Парадоксот на обучувањето

На врвот на кој било вид потфат, ќе откриете дека најефикасните луѓе имаат обучувачи (коуч), пишува Сет Годин, еден од најизвиканите автори за претприемништво и маркетинг, мотивациски говорник и мастер обучувач според Њујорк Тајмс, на неговиот блог.

Пијанисти, оратори и спортисти, сите имаат обучувачи. Всушност, би било чудно да имаме слушнато за некој кој излегува редовно на бина или на терен а кој нема обучувач или тренер.

А сепак, во светот на бизнисот тие луѓе се сфаќаат како исклучоци.

Делумно, причината лежи во фактот што работата ја чувствуваме како екстензија на нешто што сме го правеле цел живот. Уметничко лизгање не е како одење во училиште, но секојдневното одење на работа се чини дека е. Фразата „го владеам ова“ се сфаќа како орден на честа.

Друг дел од причината е што неколкумина обучувачи даваат изјави што делуваат тешки за верување и не сме баш сигурни што точно тие работат. Не помага и фактот што нема лесен начин да идентификуваме каков вид обучувач ни треба или што ќе добиеме за возврат…

Излегува дека луѓето со потенцијал да извлечат најмногу корист од обучувач често пати се двоумат токму поради тоа што се` се подразбира под поимот обучување.

Разговор за нашите предизвици. Поставување цели. Прифаќањето на идејата дека можеме да се подобриме. Ревносно барање одговорност…

А сепак го тргаме погледот и се двоумиме. Тоа можеби се должи на тоа што консултациите со обучувачот се толкуваат како знак на слабост. И што ако ги признаваме нашите предизвици но не успеваме да ги надминеме? Можеби не сакаме да дозволиме да настапи промена или сме загрижени кога ќе се случи.

Една компанија на која и` се восхитувам, продолжува Годин, верува во обучувањето толку многу што веќе имаат вработено неколку, за да се осигураат дека нивните лидери имаат корист од тие консултации. Но најчесто, обучувањето е нешто за коешто треба самите да платиме.

И така, плаќањето на обучувач за нешто што е тешко да се измери, што може да е социјално чудно, за да се подобриме во нешто што го чувствуваме како нормално, во комбинација со двоумењето во врска со барањето помош, чудно е што некој воопшто и работи со обучувач. Парадоксот се состои во тоа што токму тие нешта што не` спречуваат да се обратиме на обучувач се причините поради кои ни треба обучувач на прво место.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -