Македонија: Објавен јавен повик за зајакнување на конкурентноста на домашните компании во пост Ковид периодот

Министерството за економија го објави јавниот повик за финансиска поддршка за компаниите за зајакнување на конкурентноста во пост Ковид периодот.

Оваа мерка предвидува финансиска поддршка од 20 милиони евра за сите деловни субјекти од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот кои во текот на 2020 година ќе реализираат инвестиција.

Висината на финансиската поддршка изнесува 25% од реализираната инвестиција според инвестицискиот план кој што ќе го достави апликантот но не но не повеќе од:

  • 40.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година не повисок од 1.000.000 евра
  • 100.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 1.000.001 евра до 10.000.000 евра
  • 140.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 10.000.001 евра до 50.000.000 евра
  • 200.000 евра за компании кои оствариле приход во 2019 година повеќе од 50.000.000 евра.

Повикот е отворен до 31 јули, 2020 година. Барањето заедно со дополнителната документација се доставуваат во затворен плик до архивата на Министерството за време на работните часови (09 – 15 часот).

Евалуацијата на барањата ќе ја врши самото министерство, а компаниите кои ќе потпишат договор ќе треба да достават и меница како обезбедување на истиот.

Повеќе информации поврзани со повикот и потребната документација може да дознаете на следниот линк.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -