Раст со цел: како да ги инспирирате другите да создадат промена

Живееме во свет во кој многу нешта се сменија во краток временски период. Пандемијата не` принуди сите да се соочиме со кршливоста на нашиот свет и да размислуваме за комплексната врска меѓу нашето здравје и здравјето на нашата планета. Ова време исто така натера голем број компании да ја преиспитаат сопствената цел, пишува Свита Харит, потпретседател на глобалниот бренд Евиан, каде таа го предводеше процесот за здобивање со сертификат за неутрален јаглероден отпечаток во април годинава, за triplepundit.

Лично за Харит, оваа година е година на постигнување неколку прагови во поглед на напредокот на компанијата, бидејќи Евиан усвои уште поодржлив бизнис модел, и цели да стане бренд кој целосно ги почитува принципите на циркуларната економија до 2025 година, покрај добивањето на сертификатот за неутрален јаглероден отпечаток во процесот на производство.

Претприемништвото и инвестициите како чекор напред кон социјална добросостојба

Надежта не е само позитивно размислување, туку вредна алатка што можеме да ја користиме за време на криза

Промени што бизнис лидерите треба да ги земат предвид ако сакаат да се движат напред

Иако нејзината компанија делува сега, овие промени не се случија преку ноќ – како и во секој бизнис. Таа вели дека мораме да продолжиме да размислуваме за целта на самата компанија и како да се поистоветат развојните процеси со чиста и здрава планета.

Наједноставното е најтешко да се спроведе

Има многу теории за тоа како бизнисите треба да растат. „Јас верувам дека еден од најдобрите начини е едноставен, но не е лесно да се имплементира: да се стави целта на вашиот бренд пред се` што правите. Оваа теорија се однесува на брендовите кои сакаат да покажат дека презеле дејства. Оваа планета нема да не` чека,“ потенцира таа.

„Брендови на мисија“ е книга која неодамна излезе од печат, напишана од Мириам Сидибе, виш соработник на училиштето Кенеди при универзитетот Харвард, чиј фокус е токму тоа. Книгата им покажува на читателите неколку примери како брендовите не само што можат да создадат социјални мисии со висок степен на влијателност што го подобруваат јавното здравје и сигурноста, туку можат да го постигнат тоа додека истовремено се профитабилни и остваруваат раст. Со нивните, често пати широк дострел и ресурси, брендовите можат да делуваат како трендсетери, и нивните производи и маркетинг стратегии можат да инспирираат позитивни дејствија.

Во нејзината книга, Сидибе зборува, на пример, за тоа како една компанија што се занимава со производство на опрема ги подобрила санитарните услови во Индија, Бангладеш и Танзанија; или како бренд што произведува паста за заби помогнал во справувањето со отсуствата од работа, па дури и како бренд за производство на пиво се справува со последиците од домашното насилство.

Силна маркетинг кампања може да го смени однесувањето на потрошувачите

Неодамна Харит работела со Сидибе за да истражат како Евиан може да ги инспирира луѓето да рециклираат пластични шишиња, особено преку позитивното влијание на нивната кампања од 2019 година, позната како #FlipItForGood. Во нејзиното истражување од 1200 учесници, Сидибе докажа дека предизвикот поттикна создавање на начин на размислување со фокус на рециклирање и го зголеми рециклирачкото однесување, односно дека рециклирањето на шишиња за вода се зголеми за 56%, а рециклирањето на хартија за 47% за време на периодот додека траеше кампањата.

За Евиан, оваа кампања е очигледен пример што покажува како брендовите можат да изнајдат начини да ги нивелираат нивните платформи за да мотивираат промена во однесувањето на нивните клиенти во поглед на пластичниот отпад. Исто така, кампањата потенцира и колку едно едноставно дејствие како што е ставање на пластичното шише во вистинската канта може да има огромно влијание кога се спроведува колективно.

Секако, сега знаеме дека пандемијата на Ковид-19 претставува закана. За Евиан, како што продолжува трањето на кампањата, исполнувањето на дадените обврски станува се` потешко и потешко, и потрошувачите го имаат забележано тоа.

Заложбите за постигнување одржливост треба да бидат многу повеќе од обични ветувања. Тие мора да бидат составен дел од секоја бизнис стратегија, и најважно, од вредностите на брендот. Според Харит, бизнисите мора да имаат крупни и амбициозни цели за одржливост, но не треба да дозволат стравот од почнување со мали чекори да ги парализира. Она што е важно е да се почне од некаде, иако тие дејствија можат да делуваат мали на почетокот. Гледано на долг рок, тие семиња ќе вродат со плод и ќе направат разлика.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -