Како да ги подобрите комуникациските способности и како да бидете поефикасен лидер

Неефикасната комуникација може да влијае на продуктивноста, компаниската култура, индивидуалното и колективно лидерство и да биде причина за повеќе работа, не за поумна работа.

Дејвид Гросман во „Цената на лошата комуникација“ пишува дека анкета спроведена во 400 компании со 100 000 вработени наведува дека во просек секоја компанија губи 62,4 милиони долари годишно поради неадекватна комуникација кон и помеѓу вработените.

Во работењето со клиенти и компании во текот на годините, сум видела изгубени можности и милиони долари, недоделени унапредувања и односи што се уништуваат поради неадекватна и неефективна комуникација. Во мојот професионален живот, моите лоши комуникациски вештини ме доведоа до губење илјадници долари и пропуштени унапредувања, можности и договори; додека во мојот личен живот лошата комуникација ме доведе до губење романтични врски, пријателства, љубов и страст, пишува Кели Лин Адамс, консултант и сертификуван обучувач за стратегии за раст.

Во продолжение се неколку начини преку кои можете да ги подобрите вашите комуникациски вештини и да станете поефикасен лидер во бизнисот и во животот.

Бидете активен слушател

Според неодамна починатиот американски автор и бизнисмен Стивен Р. Кови, „повеќето луѓе не слушаат со намера да разберат; тие слушаат со намера да одговорат“.

Колку често си дозволувате да забавите и навистина да одвоите време за активно да слушате без подготвена агенда? Дали сакате да разберете што другите ви кажуваат или сакате вие да бидете разбрани? Можеби треба да предочите некоја поента или да пренесете информации на друго лице, но пред да го направите тоа, можете да одвоите дополнително време за навистина да го чуете другото лице и да слушнете што тоа лице кажува и комуницира со неговите зборови и невербално однесување? Вежбајте како да станете активен слушател со следното лице кое ќе го сретнете.

Поставувајте ефективни прашања

Колку пати до сега не сте поставувале прашања поради доза срам? Можеби се плашите од поставување погрешни прашања, да изгледате глупаво или премногу размислувате за тоа како другото лице или тим ќе ве искуси и ќе ве толкува. Ова се апсолутно нормални мисли и чувства, но кога прашањата не се поставуваат, нема начин да се разбере суштината на ситуацијата, а голем број луѓе ќе доделат сопствено значење за одредена ситуација, притоа останувајќи во непознаница. Следниот пат, поставете го прашањето ако сакате да видите реални резултати.

Разберете ја и запознајте ја вашата публика

Важно е да истражите и да го запознаете тој или тие кому треба да му се обратите, бидејќи секоја публика е различна. Поврзете се со вашата публика, поставувајте прашања и обидете се да насетите што е тоа што им е важно на луѓето во моментот. Што би било најдобро за нив да знаат и да научат? Запрашајте се себеси како најдобро можете да им помогнете или да ги услужите.

Слушајте ја невербалната комуникација

Голем дел од нашата комуникација е невербална, и голем број издадени студии го докажуваат ова; можеби ги слушате зборовите што се изговараат, но дали слушате и сте свесни за невербалните знаци што се оддаваат? Истражувачи откриле дека тонот на гласот, гестовите со лицето и телото обезбедуваат клучни информации: прекрстување раце, гледање настрана или поставување на телото и стапалата настрана од другото лице се знаци дека не сте ангажирани во разговорот, дека не сте отворени и дека не ја примате пораката.

Кои карактеристики на невербалната комуникација ги забележувате кај другите? Истражување спроведено од Лабораторијата Фејс Рисрч открива дека и мажите и жените се повеќе привлечени кон слики од луѓе кои оствариле контакт со очи и се насмевнувале отколку од тие кои не го правеле тоа, така што обидете се да се насмеете и да остварувате контакт со очи почесто.

Почнете и завршете моќно

Луѓето се сеќаваат како сте почнале да комуницирате и како ја завршувате комуникацијата. Без разлика дали станува збор за разговор еден-на-еден или за презентација пред голема публика, ќе ве паметат по тоа како сте почнале и сте завршиле со говорот, така што дајте им нешто по што ќе се сеќаваат на вас. Можете да почнете и да завршите со прашање, моќни статистички податоци или релевантна приказна.

Точниот момент е се`

Сите големи и ефективни комуникатори можат да ја искористат нивната интуиција, чувства или емоционална интелигенција за да ја почувствуваат нивната публика. Поставувајте различно прашање, користете пример, анегдота или приказна за да истакнете некоја поента, повторувањето на поентата и знаењето кое е точното време да продолжите понатаму се клучни фактори што придонесуваат кон погодување на точното време за комуникација.

Нека ви биде удобно во неудобноста

Не секоја ситуација или разговор ќе бидат лесни. Кога се чувствувате неудобно значи дека сте претпазливи;тоа ве држи будни и ви дозволува да се потпрете на вашите лидерски вештините и да се справите со тешките разговори. Вежбајте како да се ставите во неудобни ситуации со цел да се предизвикате себеси и вашата способност.

Забавувајте се

Немојте да сте здодевни. Истражувања и студии што беа спроведени со различни групи студенти покажуваат дека смеата и хуморот можат да го подобрат учечкото искуство, да расположат, да ја намалат анксиозноста и да создадат попријатни искуства. Бидете свесни за тоа што и` е потребно на вашата публика во моментот; понекогаш малку смеа и хумор можат да ве доведат далеку.

Ефективната комуникација е една од највредните вештини што можете да ги негувате и да ги подобрувате како лидер во животот и во бизнисот. Ефикасната комуникација ќе го промени вашиот бизнис, живот и целиот свет – тоа беше случај со мене. Потребни се мали промени за да создадете долготраен позитивен импакт.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -