Главни карактеристики на претприемништвото

Претприемачите немаат само добри идеи, тие ги остваруваат идеите со тоа што создаваат бизнис. И што им е заедничко на успешните претприемачи освен фактот што имаат пари? Шансите се големи дека имаат многу заеднички точки. Во продолжение се наведени основните карактеристики на претприемништвото, објаснување зошто се важни и како да сфатите дали вие го поседувате тоа што треба, пишува Ан Вест, новинар со специјализација во лични финансии и осигурителни производи за порталот My Wallet Hero.

Визија

Бизнисот мора да почне од некаде и речиси сите претприемачи ги започнуваат своите проекти со една единствена идеја. Но претприемачите имаат способност да гледаат подалеку од хоризонтот. И токму тој долгорочен поглед фокусиран на целта ги тера да продолжат понатаму, поблиску до постигнувањето на нивната визија.

Одличен пример е Блејк Мајкоски кој има визија за фер општество каде бизнисите и потрошувачите имаат социјална свесност. Оваа визија доведе до развојот на брендот за чевли TOMS. За секој купен пар чевли, компанијата донира пар на некој кој има потреба од нив.

Уникатниот концепт е познат како модел „еден-за-еден“. Компанијата исто така обезбедува очна нега и чиста вода во различни заедници преку продажба на очила за сонце и кафе. До сега, ТОМЅ им има помогнато на преку 100 милиони луѓе низ целиот свет.

Мотивација

Без разлика дали станува збор за филантропија или секојдневна потреба, една основна карактеристика на претприемништвото е мотивација. Луѓето кои немаат мотивација многу лесно се откажуваат и се помируваат со ситуација на статус кво. Пример за висок степен на мотивација е Брајан Чески, еден од основачите на Airbnb.

Иако фирмата претпри голем удар поради пандемијата, нејзиното постоење се сведува на една единствена потреба – пари.

Чески и неговиот цимер (сегашен деловен партнер) Џо Гебиа беа без пари и без работа. За време на една многу посетена конференција во Сан Франциско, двајцата одлучиле да ја искористат приликата на недостаток на доволен број хотелски соби и го издале сопствениот стан на некои од гостите на настанот.

Наоружани со дополнителни кревети на дување за максимално искористување на просторот, тие исто така обезбедиле појадок, но и себеси се додале во понудата играјќи ја улогата на туристички водичи. За да ги продадат нивните услуги, Чески и Гебиа создале вебсајт и го нарекле „Кревет на дување и појадок“ (Air Bed and Breakfast), сајт што подоцна ќе прерасне во Airbnb.

Истрајност

Патот кон успешното претприемништво ретко е прав, и токму затоа истрајноста е важна. Но истрајноста не значи дека треба да ги стиснете забите и да прелетате преку проблемите. Истрајноста значи решавање проблеми и надминување предизвици.

Ако некој претприемач е пример за истрајноста тогаш тоа е Ерик Јуан, основач на Zoom. Роден во Кина, Јуан се соочил со неприфатено барање за американска виза девет пати. Неговата упорност на крајот се исплатеше.

Идејата за Zoom дошла подоцна, кога веќе работел за различни телекомуникациски компании. Инспириран од потребата да одржува контакт со неговата девојка во Кина, Јуан добил визија за алатка што ќе овозможува видео повици на забавен начин, лесен за употреба.

Тој прво ја претставил идејата пред неговите шефови во Cisco, објаснувајќи им дека уникатната продажна карактеристика на неговата комуникациска платформа е виртуелната позадина што им овозможува на корисниците за време на видео повиците да изгледаат како да се каде било во светот.

Cisco ја отфрли неговата идеја и Јуан ја напушти компанијата за да ја развива идејата сам. За несреќа, инвеститорите не биле премногу одушевени од идејата, така што Јуан им се обратил на пријателите и семејството за помош. Останатото е историја, како што велат. Вредноста на Zoom во моментов се проценува на 35 билиони долари.

Преземање ризици

Претприемништвото доаѓа со ризик, и успешните иноватори не се плашат да ги преземат.

Вера Ванг совршено покажува дека вреди да се преземаат ризици, дури и кога влоговите се високи. И покрај долгата и успешна кариера како уредник за мода и дизајнер за Ралф Лорен, Ванг одлучи да ја напушти компанијата.

На 40-годишна возраст, кога повеќето од нас веќе имаат востановена животна рутина, Ванг одлучи да основа сопствен бренд за венчални фустани. Сега таа се смета за една од водечките светски дизајнери и има креирано венчални фустани за Челси Клинтон, Мараја Кери и Викторија Бекам.

Дали вие поседувате карактеристики на претприемач?

Забележувањето претприемачки карактеристики кај успешните претприемачи е едно нешто, но нешто сосема друго е препознавање на тие црти кај самите нас. Да, шансите се големи поголемиот дел од нас да ги поседуваат овие квалитети иако на различни нивоа.

Ако имате желба да го побарате претприемачот во вас, запишете ги сите работи во кои сте добро. Дури можете да одите дотаму и да ископате стари пофалби за вас за да видите што менаџерите имале да кажат за вашата работа.

Ако мислите дека ви недостасуваат некои претприемачки карактеристики, не плашете се. Добрата работа е што можете да ги научите и развиете, само не откажувајте се.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со национален...

Десет македонски компании, кои заеднички изложуваат свои производи на националниот павиљон, оваа година учествуваат на дигиталното издание на Хановер Месе, пренесува бизнис...
- Advertisment -