Како да го развиете претприемачкиот дух кај вашите деца

Внесете „дете со претприемачки дух“ на кој било пребарувач за слики на интернет и резултатите ќе бидат деца во костуми, деца како држат состаноци во конференциски сали, деца позади штандови на улица како продаваат лимунада и деца како се ракуваат со други деца. Да разјасниме една работа. Не е важно дали детето ќе започне бизнис. Важно е дека, ако вашето дете одлучи, по сопствена слободна волја, во еден момент во животот да започне бизнис, да знае дека може.

Некои возрасни луѓе никогаш не ни помислувале да станат претприемачи. За нив претприемништвото е ризик. Тие немаат самодоверба да го направат скокот што треба. Тие биле разубедени од ваквиот потфат од некој друг. Тие се плашат од неуспех. Ниту една од овие наведени причини не е доволно добра за да не почнете сопствен бизнис, пишува Џуди Кук, основач на агенција за социјални медиуми, за Форбс.

Ако тие плашливи возрасни лица учеле како да имаат претприемачки дух, тие сега би живееле според нивната сопствена агенда и ќе носеле одлуки засновани на нивните сопствени способности, наместо да ги следат мислењата, агендите и песимистичките проекции на другите околу нив. Преку нејзината работа, Кук успеала да ги разглоби трендовите во детството на успешните претприемачи и да стекне увид за тоа како овие лица биле воспитани и како нивните родители активно ги пренеле нивните вештини на следната генерација.

Што навистина значи „претприемачки дух“?

Претприемачки дух значи самодоверба, позитивност, креативност, снаодливост и отпорност. Личност со претприемачки дух е некој кој се соочува со проблем и работи на решението. Нивните убедувања можат да обединат, а нивните идеи се надоврзуваат на моментот и околностите. Личност со претприемачки дух самата ги носи одлуките и никогаш не заборава дека има избор. Личност со претприемачки дух нема потреба да биде претприемач.

Што побрзо некои делуваат на овој начин, толку побрзо ваквите практики стануваат навика и толку повеќе самите си ја кројат сопствената иднина. Дете со претприемачки дух го применува тоа сега. Дете со претприемачки дух ита кон иднина со можности, среќа, изобилство и успех, без разлика на тоа како е дефиниран успехот.

Од собирањето на стотици приказни од детството на претприемачите, Кук успеала да издвои четири вида рамки за воспитување деца со претприемачки дух.

Негувајте го претприемачкиот начин на размислување

Воведувањето во претприемачкиот начин на размислување опфаќа гледање навнатре и гледање нанадвор. Навнатре: во однос на начинот на размислувањето и ставот што некој го развива во поглед на тоа како ги сфаќаат сопствените способности, како го одредуваат успехот и неуспехот и колкава самодоверба имаат кога пристапуваат во нови ситуации. Нанадвор: верувањето дека можат позитивно да влијаат на промена или да создадат нешто што ќе е вредно, или како ја сфаќаат работата и каква место играа таа во нивната иднина.

Луѓето со претприемачки дух гледаат можност во промената. Гледаат во пореметувањето и наоѓаат шанса да додадат вредност. Ги гледаат решенијата на проблемите. Тие се предизвикани и ги надминуваат предизвиците. Другите се сомневаат во нив, но тие ги надминуваат очекувањата. Секојдневните искуства овозможуваат начини за формирање на овој начин на размислување и однесување во рамките на семејството и во училиштето.

Во пракса, кога некому помагате да развие претприемачки начин на размислување значи дека му помагате да верува во себе, да сонува амбициозно за она што иднината може да го донесе. Тоа значи дека треба да го водите да го види најдоброто во другите и во ситуациите. Тоа значи да успеете да ги сфати пореметувањето и промената како позитивни ефекти и вистински да верува дека е силен/на и способен/на и да ги надмине бариерите. Да ја разбере големината на вредноста што може да ја донесе во светот. Да научат што е обврска и вредноста на нејзиното исполнување до степен на совршенство. Тоа значи дека грешките и неуспесите се сфаќаат како можност да почне одново, да работи подобро.

Развивајте ги тие вештини

Развивањето претприемачки вештини вклучува практикување елементи на работа што претприемачите ги користат постојано. Овие вештини вклучуваат презентирање бизнис идеја (пичинг), преговарање, носење одлуки, лидерство, кориснички услуги и креативно размислување. Воспитувањето на децата да имаат претприемачки дух значи дека наоѓате секојдневни начини да се инкорпорираат забавни предизвици што ги негуваат овие вештини.

Кога гледате некој кој е вешт во својата работа или хоби е инспиративно. Нивната способност делува како да е вродена. Кога го гледате тоа лице, имајте на ум колку многу напор е вложен во свесно практикување или вежбање, за таа способност да постои на несвесно ниво. Кога гледаме некој како професионално работи, претставува идеја, се справува со приговори, или води некој друг низ процес на носење одлуки со кои се соочува со потешкотии, јасно е дека што порано се научат овие вештини толку побрзо истите ќе станат втора природа.

Развивајте ги претприемачките вештини со тоа што ќе охрабрувате здрава дебата, ќе поставувате задачи и предизвици што одговараат на возраста на децата, и практикувајте го методот на „бура од идеи“ со цел изнаоѓање решение на проблемот. Можеби можете да ги посочите правилните техники на преговарањето додека се договарате што да имате за вечера, или носење информирани одлуки за плановите за следната недела, или пак можете да го задолжите вашиот тинејџер да испланира настан или некое патување. Можеби можете да разговарате за различни начини да им се помогне на други луѓе или да создадат сопствена рамка за носење одлуки.

Гледајте ги можностите

Запознавањето со претприемачки можности вклучува играње и експериментирање со бизнис идеи во безбедна и сигурна средина. Дозволете им на децата да искусат и влегуваат во интеракција со претприемачки сценарија од реалниот живот што ќе им ги отворат очите за тие можности. Да сте отворени за нови можности значи дека вашиот светоглед е заснован на веројатност и изобилство. Тоа значи имање верба дека можностите се насекаде, а само чекаат да бидат откриени, како да сте во лов на богатство.

Одличните претприемачи постојано мислат на нови идеи за нивните производи, услуги и бизниси. Иако ќе отфрлат 99% од тие идеи, нивните мозоци се истренирани во барање нови можности. Тие секој ден работат на мускулот што им ги дава идеите и поради тоа, успехот кај нив е неизбежен. Да натерате млада личност да развие начин на размислување преку кој ќе гледа можности насекаде значи дека и вие самите треба да имате развиено таков начин на размислување. Ваквиот начин на размислување вклучува и поставување прашања што ќе значат дека тие внимателно размислуваат на нивниот развој додека истовремено користите игрив и неформален став, придружен со зборовите „Ајде да се обидеме со тоа!“, и „зошто да не?“.

Воведете ги во претприемачките можности со тоа што ќе разговарате за бизнисите со кои се среќавате секој ден. Прашајте ги како функционираат, кого опслужуваат, и со кои проблеми најверојатно се соочуваат. Разбирањето на потребите на бизнисите околу вас помага да се развие претприемачкиот начин на размислување, кој може дополнително да се стимулира со воведување идеи во кои децата можат да се вклучат. Што би можеле да направиме со сите непотребни нешта во гаражата? Со неуредната градина? Со валканиот автомобил на соседот? Со иновацијата која навистина може да помогне да се реши тој проблем. Прашајте ги: „Како можеш ти да бидеш дел од решението, и што ќе направиш во врска со тоа?“

Запознавајте ментори и успешни примери

Последниот дел вклучува запознавање на децата со луѓе од сите профили кои одбрале да бидат претприемачи. Тоа може да вклучува разговор за нивната работа, нивното секојдневие и нивниот животен стил, со што се нудат нови можности за учење. Тоа исто така ве вклучува и вас, како нивен најважен ментор по претприемништво. Осигурувањето дека сте поставиле одличен пример и ги отсликувате претприемачките однесувања што сакате да ги пренесете понатаму ќе бидат од огромна помош во воспитувањето на децата со претприемачки дух.

Голем број претприемачи имале родител претприемач. Тие растеле со искуството на посебен начин на размислување и однесување, и го имитираат тоа сè додека не сфатат дека започнувањето сопствен бизнис е очигледниот избор за нивната кариера. Со или без родители претприемачи, успешните примери се од клучно значење. Да имате пред очи некој што остварува восхитувачки успех ги поттикнува другите да мислат дека и тие го можат тоа. Тоа им помага подобро да ги разберат однесувањата и ставовите што создаваат самодоверба, сопственост и успех.

Воведете ментори претприемачи со тоа што ќе ги истражувате патувањата на луѓе кои можат да ги инспирираат, или да бидат фасцинирани од некои делови од тој пат. Зошто го направиле тоа? Каде ги довела таа одлука? Каков е ефектот? Како тие успеале да покажуваат храброст и снаодливост и во најтешките денови? Голем број познати сопственици на различни бизниси имале успешен пример на кој се огледувале од мала возраст, и кому им должат „благодарам“ за основните лекции што ги научиле.

Што ќе се случи ако бевме исто толку намерни во воспитувањето деца претприемачи како што сме во градењето на нашите бизниси или планирањето на неделата? Колку неверојатни можат да бидат нечии живот и кариера ако тие би биле полни со самодоверба, постојаност, отпорност и начин на размислување фокусиран на раст? Ова не значи дека треба да сте прескриптивен или напорен родител. Ова е за отклучувањето на нечиј потенцијал, давање солидна основа од која можеда направисè што ќе помисли.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Над 15% пад на индустриското производство во месец јуни

Индустриското производство во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 15,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за...
- Advertisment -