Како да ја победиме апатијата поврзана со Ковид-19

Ковид-19 во САД е далеку од надминат. Инфекциите продолжуваат да ги зафаќаат сите можни заедници во земјата. Високите стапки на заразени лица натераа неколку држави да ги сопрат плановите за ново отворање на економијата. Лидерите во секторот на јавното здравје предупредуваат дека Американците можеби и нема да доживеат „вистински нормална“ состојба следната година, но дури и ова тврдење делува оптимистички. Пандемијата не си отиде, пишува Џошуа Лиао, лекар по интерна медицина на Универзитетот во Вашингтон каде работи на факултетот за медицина и јавно здравје, за Форбс.

Сепак се` повеќе и повеќе луѓе во САД се однесуваат како пандемијата да не постои. Се` помалку Американци ги поддржуваат државните и локалните мерки за затворање на бизнисот, се откажуваат од патување и физичко групирање. Со текот на времето, повеќе Американци изјавиле дека се собираат со други лица без да одржуваат социјална дистанца, и покрај постојаните, нашироко распространети кампањи чија цел е да ги обесхрабрат ваквите собирања.

Премногу голема закана за процесирање

Ако пандемијата продолжува да претставува сериозна закана, тогаш зошто некои луѓе се се` повеќе апатични кон однесувањата што во суштина ги ублажуваат нејзините последици?

Според едно објаснување, луѓето се недоволно опремени за справување со закани како што е Ковид-19. Со текот на времето, луѓето развиле системи за справување со непосредни опасности, како автомобили кои итаат додека го преминувате пешачкиот премин. Когнитивно, овие закани допираат до она што некои научници го опишуваат како начин на размислување според „Систем 1“: брзи, интуитивни, речиси автоматски начини на процесирање и реагирање на дадена информација. Биологијата исто така игра улога. Непосредните закани можат да поттикнат одговори од типот на „бори се или бегај“ – забрзан здив, вцрвенета кожа, мускили што треперат, состојби што брзо не` подготвуваат да се бориме или да бегаме.

Ваков вид систем не постои за далечни закани. Луѓето се познати по тоа што лошо проценуваат ризик, особено на долг рок. Како вид, исто така сме склони кон „хиперболично отфрлање“, т.е. концептот што ја опишува нашата тенденција да претпочитаме помали, непосредни награди наместо поголеми и одложени.

Овие сили создаваат апатија за сериозни, но бавно движечки закани. Размислете го проблемот со климатските промени. Тој е сериозна и егзистенцијална закана со која сите сме соочени. И покрај значителните докази и голем број на повици за акција, глобалната заедница бавно го решава овој проблем.

Една причина за оваа парализа: нашиот когнитивен систем дозволува нашата грижа за краткорочни закани, како изгубен профит во бизнисот или можностите за економски развој, да ги потопи долгорочните закани, како несигурности поврзани со изворите на храна и низок степен на квалитет на воздух. Голем број луѓе најверојатно го перцепираат Ковид-19 на сличен начин; тоа е сериозна закана што делува далечна и се движи бавно (како на пример ниски локални стапки на заразени лица, немање случај на заразен во потесното семејство, итн.).

Луѓето се исто така склони да одговараат на мерливи закани. Но задачата е потешка кога заканите се обвиени со несигурност. Овој проблем се зголемува кога станува збор за прашања од типот на климатски промени, каде нејасната смисла за конкретните последици – точната големина на покачувањето на температурите, големината на штетата на биодиверзитетот, конкретни подрајча и заедници што највеќе ќе бидат погодени – можат да спречат преземање дејства.

Ковид-19 може да создаде сличен вид инерција. И покрај сите стекнати информации и лекции на научната заедница за вирусот, има многу работи што се` уште не се познати. Ако може да опстане во воздухот, тогаш кои се точните опасности од пренесувањето на вирусот преку воздух во споредба со инфекциите што настануваат при близок контакт? Ако недоволното проветрување го зголемува ризикот од пренесување, што тогаш ја дефинира безбедната вентилација во авионите, споредено со ресторани и други затворени средини? Несигурноста во врска со овие и други прашања ги тера луѓето да се потпираат на погрешни ментални методи кога станува збор за носење одлуки поврзани со Ковид-19. Со тек на време, несигурноста може да создаде и апатија во врска со важноста на тие одлуки.

Што може да се направи?

Јавните власти и лидерите на бизнис заедниците можат да преземат неколку чекори за да се справат со недостатокот на преземени дејства. Најпрво, лидерите можат истражувањата што ја намалуваат несигурноста за ризиците поврзани со Ковид-19 да ги направат приоритет. Особено јавните власти можат да финансираат студии за проценка на ризикот од инфекција во конкретни средини, додека пак бизнис лидерите можат да станат партнери на истражувачите со тоа што ќе обезбедат технологија за тие студии или да ги охрабрат вработените да учествуваат во нив.

Второ, лидерите треба да одржуваат комуникациски стратегии за да споделуваат информации за Ковид-19 со конституентите и вработените. Ова можеби не делува како врвен приоритет со оглед на тоа колку место му се дава на Ковид-19 во националните вести. Но комуникацијата сега е клучна со оглед на количината на информации, и дезинформации, што постојат во врска со пандемијата.

Лидерите можат да ја намалат таа бучава и да се борат со апатијата со примена на принципи од бихевиоралната наука. На пример, лидерите можат да ги врамат информациите за Ковид-19 на начини што се блиски до конституентите и вработените. Комуникациите можат да ја израмнат моќта на социјалните влијанија и застапеноста на Ковид-19 на социјалните мрежи за да се истакне непосредноста на пандемијата и нејзината важност во нечии социјални кругови. Важно е да се знае дека лидерите можат да користат комуникации за јавно да го прифатат и да се справат со субјективното оценување, со промовирање на заедничкото разбирање меѓу поединците со различни гледишта.

Секако, бихевиоралните тенденции не се единствените поттикнувачи на инерција или небезбедно однесување во однос на пандемијата. Справувањето со когнитивните субјективни толкувања исто така не ја спречува потребата за координирано надгледување на јавното здравје, развојот на вакцината, и другите мерки. Сепак, човечкото однесување е последниот заеднички пат за сите интервенции, и оттука игра клучна улога во крајното надминување на последиците од пандемијата. Мораме да се справиме со апатијата за да ја постигнеме таа цел.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да бидете лидер кој вработените го почитуваат

Само што сте го вработиле совршениот работник. Неговата или нејзината целокупна деловна моќ е голема колку и неговото или нејзиното функционално знаење....
- Advertisment -