Заблудите во врска со работењето од дома

Сè до неодамна, за повеќето од нас, работењето од дома беше концепт прекриен со мистерија: некаде помеѓу фантазија и логична неверојатност.

Поврзано:

Некои од најчесто цитираните причини наведени од страна на работодавците дека работењето од дома не функционира гласат вака: „Вработените нема да работат толку добро“, „Нема шанска да комуницираат еден со друг“, „Продуктивноста ќе се намали“.

Во меѓувреме, размислувањата на вработените се сведуваа на: „Никогаш нема да можам да се мотивирам себеси“, „Би ми било досадно и би бил/а осамен/а“, „Сакам да доаѓам во канцеларија поради атмосферата.“ Секако, да не ја забораваме другата страна – „Јеееј, почнуваат маратони на Нетфликс, имам чипс, и плус добивам плата!“.

Во секој случај, какви и да биле претпоставките, сега сите сме „фрлени“ во нешто што претходно повеќето го доживувавме како тешко замислива митска реалност.

работењето од дома

Порталот Namecheap работи со тимови на далечина веќе дваесетина години. Ова му дава солдина подлога на лидрескиот тим да се стекне со единствини увиди во тоа како може да се постигне успех и кога повеќето од вработените не се во канцеларија додека работат, како и можност да ги објаснат предрасудите во врска со работењето од дома.

Заблуда бр 1: Работењето на далечина не ги привлекува најдобрите кандидати

Често се верува дека работењето на далечина ги одвраќа најдобрите кандидати бидејќи тоа не е нешто на што повеќемината се навикнати. Но, како компанија која го има воведено структуираното работење на далечина пред скоро 20 години, секако дека мора да постои прилично аргументирано размислување зошто е направена оваа одлука. Според лидерскиот тим на порталот, работењето на далечина и` дозволува на фирмата да ги пронајде талентираните лица со соодветното искуство без притоа да се ограничува на талентот што е на располагање на одредена локација.

Толку е едноставно! Со тоа што ќе ја проширите категоријата на регрутирање талентирани работници, фактички имате можност да направите поголем и подобар избор, а притоа, постојат многу луѓе кои веруваат дека работењето од дома нуди одредени прилично важни корисни работи.

работењето од дома

Заблуда бр 2: Намалена продуктивност

Менаџерите и лидерите се најмногу загрижени дека продуктивноста брзо ќе опадне во процесот на транзиција кон работење од дома. Дополнително на оваа грижа е и стравот дека еден од најважните аспекти на нивните улоги – лична мотивација – ќе стане непотребна.

Според Хилан Клајн, извршниот директор на Namecheap, овој став може да претставува проблем, но таков што може да се реши: „Со текот на годините научивме дека продуктивноста не е нешто што природно им доаѓа на некои вработени кои се навикнати да работат во канцеларија, но таа може да се негува доколку се постапува со добра намера. Ова значи дека морате да бидете особено внимателни и јасни.

„Договарањето за клучните фази во процесот, или кога треба да се заврши работа, е клучно за да бидете сигурни дека роковите не се поминати и дека работата тече. Можеби постои време во текот на денот во кое не е практично некој да е онлајн и да е достапен, особено за време на општа несигурност (додека луѓето се дома со нивните семејства). Бидете отворени, и создадете средина каде луѓето ќе можат да работат според нивните распореди со цел да се завршат приоритетните работи.“

работењето од дома

Заблуда бр 3: Нема да можам да поставам јасни цели

За да ја гарантираат продуктивноста, лидерите мора да можат да продолжат да поставуваат цели коишто вработените продолжуваат да ги остваруваат без притоа да се почувствува каков било пад на продуктивноста.

Клајн предлага: „да се фокусирате на резултатите, не на времето поминато пред компијутер. Флексибилноста и способноста да забележите дали некој остварува резултати преку неговата соработка и постојани вредности/однесувања е од критична важност. Работата треба да се заврши и вие треба да ги видите резултатите – но тоа не значи дека некој мора да седи на биро од 9ч до 17ч. Нека понесат одговорност за почитувањето на роковите, и ќе видите дали добро работат или не, или дали нивната продуктивност опаѓа додека работат на далечина.

„Ако треба да можете да ја одржувате продуктивноста додека работите од дома, ќе треба свесно да ги почитувате тие клучни принципи, и ќе стигнете далеку во поглед на растење на довербата на вашиот тим во вас, а вие за возврат ќе им верувате нив.“

работењето од дома

Заблуда бр 4: Вработените нема да бидат одговорни за нивните дејства

Клајн продолжува: „Само затоа што луѓето не се визуелно пред вас, не значи дека не треба да понесат одговорност за нивните дејства, или не-дејствување. Поставете јасни посакувани цели и поставете нови начини (доколку постоечките веќе не функционираат) за известување за прогресот на вашиот тим. Користењето на едноставни алатки за продуктивност, како што се Atlassian, Jira, или Trello, можат да ви помогнат да ја организирате работата и да се осигурате дека постои транспаретност за продуктивноста на тимовите во реално време.“

И запомнете: „Не можете сè одеднаш да правите, затоа бидете сигурни дека секој е свесен за приоритетите на вашата компанија, тим и вашите индивидуални приоритети. Ова ќе ви помогне да се ослободите од двосмисленост, несигурност и неискористено време. Секако, важно е да покажете емпатија кон вашиот тим додека траат овие времиња на несигурност и стрес – отворено признајте која работа може да се симне од листата на приоритети со цел да се намали непотребениот притисок врз вашите луѓе.“

Заблуда бр 5: Технологијата претставува проблем

Работењето дома поставува одредени предизвици што не постојат во вообичаена канцелариска средина. Пристап до работниот систем, и организацијата на технологијата во позадина за да се овозможи тоа, е голема грижа.

работењето од дома

Клајн вели: „Со текот на годините сме биле соочени со секаков вид предизвици додека сме работеле на далечина, вклучувајќи и технички и оперативни падови, но сме можеле да се здружиме, да размислуваме креативно, и да изнајдеме решенија кои се исто толку ефективни колку што би биле ако сме биле заедно во живо. Уште еднаш, можете да постанете координиран, креативен тим што знае да решава проблеми ако сте свесни за намерите во вашата интеркација, и се потпирате на засега непознатиот вирутелен простор како да е вашата сопствена канцеларија.“

Заблуда бр 6: Комуникацијата ќе се влоши

Заедно со продуктивноста, ова е најверојатно едно од најважните прашања во врска со работењето од дома. Ана Кирк, директор за аквизиција на таленти, објаснува дека еден критичен фактор за успех е правилната употреба на инстант пораките: „Овие платформи се клучни за спонтаноста во работењто на далечина. Исто така, важно е сите да се согласуваат дека „ова е платформата каде сите спонатани разговори ќе се одржат“.

„Добрата страна е дека кога се чувствувате креативни или полни енергија, можете да придонесете во многу процеси во краток простор и време. Лошата страна е дека морате внимателно да менаџиратие со инстант пораките бидејќи е голем ризик за одвраќање од работата. Како што вашиот тим развива култура за инстант пораки, ќе ја видите органската еволуцијата на формалните канали во однос на неформалните, времените канали, проектните канали, менаџирање на работата, споделување на иновации/идеи, итн. Овие работи сега се прилично вообичаени. Дури и во заедничките канцеларии се трудиме да користиме дигитални платформи за да ја менаџираме комуникацијата.

работењето од дома

„Бидејќи многу од нас се веќе навикнати да градат и одржуваат врски со употреба на дигиталните медиуми, луѓето се многу добри во создавање и споделување на овие формати, што пак ни го прави полесен моментот „да се отвориме“ на работа со споделување на мала слика или линк до некоја друга димензија на нашите животи.“

Заблуда бр 7: Нема да можам лесно да надминувам проблеми

Секој бизнис има и мора да надминува проблеми. Тоа е основен дел од опстанокот, и бизнисите на далечина не се разликуваат. Ким Елдред, одговорно лице за вклученост во учење, се навраќа на еден скорашен проблем што бил надминат: „Неколку членови на тимот на далечина на Namecheap планираа да се соберат за работилница. Поради сегашната здравствена криза, Namecheap одлучи да се фокусира на зачувување на здравјето на неговите луѓе и ги сопре сите деловни патувања.

„Иако беа разочарани, членовите на тимот се префрлија на онлајн работилница која вклучуваше сесии со употреба на бела табла и алатки за соработка, и видео конференција. Тие го урамнотежија сопственото време за соработка онлајн со „воки-токи“ за да ја поттикнат креативноста со инспирација со нешто што е надвор од нивната вообичаена работна средина, и го одвоија времето за работа од времето за независно размислување. Потоа, ги споделија своите лични мисли со групата.

„Секако, не беше исто како да се сите во иста соба, но не поради тоа што им недостасуваше иновативност или креативност. И за да надоместат за тоа што не се заедно во живо, споделивме некои лични разговори што навистина нè направи да се чувствуваме поповрзани. Зборувавме за тоа што се случува надвор од нашите домови, што ни прават семејствата за време на викенд, и за чудните работи што нашите миленици ги прават додека работиме. Такви работи може да му овозможат на тимот да се чувствува поповрзан, без разлика каде се лоцирнаи членовите.“

Заблуда бр 9: Никогаш нема да си го видам тимот

Лесно е да се замисли дека со работењето од дома, никогаш нема да се сретнете во живо, и ќе го загубите односот. Тимовите на Namecheap секогаш се среќавале на полу-редовна основа кога тоа било возможно. Клајн образложува:

работењето од дома

„Се подразбира дека бивањето заедно во иста соба за креативно решавање проблеми е најдоброто сценарио, и дури со нашите работници на други локации, целиме да ги здружуваме луѓето доволно често за да можеме покрупните проблеми да ги решаваме лично. Имајќи го ова на ум, тоа не е секогаш возможно, и користите технологијата како средство да се затвори таа празнина кога не можете.

Заблуда бр 10: Не можам да бидам добар лидер на далечина

Како некој кој долго време ја играл улогата на лидер на далечина, Клајн ги споделува следниве совети што можат да ви помогнат да го водите тимот на далечина, и верува дека транспарентна средина е добра почетна точка:

„Создавањето атмосфера што ја негува транспарентноста е тешко да се постигне на краток рок, но има неколколу работи што можете да ги направите за да стигнете таму.

·     Водете со пример: Бидете транспарентни со вашиот тим со отворени разговори за здравјето на вашиот бизнис, предизвиците со кои се соочувате и како лидер и како тим, и ангажирајте се за да изнајдете решенија.

·         Бидете доследни во поглед на сопствените обврски: Дури и најмалите нешта, како пристигнување на време за состаноци (ниту минута покасно) ја покажува вашата посветеност, и значи дека истото можете да го побарате од вашиот тим.

·        Правете како што јправам јас: Покажете им на луѓето дека внимавате на секој детал, и дека живеете според правилата што ги поставувате за сите.

·   Јасно комуницирајте ги вашите очекувања: добијте потврда од вашиот тим за нивната способност да ги исполнат вашите очекувања.

·      Создадете атмосфера во која луѓето се чувствуваат безбедни: вработените треба да се чувствуваат сигурни дека можат да се обратат некому ако им треба помош.

работењето од дома

·   Наградете ги правилните однесувања: Пофалете ја работата и покажете дека ја цените истата, ама не го правете тоа за лицата кои не ги остваруваат до крај очекувањата на тимот. Единствениот исклучок е ако луѓето проактивно комуницираат за то дека не се способни да ги остварат очекувањата, а потоа работате со нив за да ги ресетирате соодветно.“

Заблуда бр 11: Работењето од дома е времено решение

Како што објаснува Квирк: „Трендот на работењето на далечина не значи дека работењето лице-в-лице нема огромна вредност. Всушнот, огромна вредност лежи во двата начини. Како и за сè, одговорот не е едното или другото, туку изнаоѓање на вистинската мешавина на двете. Но кога гледаме на проблеми поврзани со климатските промени, заедничките вредности за работната и животната флексибилност, високата побарувачка за таленти, вредностите на идните генерации, технолошките иновации, и влијанието на оваа глобална пандемија – едноставно не мислам дека постои начин да се избегне промена кога станува збор за тоа како изгледа работата. Сметам дека сме соочени со иднината на работењето што е во голема мера различно од она што го знаеме, а не се однесува само на промена на работната локација од едно место на друго.“

Заблуда бр 12: Не можам да го направам тоа!

Да, можете! Од вас зависи дали ова ќе го сфатите како заблуда или не. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -