Зошто страничното размислување на Стив Џобс и Елон Маск секој пат ги победува најдобрите практики

Замолете кој било лидер да ви понуди пакет најдобри практики што тој ги користи во неговата компанија и тој најверојатно може да го направи тоа. Маката е што најдобрите практики се склони да се вклопат во често пати цитираната дефиниција за лудило – сакате иновации, но едноставно продолжувате да го правите истото нешто одново и одново, врз основа на вашиот личен сет стандарди додека истовремено очекувате различен резултат. Ако навистина сакате да создадете нешто уникатно, тогаш страничното размислување е многу подобар облог, вели Тед Павела, извршен директор за односи со клиенти во Altium.

Што претставува страничното размислување?

Странично размислување едноставно значи изнаоѓање решенија користејќи неконвенционална логика или размислување што можеби не е лесно првично да се забележи. Кога луѓето велат дека некој треба да размислува „надвор од кутијата“, мислат на странично размислување и таа способност може да биде непроценлива. Може да ве охрабри да преземете потребни ризици, да прифатите промена и да ја подобрите културата во вашата организација.

Странично размислување на работа

Мојата компанија е добар пример за тоа како страничното размислување може да го подобри бизнисот во реалниот свет, споделува Павела. Нашиот тим заеднички одлучи дека ќе ја промениме традиционалната организациона структура (односно посебните сектори за маркетинг, продажба, развој итн.). Алтернативата беше се` да организираме околу различни деловни канали или протоци. Ги разложивме операциите што вообичаено се централизирани и сите вработени ги распределивме во нови деловни единици или производни линии.

Децентрализацијата во корист на деловните канали имаше финансиска цена. Всушност, тешко беше на почетокот да го убедиме одборот на директори да ја прифати идејата, бидејќи овој процес значеше дека треба да дуплираме одредени ресурси.

Но на крајот на денот, со фокус на индивидуалните линии, секој работеше со повисок степен соработка. Културата се промени и ефикасноста стана подобра. И нашиот раст се забрза многу повеќе од она што ќе бевме во можност да го оствариме во традиционалната организациона структура.

Ризикот не беше баш пречекан со отворени раце. Но, бидејќи го презедовме тој ризик, успеавме да стекнеме предност. На истиот начин, ако сакате да бидете сигурни дека вашиот сопствен бизнис нема да спласне или да стане нерелевантен, тогаш треба да престанете работите да ги правите според старите правила на игра. Со самата волја да прифатите и промовирате промена, природно ќе поттикнете странично размислување кое лежи во срцето на иновациите.

Како да се скрши калапот

Страничното размислување, како и другите вештини, е нешто што можете да го научите со време. И огромен клуч во учењето ваков начин на размислување е само да се обидете да набљудувате добро и да бидете повеќе свесни. Нема да видите можности, освен ако не погледнете во сите различни аспекти на вашата индустрија или живот и согледате што можете да примените во целосно различни домени. На пример, најверојатно можете да земете голем дел од вашите стандардни активности во бизнисот и да ги пастирате во вашиот личен живот. Но, оваа мека вештина е поврзана со емпатија и способноста да не ги земате вашите субјективни судови предвид. На пример, децата често пати со леснотија размислуваат странично бидејќи немаат големо искуство или толку многу правила што диктираат „како треба да биде“.

Вашето набљудување и свесност треба да продолжат и откако ќе почнете да правите промени. Можеби ќе дознаете дека ризиците се соборуваат и согоруваат. Во ред е ако не секогаш исходот е најголем успех. Во тие случаи, секогаш променете ја првичната идеја или бизнис план. Во други случаи, можеби ќе добиете чувство дека тоа што го правите всушност функционира. Во овие случаи треба да го удвоите облогот. Но, мора да имате желба да ги преземете тие првични ризици и да имате желба за промена.

За да бидам јасен, страничното размислување не мора да значи дека мора веднаш се да направите и се да вложите во правењето промена. Тоа може да биде престрашно и да го предизвика вашиот тим да прави пречки или застои. Не го ставајте целиот влог на големата промена и немојте да гаите надеж дека ќе успее. Напротив, постојано експериментирајте во мали размери. Правете чести, мали промени што не се толку ризични и видете дали тие можат да бидат успешни. Стекнете темелни сознанија од тие мали промени. Потоа, ако вашите наоди од набљудувањата покажуваат дека постои огромна можност, можете да почнете да ја бркате таа промена на големо и да стекнете најдобри шанси да биде успешна.

Страничното размислување ги дефинира денешните лидери – и вие можете да бидете еден од нив

Повеќето професионалци се склони да ги идеализираат Елон Маск и Стив Џобс, претприемачи на кои страничното размислување им е најсилен адут. Тие се неверојатно добри во преиспитување на системите и начините на кои се спроведуваат задолженијата, и тие постојано ги фрлаат најдобрите практики во ѓубре за да избегнат чувство на задоволство со себе. Можете и вие да научите да размислувате на овој начин. Потребен е став што прифаќа флексибилност. Се` ставајте под знак прашалник, набљудувајте и обидете да правите промени малку по малку. Растот, и професионалниот и приватниот, ќе дојде.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -