Пет начини како успехот може да ја промени личноста

Кога размислувате за вистински успешните луѓе што или ги познавате или ги следите преку медиумите, кои лични квалитети сметате дека се нивни главни карактеристики? На пример, милијардерите Ричард Брансон и Џеф Безос го користат богатството за да одат на авантури со вселенски бродови, трошат милиони за буквално да го напуштат овој свет. Кои се личните квалитети, според вашето мислење, што ги мотивираат не само да стекнат богатство, туку и да добијат такви искуства што обичните луѓе не можат никогаш да ги имаат?

Можеби исто така се прашувате што се случува со луѓето кои вистина го постигнуваат тој успех, особено кога се млади. Што се случува со олимписките ѕвезди или рок музичарите? Тие се втурнале во кариера со цел да дадат се` од себе, да работат најдобро што можат, за што е потребно не само талент туку и истрајност. Кога еднаш ќе го достигнат врвот во спортот или уметноста, нивните животи почнуваат да се менуваат на начини што ги тера да бидат сконцентрирани на себе, па дури и нарцисоидни. На крајот на краиштата, не само што нивните потреби ги задоволуваат асистенти, тренери или менаџери, туку тие се исто така идеализирани од милиони луѓе ширум светот.

Кога овие информации ги сведувате на ниво на вашите сопствени дневни искуства и луѓето кои ги знаете, размислете за мајката на вашиот најдобар пријател, жената која ја познавате со години. Сетете се каква била кога првпат сте ја запознале кога имала 40тина години, кога била жена со многу интереси и хобија. Скоро и да немало занает што не била подготвена да го научи. Исто така, покажувала висок степен на љубопитност за видот музика што ви се допаѓал вам и на вашиот пријател иако припаѓала на различна генерација. Истовремено, работела прилично добро платена работа, но сега по отприлика 20 години кариера, може да се смета за богата жена. Сето време успеала да ги одржува нејзините интереси широки, и сега, како никогаш претходно, е желна да испробува нови нешта и да посетува нови места.

Идејата дека личноста се калапи и потоа се реформира преку искуствата е централно за она што се нарекува „ко-респонсивен принцип“. Социјалните искуства, особено тие инволвирани во работата, играат клучна улога во возрасното доба. „Инвестирате“ во вашата работна улога, и за возврат, кога веќе сте комотни во неа, тогаш очекувањата и нормите водат кон додатни промени во вашите способности, како и во вашиот базичен карактер. Мајката на вашиот пријател, според ова гледиште, најверојатно ја одбрала работата што ја охрабрувала да се искаже себеси на нови и неочекувани начини. Како што се` повеќе станувала охрабрена да се себе-изразува, таа продолжила уште повеќе да расте како личност, додека истовремено станувала се` поуспешна во однос на унапредувањата и покачувањето на платата.

Успехот и моделот на петте фактори

Во моделот на личноста што вклучува пет фактори, се смета дека луѓето имаат пет основни диспозиции или карактеристики: невротичност, отвореност за искуства, екстровертност, совесност и допадливост. Според Андреас Хирши и неговите колеги од Универзитетот во Берн (2021), овие карактеристики можат да се менуваат во текот на возрасните години од животот со особените карактеристики на работната позиција: „поединците можат да искусат промени во карактерот врз основа на идиосинкратски животни искуства, како што е личен развој или организациони и животни настани“ и „како такви, постои прифаќање…. дека личните карактеристики можат да се променат како резултат на различни работни искуства“.

Подетална анализа на оваа изјава, и врз основа на ко-респонсивниот принцип, Хирши и неговите колеги предлагаат дека секоја од петте наведени карактеристики ќе оддава различни влијанија поврзани со работата, што пак за возврат води кон дополнителни промени на личноста. Конкретниот вид работни искуства што го изучувал тимот воден од швајцарскиот автор вклучува успех, мерен според приходите и престижот, или степенот на општественото признание (на пр. физичар има повисок престиж отколку вработен во малопродажба).

Хирши и неговите колеги користеле податоци од долгорочно истражување познато како Германска социо-економска панел студија, кои се однесуваат на 2005та, 2009та и 2013та година. Вкупно 4 767 учесници, од кои 59% биле мажи, од 19 до 57 годишна возраст на првото тестирање, го пополниле тестот за моделот на личноста со петте фактори неколку пати во текот на истражувањето. Авторите исто така имале пристап до приходите и престижот на работните места на учесниците во германската студија, па можеле да ги тестираат т.н. заостанати односи во кои личноста го предвидува првичниот успех, што за возврат, влијае на карактерот и на крајот на кариерниот успех.

Пет начини на кои успехот не само што раѓа успех, туку и промена на карактерот

Анализирајќи ги наодите, авторите успеале да го одредат односот помеѓу секоја карактерна црта и успехот врз основа на шемата на значајни претскажувачи со текот на времето. Како што читате за секоја шема, размислете каде вие припаѓате на овој пакет од пет фактори и како вашиот личен успех се поврзува со секоја карактеристика. Ако претпочитате, можете да се замислете себеси не во контекст на успех на работа, туку можеби како успех во некој друг животен потфат што го зафаќа вашето време и енергија. Можеби нема да сте во можност да ги користите истите индикатори (на пр. плата или престиж), но можеби постојат споредливи мерки, како што е добитник на награди на различни натпревари.

За секоја од карактеристиките, ко-респонсивниот принцип работи на начин што го одразува влијанието на личноста на успехот и потоа влијанието на успехот на личноста:

  1. Невротичност: луѓето со повисок степен на оваа карактерна црта имаат помали шанси да остварат кариерен успех, бидејќи „невротичноста е препрека во остварувањето на објективен кариерен успех“. Сепак, ако луѓето успеат да постигнат успех без разлика на овој проблем, тогаш нивната невротичност има шанси да се намали со тек на време бидејќи учат како да ги поттиснат нивните хронични тенденции да се грижат и да имаат мрачен поглед на животот.
  2. Отвореност: оваа карактеристика е „извор за постигнување објективен кариерен успех“ бидејќи отвореноста кон нови идеи ви дозволува да најдете иновативни решенија на проблемите. Резултатите од успехот во решавањето проблеми се претвораат во уште поголеми тенденции да се размислува надвор од кутијата како што луѓето стареат.
  3. Екстровертност: иако луѓето со висок степен на екстровертност можат на почетокот да искусат успех врз основа на нивната способност да шират позитивни вибрации, успехот по себе води кон пониски нивоа на екстровертност со тек на време. Авторите напоменуваат дека „успешните поединци можеби помалку зависат од поддршката што ја добиваат од други“, што ги води кон тоа да има помалку барања поврзани со општествената улога.
  4. Свесност: помалку изненадувачки, учесниците во истражувањето што покажувале повисок степен на свест всушност примале пониски приходи и помалку унапредувањето со тек на време. Авторите на студијата сугерираат дека, врз основа на претходни вокациски истражувања, луѓето кои се посвесни бараат „конвенционални“ занимања, што им ги скратува шансите да се качуваат на кариерната скала. Истовремено, ако луѓето со свесни карактери успеат да стекнат некаква слава, можеби ќе откријат дека не треба да се грижат толку многу за детали, па дозволуваат дел од нивната трудољубивост да ја снема.
  5. Допадливост: луѓето со повисок степен допадливост имале пониски почетни плати, но со тек на време ко-респонсивниот принцип не може да се примени на оваа карактеристика. Авторите предлагаат дека можеби постојат поделикатни фактори што влијаат на оваа карактерна црта, во зависност од конкретната индустрија. Можеби е подобро да сте про-социјален тип (да сте љубезни со другите) или да бидете понемилосрдни со цел да напредувате. Исто така возможно е луѓето кои остваруваат успех да ги поттикнуваат сопствените про-социјални склоности бидејќи веќе не треба да газат по други за да стасаат до врвот.

Успехот и вашиот личен карактер

Сега кога ги согледавте наодите и размисливте за тоа како тие можат да се применат на вас, би требало да сте во можност да го трасирате вашето сопствено карактерно патување хронолошки. Какви сте биле кога сте започнале да работите или кога сте почнале да ги задоволувате личните интереси и хобија? Кои аспекти од вашата работа ја поттикнала промената на вашата личност?

Исто така можете да добите увид во склоностите на богатите и познатите. Да се вратиме на случајот на Брансон и Безос, можеби не сте следеле одблизу што точно правеле во професионалниот свет, но сега кога размислувате за изборите што ги направиле, како би можела нивната успешна кариера да ги доведе до тоа да ги бараат најновите авантури?

Како заклучок, ако сте несреќни со насоката во која се движи вашата личност и засегнати од што тоа значи за вашиот успех, можете да најдете спокој во наодот дека на пример, дури и високо невротичните се способни да ги надминат личните ограничувања со кои можеби се соочиле во нивната кариера. Не е возможно да знаеме дали „научиле“ да бидат помалку невротични или добиле професионална помош за справување со нивната хронични склоности да се грижат. Сепак, фактот дека биле формирани преку средината може да служи како инспирација за вас да го пронајдете сопственото исполнување на кои било начини на кои го дефинирате успехот.

Автор: Сузан Краус Витбурн, проф д-р за писхилошки и мозочни науки при Универзитетот Амхерст во Масачусетс. Нејзината последна книга се вика „Потрагата по исполнување“.

Извор: Psychology Today

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -