Бил Гејтс: Коронавирусот ќе го смени животот засекогаш. Но можеме да се прилагодиме на новите промени.

Минатата недела, ко-основачот на Микрософт, Бил Гејтс, се вклучи во живо на LinkedIn за да одговори на прашања поврзани со новиот коронавирус, но тој зборуваше и за неговите очекувања како ќе изгледа животот во следните неколку месеци, па и неколку години, пренесува порталот Inc.com.

Поврзано:

Во разговор со главниот и одговорен уредник на LinkedIn, Даниел Рот, Гејтс истакна дека ќе помине прилично долго време пред многу работи да се вратат во нормала. И посочи дека голем дел од секојдневното живеење е најверојатно променет засекогаш.

Нова „нормала“

Според еден од највлијателните луѓе во светот, САД може да започне со повторно отворање на почетокот на Јуни, ако работите се одвиваат според планот. Но Гејтс го опиша тоа отворање повеќе како „полу-нормално“ отколку како целосно враќање кон она на што многумина се навикнати.

„Тоа нема да биде таму каде се случуваат масовни јавни собирања или дури и пополнување на местата во ресторан,“ посочи Гејтс. „Мислам дека работи како водење фабрики, градежништво, враќање во училиште – тие работи можат да се направат.“

Бил Гејтс

Но кога станува збор за други индустрии, како ХОРЕКА индустријата, спортски настани, недвижнини, Гејтс верува дека на овие стопански гранки ќе им треба многу подолго време да се опорават.

„Дали луѓето ќе сакаат да патуваат?,“ праша Гејтс. „Ќе сакаат ли да одат во ресторани? Дали воопшто ќе помислат дека купувањето нов дом е соодветно нешто да се направи? Така што, дури и кога владата би прогласила дека овие активности се ОК, не можеме да очекуваме страната на побарувачката пак да се појави преку ноќ.“

Гејтс верува дека повторното отворање на индустриите во светот во голема мера ќе зависат од одобрувањето и масовното производство на ефикасна вакцина, пред кои било од овие промени да се случат – и предвидува дека од производството на таа вакцина масовно нè одвојуваат 18 месеци.

Некои работи ќе се променат долгорочно

Бил Гејтс смета дека пандемијата на Ковид-19 ќе нè приморува работите да ги извршуваме дигитално.

„Има неколку работи, како што се деловни патувања, што се сомневам дека пак ќе се прават,“ сподели Гејтс. „Мислам, сè уште ќе има деловни патувања, но знаете, помалку.“

Бил Гејтс

Други работи ќе бидат сменети засекогаш, вели тој.

На пример, Гејтс сподели информација дека Микрософт се пренасочил на виртуелни состаноци со акционерите дури и пред да се појави пандемијата. Како што многу други компании почнуваат да го следат овој модел, Гејтс се сомнева дека тие ќе сакаат да се вратат на состаноците со акционерите во живо.

Тој исто така коментира дека како што се појавуваат нови иновативни софтвери така начинот на живот ќе продолжи да се менува. „Што е виртуелна судница,“ Гејтс ги запраша присутните на виртуелниот настан. „Што е виртуелно законодавство? Како ја создавате таа логика?… На некој начин, можете да создадете нешто што во суштина е поефикасно и подобро од она што претходно било таму.“

Значи, ако имате сопствен бизнис, како можете да се прилагодите на новата „нормала“ што Гејтс ја опишува?

Како да се прилагодите?

Како пример, да речеме дека сте сопственик на ресторан. Сè додека мерките за социјалното дистанцирање не попуштат, треба да се осигурате дека ќе воведете силен систем на услуги за достава. Престанете да се прашувате себеси дали воопшто треба да трнгете по тој пат. Тоа не е повеќе опција. За сега, треба да одберете помеѓу услуги со достава или затворање на бизнисот.

Бил Гејтс

Но развивањето на услугата не значи дека луѓето ќе почнат автоматски да ја користат. Потрудете се да ја прилагодите вашата веб страница кон новите услуги за достава.

И не ја заборавајте моќта на т.н. „содржински маркетинг“. Направете неколку видеа што ќе ги споделите на YouTube на кои покажувате како готвите некои од вашите најпознати јадења. Покажете ја вашата личност. Не грижете се за тоа дали луѓето ќе ви ги украдат рецептите и ќе ги готват вашите оброци без да нарачаат. Некои ќе го направат тоа, но некои нема. Вашиот пазар се оние лица кои нема да го направат тоа.

Секако, неколку добри видеа на социјалните медиуми можеби е сè што ви е потребно одново да започнете да го водите сопствениот бизнис.

Друг пример е, да речеме дека сте фирма која се занимава со организација на конференции и настани. Дали сте ги откажале веќе сите настани со говорници? Дали вашата компанија е одговорна за организирање настани?

Точно, сите преминуваат на онлајн настани. Но не сите ја имаат способноста да организираат добро смислено шоу. Иако логистиката со виртуелните конференции е многу поразлична од логистиката за настани во живо, сепак треба да се заврши огромна работа „позади сцена“.

Бил Гејтс

Станете комотни во користењето на технологијата, и научете ги карактеристиките и ефектите што ги разликуваат вашите конференции од останатите. Потоа, организирајте неколку настани бесплатно, како би можеле да ги покажете вашите вештини и да создадете портфолио. Откако еднаш ќе го „излганцате“ портфолиото, користете го за да почнете да ги продавата вашите настани со гости говорници или конференции на голем, нов пазар – тој каде муштериите почнале одеднаш да бараат онлајн тренинзи и настани.

Во однос на туризмот, како индустрија којашто е меѓу најтешко погодените од пандемијата, погледнете го примерот на „Грција од дома“ (Greece From Home) – фантастична иницијатива спроведена од страна на Националната организација за туризам на Грција, во соработка со Google.

Целиот сајт е подигнат врз принципот на содржинскиот маркетинг: користење на одлична содржина оналјн чија цел е создавање однос со потенцијални клиенти. Преку видеа споделени на YouTube, и друга содржина, креаторите на сајтот им овозможуваат на посетителите да обиколат археолошки локалитети и музеи, да искусат прекрасни природни глетки, па дури и да направат тури или да посетат локални ресторани, секако виртуелно.

Бил Гејтс

Ако е сработена на вистинскиот начин, вашата содржина можно е да ви донесе приходи преку реклами или продажба на производи. Во најмала рака, тоа е начин да останете во контакт со вашата публика доколку се желни (и се во можност) повторно да патуваат.

Ако вашиот бизнис не припаѓа во некоја од гореспоменатите индустрии, тогаш барем имаме надеж дека овие примери ќе ви дадат неколку идеи. Клучот е да се пренасочат вашите напори и паметно да го искористите времето што го имате на располагање.

Се чини многу веројатно дека овие промени ќе бидат трајни. Што побрзо се прилагодиме на нив, толку се поголеми шансите вашиот бизнис да преживее, и евентуално да се развива.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со национален...

Десет македонски компании, кои заеднички изложуваат свои производи на националниот павиљон, оваа година учествуваат на дигиталното издание на Хановер Месе, пренесува бизнис...
- Advertisment -