Дали секој може да биде претприемач?

Во последната деценија, микро, малите и средните претпријатија во Индија еволуираа за релативно брзо време. Според Глобалниот извештај за стартап екосистемот од 2020 година, неколку градови се наоѓаат на листата на 100 екосистеми во развој во целиот свет, а Мумбај е прв. Во случајот на Индија, сведоци сме на појавата на нови индустрии, покрај веќе востановените, пишува Ишит Јетва, претприемач од оваа земја.

Голем број компании не само што успеаја да создадат сопствена ниша на пазарот, туку продолжуваат да растат и да се прошируваат. Неколку од овие компании веќе имаат воспоставено операции и во други земји.

Сите тие се успешни приказни. Од друга страна, има и стартап компании што не ја преживеаја ниту првата година по основањето и покрај достапноста до соодветните ресурси.

Според студијата спроведена од страна на зборникот за истражувања во областа на бизнисот на Универзитетот Харвард, бројот на лица кои имале амбиции да станат претприемачи се намалил за 85% откако учествувале на летен камп за деловно образование. Реалноста кога сте сопственик на бизнис наспроти сонувањето лукративни идеи успеа да им овозможи на студентите солидна перспектива за тоа како стојат работите.

Така што, како се започнува сопствен бизнис потфат и како да го направите да расте?

Идентификувајте каков вид претприемач сте

Дали сте стратег? Претприемач, кој функционира со планирање и процеси, постојано работи на подобрувања и има разработена стратегија за следните барем две до пет години. Дали сте иноватор? Некој кој има креативна идеја и полека и постепено работи на нејзиното развивање. Овој вид претприемач е тимски играч и е доволно трпелив да се радува на малите победи додека работи на големите. Тој исто така има повеќе од една бизнис идеја и сака да стане сериски претприемач во иднина.

На крај, дали сте специјалист? Експертизата лежи во разбирањето на целокупните технички аспекти на производот, а овој вид претприемач се фокусира на обезбедување производ или услуга со подобар квалитет, и има тим што размислува за други патишта. Истражувањата покажуваат дека има и неколку други типови претприемачи, така што идентификувајте го вашиот и почнете од таму.

Разберете го техничкото знаење и умеење

Не ви е потребна диплома од постдипломски студии за бизнис администрација за да станете претприемач, ниту пак ви треба диплома од извикан универзитет. Но ви треба основно техничко разбирање за вашиот производ. Овој вид знаење може да се стекне на академски начин или преку практично учење, зависи од вас.

Но, осигурајте се дека го познавате производот од А до Ш и започнете ја вашата авантура.

Проценете ги вашата идеја и визија

Истражете ја вашата индустрија, и тоа во последните 5 до 10 години; разберете го пазарот, клиентите, конкуренцијата и потоа работете наназад со цел да ја пополнете постоечката празнина. Која е вашата првична инвестиција? Дали користите постоечки ресурси или сте добиле финансии од страна?

Какви се вашите финансиски цели? Детално проучете ги варијациите што ги донесе пандемијата. Тестирајте ја вашата стартап идеја и прифаќајте конструктивни повратни информации.

Научете ја умешноста на брзото и умно снаоѓање

Можеби го имате најефикасниот тим за продажба но ќе растете на побавен начин ако не сте способни да се продадете себеси. Кога самиот претприемач презентира идеја (пич), клиентите и инвеститорите повеќе ја прифаќаат истата и имаат желба да се ангажираат во проектот. Вашиот успех лежи во тоа колку добро ги разбирате потребите на клиентите и во колкав степен ги задоволувате. Исто така, кога еден претприемач води, тимот следи, што за возврат помага во остварувањето на повисоките цели. Така што, учете, подгответе се и снајдете се.

Тагата позади радоста во претприемништвото

Ја имате сопственоста на секоја донесена одлука и преземено дејство, што често пати не може да се објасни пред сите чинители – вработени, инвеститори и клиенти. Сите финансиски несигурности се врзуваат во оваа точка, нема воопшто простор за одолговлекување, вие сте извршниот директор, финансискиот директор, директорот за односи со клиентите, но и маркетер истовремено.

Тоа е дефинитивно ментално исцрпувачки често пати. Станува збор како да останете мотивиран и да продолжите да го правите тоа во што верувате со сите предизвици.

Потребата од план Б

Има низа ризици со кои се среќавате во текот на деловниот циклус, а не само на почетокот, така што се препорачува план Б. Овој план Б може да варира – може да значи оптимално присуство на пазарот и подобрување на производот, но и затворање на еден бизнис и почнување нов.

Можете привремено да ги ставите сите процеси во мирување додека економијата не закрепне од пандемијата. Или, ако вашиот деловен потфат бил неуспешен, можете и би требало да се вратите на професионално работно место што може да ви ја обезбеди потребната финансиска сигурност, како и да овозможи друг вид поттик. Планот Б е план за поддршка и не мора да значи дека треба да биде траен – секогаш можете да се вратите назад во претприемништвото кога ќе бидете подготвени да се обидете повторно.

Дали да започнете со нов бизнис за време на пандемијата?

Ако имате добар концепт, имате солидни познавања од индустријата што сте ги стекнале со истражување и опширна стратегија, ефикасен тим и добро ги разбирате потенцијалните клиенти, тогаш да!

Комапнии како Unacademy, PharmEasy, Country Delight, SuprDaily, Dunzo, не само што се проширија за време на пандемијата, туку и продолжија да чекорат по патот на напредокот. Она што функционира во вакви околности е фокусот на пошироката слика, а не на низок поврат на средства.

Џеф Безоз, Марк Зукенберг, Ади Годреј и други, започнаа со конципирањето на идеја во која беа сигурни и денес имаат создадено мапа за раст што голем број компании ја следат. Така што, почнете од таму каде што сте и пред да сте свесни, и вие можеби ќе имате создадено ваша лична мапа.

Извор: Your Story

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -