Како да останете иновативни во несигурни времиња

Несигурноста е предизвик, највеќе поради тоа што кога се соочуваме со неа, повеќето го бараат едното нешто што уште долго време нема да го имаме, а тоа е сигурноста. Голем дел од нас сакаат повторно да бидат максимално ефикасни и со сигурност да знаат што точно се случува. Сепак, за сите нешта што не ги знаеме, има некои едноставни, повторливи работи што ги правиме и што ни создаваат чувство на сигурност, иако често не ги сметаме за приоритети за сметка на други, за некое посигурно време за нашиот бизнис, пишува Лари Робертсон, советник кој работи, пишува и насочува во областите на креативноста, лидерството и претприемништвото.

Станува збор за пет исклучиво човечки квалитети што заедно го составуваат не само најдобриот сет алатки за победување на несигурноста, туку и потребниот арсенал што ќе ви помогне да ја надминете и да растете и развивате. Станува збор за комуникација, соработка, компромис, креативност и сочувство.

Но најпрво, во однос на вашиот претприемачки мозок, кој е постојано ангажиран да ви кажува да престанете да го читате ова и да се вратите на борбата на навидум бескрајната серија пожари што во моментов ги преплавува нашите животи секој ден. Тие предизвици не можат да се игнорираат, но ако само се фокусирате на механиката на вашиот бизнис, тогаш најверојатно нема да направите чекор напред за да се справите со несигурноста. Вашиот замор од последните неколку месеци ви ја кажува вистината.

Обидете се со нешто ново. Време е да почнете да ги следите принципите на петте споменати категории, почнувајќи со трите најважни: комуникација, соработка и компромис.

Комуникација, соработка и компромис

Зошто фокусот на овие три нешта функционира? Затоа што тие ви овозможуваат да забавите, да направите доволно долга пауза за да можете да процесирате што навистина се случува. Споделувањето на одговорноста што доаѓа со лидерството и носењето одлуки му овозможува на тимот појасно да ги увиди неговите цели. Но повеќе од појаснување и соработка, Робертсон верува дека споделувањето на одговорноста е исто така најдобар начин напред бидејќи често пати бара комбинирано решение – нешто што би можеле да го наречеме компромис. Во несигурни времиња, комбинирањето идеи ви помага да се оддалечите од тврдоглавото држење до она што порано функционирало, но не повеќе.

Не само што овие три принципи се клучни за справувањето со несигурноста во тешки времиња, нивната употреба создава организационен мускул што подобро го подготвува бизнисот да продолжи да се приспособува кога несигурноста го повредува и ниша напред-назад, како што е случајот денес.

Креативност

Несигурните времиња не се сведуваат само на снаоѓање или едноставно преживување, иако можат да не` натераат да се чувствуваме така. Тие се и садот во кој лидерите и организациите наоѓаат начини како подобро да иновираат и да создаваат нови извори на вредност. Тогаш на сцената настапуваат сочувството и креативноста.

Можете да се борите со нив, но грдата вистина за несигурните времиња е дека нема враќање на она што било порано, туку само можеме да се движиме нанапред кон она што ќе дојде. Потребно е креативна мисла, не во џебот туку во целата култура, за да можете одново да иновирате и да одговорите на променливата средина.

Повеќето организации ги ценат креативните идеи но ја потценуваат потребата да се прилагодуваат системите, структурите, и начините на размислување за да се прифати креативноста како норма, наместо да се смета за брзо решение. Накратко, во несигурни времиња, културите мора да се променат за да бидат креативни.

Сочувство

На крајот, културите се создадени од луѓе. Во вакви времиња луѓето се борат на различни начини. Тие имаат различни идеи за тоа како да се справат со секојдневните проблеми наметнати од пандемијата и за тоа што најмногу го сакаат во мирни времиња. Сочувствотот е потребно за да се разберат таквите разлики, со цел да се прифати моќта на разноликоста наместо да се сфаќа како нешто непријатно, и за да се спои со нешто уште поголемо.

Вечно зелените семиња на вистинската креативност лежат во разнолик распон на размислувања и искуство. Но сочувството ги негува тие семки. Сочувството исто така овозможува комуникација, соработка и компромис.

Моќта на овие пет категории е заемно поврзана. Таа моќ е исто така достапна за секоја организација и за секое лице. Лидерството во овие времиња би требало да се фокусира на создавање средина која може да го искористи тој извор на моќ. Едно нешто е сигурно, добри работи не` чекаат на другата страна.

Извор: Inc.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -