цел не е успех. Тоа е пасивност. Можете да бидете одлични и да не се чувствувате живи во вистинската смисла на зборот. Можете да бидете богати и да се чувствувате мизерно.

Да го разгледаме примерот на Волт Дизни.

Синек истакнува дека Дизни имал правична цел да ги инспирира луѓето преку креативен начин на раскажување приказни. Тој бил изумител на едни од најуспешните, и во тоа време, највосхитувачките напредоци во анимираниот филм. Но, на почетокот на 1950тите, Дизни раководел со успешна компанија и чувствувал дека се оддалечува од неговата правична цел – преземал дејства и носел одлуки што се приближувале до конечната игра, отколку до бесконечната.

Дизни решил да ги смени брзините, речиси целосно. Почнал да создава нова визија за прекрасен тематски парк, инспириран од приказните. Во 1954 год, тој го отвора Дизниленд во Калифорнија.

Многумина го сметаат Волт Дизни за дефиниција за успешен претприемач, со способност да внесува коренити промени во самата индустрија. Но малкумина ги знаат сите чекори што ги поминал за да стигне до тоа ниво. Тој успеал во неговата мисија благодарение на играњето на бесконечната игра.

Откривањето на вашата бесконечна игра

Како што ја читате книгата на Синек, најверојатно самите ќе сфатите дека лично сте се упатиле кон некакво си мочуриште од конечни игри. На професионален план, повеќето од нас го сосредоточуваат развојот на сопствената кариера кон стекнување одредена титула. Повеќето претприемачи дозволуваат метриката и фискалните исходи да се вовлечат во личната визија и траекторијата што ја следат.

Таквите професионалци треба да направат чекор наназад и одново да ја дефинираат правичната цел. Треба да научат како да ја играат бесконечната игра. За да го постигнете тоа, поставете си ги следниве прашања:

  • Зошто сакам да работам? За што да се чувствувам оптимистичен во иднина?
  • Со кого или со каков вид луѓе би сакал да сум инволвиран во бизнисот за 20 години од сега? Дали мојата визија ги вклучува тие луѓе?
  • Како можат да ги поврзам моите вештини со одредена материјална потреба?
  • Дали мојата визија е отпорна или зависи од некакви напредни околности или средина, и дали таа може лесно да се промени?
  • Дали еден ден ќе бидам способен реално да ја остварам таа визија самиот? Доколку, да, тогаш треба да размислувам пошироко.

Но најважното прашање е следново: „Дали мојата визија е способна да опстои и по мене, за идните генерации?“

Кога се вовлекуваме во ритамот на конечните игри, стануваме краткогледи. Почнуваме да ја губиме нашата способност да правиме квалитетни приоритети и да гледаме преку непосредното влијание. Токму во тој момент, повеќето претприемачи почнуваат да одат надолу.

Тире

На крајот на неговата книга, Сајмон пишува: „Никој од нас не сака на надгробниот споменик да ја види состојбата на банкарската сметка“. Повеќето од нас, најверојатно сакаат да знаат дека нашите животи на Земјата биле важни.

Како претприемач, сакате тире-то да е важно. Тире-то е тој единствен знак што стои помеѓу годината во која сте родени и годината во која ќе го напуштите овој свет.

Ако ја играте бесконечната игра, тире-то ќе ве поврзе со некој друг. Со многу други луѓе. И вашето наследство ќе ве надмине. Тие врски се токму примерите што го покажуваат најголемиот успех.

Извор: asianentrepreneur.org

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -