Што треба да размислите пред да се вклучите во акцелераторска програма

Во претходните неколку години, бројот на акцелератори и инкубатори за стартап компании значително се зголеми. Во Велика Британија, бројот на стартапи што учествуваат во акцелераторски програми порасна за 78% секоја година почнувајќи од 2014 год. Во Северна Македонија, веќе официјално се отворени и работат два акцелератори за новооформени компании – „Сивус“ во Скопје и „Х Фактор“ во Велес. Акцелераторска програма исто така нуди и фондацијата ЦЕЕД Македонија.

Поврзано:

Акцелератори, за тие кои се неупатени, претставуваат организации што нудат едукативни програми преку кои поврзуваат стартап фирми и корпорации во одреден вообичаено краток но интензивен временски период, кој може да трае од 10 недели до 3 месеци. Корпорацијата може да биде компанија која сака да истражува како стартап фирми можат да  и помогнат во сопствените стратегии и посакувани резултати, или пак може да биде консултанска компанија која ќе ги поврзе стартап фирмите со нивните клиенти.

Клучот во успешноста на акцелераторските програми е двете страни да имаат корист. Корпорацијата добива можност да истражува нови идеи на брз начин и по мала цена. Плус, има и можност да експериментира со нови технологии или работни методи со луѓе кои имаат различни идеи за тоа како светот би можел да функционира и често не изгледаат како нејзините „домашни“ тимови. Од друга страна, новооснована компанија со брз потенцијал за раст добива корисни повратни информации во врска со клиентите што ги таргетира, податоци, врски и во идеален случај – комерцијален договор што инаку би изискувал месеци и месеци подготовки и преговори за да се потпише. Акцелераторот овозможува можност за брзо тестирање на бизнис идеите, што значи дека се заштедува на време во однос на она што може да се комерицјализира или не.

акцелераторска програма

Според Ед Гејз, кој е консутлат за технологија и податоци во Лојд во Лондон, компанија за осигурување стара повеќе од 320 години, и кој во 2018 година застана на чело на „Лојдовата лабораторија“ (Loyd’s Lab) – акцелератор за технолошки и осигурителни компании, стартап компаниите треба апсолутно да размислат да станат дел од акцелераторска програма. Сепак, постојат одредени работи што секоја новооснована компанија треба да ги земе предвид пред да ја достави апликацијата за инвестиции.

1. Дали вклучувањето во акцелератор ќе ве чини удел од вашата компанија?

Некои акцелератори кои самите се во рана фаза бараат удел во сопствеништвото на вашата компанија за да им се приклучите. Идејата тука е дека тие ќе ви обезбедат голема вредност уште од самиот почеток, така што ќе сакаат дел од кој било иден успех како резултат на нивната ангажираност.

Ова може да вроди со позитивни ефекти бидејќи и самиот акцелератор е мотивиран да го максимизира вашиот успех. Ова исто така покажува смисол за посветеност на долг рог и може да заврши со продуктивно партнерство.

Програмата по себе можеби е токму тоа што му треба на вашиот биниз. Придобивките кои би ги стекнале доколку станете дел од бизнис акцелератор можат да вклучат бесплатен канцелариски простор, одлични и корисни повратни информации од потенцијални клиенти, па дури и одличен почетен имиџ за пристап на пазар.

акцелераторска програма

Сепак, бидете сигурни дека ги читате пасосите во договорот испечатени со ситни букви. Понекогаш може да постојат одредби против „разредување“ на капиталот, што значи дека им гарантира дека нивните проценти во сопствеништвото се одржуваат преку понатамошни рунди на финансирање. Зборувајте со вашите инвеститори и дознајте го нивното мислење пред да направите одлука.

2. Дали можете да си ги дозволите патувањата и трошоците?

Шансите да сте преполни со пари додека се обидувате да развиете бизнис кој тукушто сте го започнале се мали, и патувањата во различни земји и континенти чинат многу.

Размислете колку често би требало да патувате доколку се приклучите на некој акцелератор. Дали канцелариите се близу местото каде живеете вие и вашиот тим? Доколку тоа не е случај, дознајте колку често би требало да патувате и направете проценка на трошоците.

Понекогаш ќе имате можност да учествувате во голем дел од акцелераторската програма од далечина. И покрај сè, големите корпорации се често меѓународни компании и излегуваат во пресрет на флексибилното работење.

Сепак, вреди да се провери со тимот што ја спроведува акцелераторската програма и претходните учесници за да видите дали морате физички да присуствувате во акцелераторот и дознајте совети за да бидете сигурни дека ќе добиете најдобар можен ангажман во работата на организацијата. Од друга страна, можеби ќе можете да заштедите ако постои опција да го донесте целиот тим во акцелераторот – неколку месеци без плаќање кирија, нема лошо да ви дојде.

акцелераторска програма

На крај, земете ги предвид сите можности што ги имате за да ги смалите трошоците. На пример, многу акцелератори ќе ви дозволат да пичирате онлајн, што воедно заштедува и време и пари.

3. Дали треба да платите за да „играте“?

Некои акцелератори им наплаќаат на стартап компаниите за учеството во нивните програми.

И ова прашање влегува во одлуката за целокупните трошоци што би ги имале доколку станете дел од еден акцелератор, која треба да ја донесете пред да пристапите во ваква организација. Во однос на ова прашање, внимавајте на тајмингот: ваквиот трошок би ве удрил по лице доколку не сте добро подготвени и потоа ќе немате баш можност да почнете да штедите за да го намалите.

4. Какво влијание ќе има акцелераторската програма на вашиот бренд и реноме?

Најчесто, стартапите кои се вклучуваат во акцлераторски програми сакаат на сите да им раскажат за нивното искуство, бидејќи, и покрај сè, станувањето дел од акцелератор е знак дека сте оствариле некаков успех. Но, и самата акцелераторска организација ќе води сопствена медиуска кампања, така што вашиот бренд ќе се поврзува со неговиот во голем дел од комуникацијата.

акцелераторска програма

Имајќи го ова на ум, бидете сигурни дека се држите до сопствените вредности и дека го правите тоа поради вистинската причина. Ефектот вашиот бренд да се поврзува со брендот на акцелераторот можеби е доволно да се оправда вашето вклучување во програмата – и во поглед на привлекување нови клиенти и во поглед на следната инвестициска рунда што најверојатно ќе ви биде потребна.

5. Дали имате доволно капацитет да го изведете сето ова како што треба?

Што ќе направите со инвестицијата при вклучување во акцелераторот. Ако не можете целосно да ì се посветите на програмата, тогаш преиспитајте се дали овој чекор е вистинскиот за вашиот бизнис, или пак можеби треба да почекате до следниот повик за аплицирање.

Извагајте ги работите како што се привлекување нови клиенти, оптовареноста на вашиот тим со тековни работи, и дали го имаат времето и способноста да се справат и со обврските од акцелераротот и со постоечките задачи.

Работете со организаторите на акцелераторската програма за заедно да направите искрена проценка за тоа дали треба да се вклучите или не.

акцелераторска програма

6. Што добивате?

Ова можеби ви делува како очигледно прашање, но бидете сигурни дека програмата може да ви обезбеди можности што ви требаат за да ги остварите сопствените цели.

Дали програмата ќе ви понуди нови деловни контакти што во моментот ги немате? Прашајте дали и вашиот тим ќе има можност да оди на обука како дел од програмата – продажба и ризичен капитал се чести теми на овие тренинзи.

На крај, ако односите со јавноста се голем дел од развивањето на вашиот бизнис, дознајте кои се правилата на акцелераторот и дали можете да  контактирате со неговиот тим за односи со јавност.

7. Што акцелераторите сакаат да добијат од вас?

Вреди да се размислат и мотивациите на акцелераторот, што пак би ви дало добра идеја за тоа какво искуство можете да стекнете. Ако ова е само начин за директорите на акцелераторот да покажат дека се заинтересирани за интересна нова технологија, тогаш можеби и нема да има многу вредност што ќе можете да ја стекнете за вашето време таму. Ако ова е нивна прва програма и немате со што да ја споредите, тогаш разгледајте и дознајте кој ја финансира – ако има извршен директор или поддршка од претседавач, тогаш тоа е добар знак.

акцелераторска програма

Дали сте сигурни дека тие имаат искрена намера да трошат средства на нови, високоризични стартап компани? Истражете ја нивната историја на инвестирање и потпишување комерцијални договори со тимовите што работат на програмата.

8. Што велат претходните учеснци?

Ова е најверојатно најдобриот начин да дознаете дали вклучувањето во акцелераторска програма е вредна инвестиција на вашето време и пари.

Побарајте тимови кои претходно биле дел од акцелераторот во кој сакате да се вклучите и поставете им што повеќе искрени и отворени прашања. На пример, прашајте ги дали навистина го забрзале нивното патување или дали добиле нешто што не може да се добие на друго место. Дознајте кој е нивниот став за тоа кои би можеле да бидат најдобрите ментори, и кој е првиот човек во организацијата што треба да го запознаете.

9. Дали ви е вредносната пропозиција јасна?

Уште едно „очигледно“ прашање, но многу одлични идеи имаат тешкотии поради ова кога станува збор за успех.

акцелераторска програма

Ако веќе инвестирате време во апликацијата, тогаш одвојте време за да бидете сигурни дека навистина има смисла и проверете дали соодветно објаснува која е вашата компанија. Овој чекор му дава на тимот од акцлераторот доволно добри причини да ве вклучи во неговата програма.

Има многубројни случаи кога стартап компании знаат добро да го објаснат нивниот концепт кога се разговара за него, и сè излгеда супер. Но два месеци покасно, пристигнува апликацијата за одобрување на инвестиција, и тимот што треба да одлучи не може да направи смисла од напишаното. Добар совет е да замолите пријател или некој близок кој не знае во детали точно што работите за да ги провери клучните делови од вашата апликација.

10. Планирајте однапред

Последниот совет за оние компании кои ќе станат дел од акцелераторска програма е да планираат однапред.

Третирајте го акцелераторот како веќе да сте почнале да ја изучувате неговата програма веднаш штом ќе ве примат, не кога ќе почне да се спроведува програмата. Видите дали можете да се сретнете со вашите ментори и дали можат да ви испратат порано барања за одредени податоци или распоред кога ќе се одржат клучните состаноци. Искористете го искуството што сте го стекнале од претходните состаноци со тимови што биле дел од истиот акцелератор за да ги таргетирате клучните луѓе и информирајте ги организаторите на време за тоа кои експерти сакате да ви бидат ментори.

Ако сте добро подготвени тогаш најверојатно ќе имате доволно причини уште на самиот почеток да ве изделат од другите стартапи во програмата и да ги импресионирате оние кои одлучуваат на крај. 

На крајот на краиштата, ова исто така може да се перцепира и како дел од подолг процес на набавки. Малите работи како оваа можат да направат огромна разлика во поглед на релативно кратката акцлераторска програма.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Парадоксот на обучувањето

На врвот на кој било вид потфат, ќе откриете дека најефикасните луѓе имаат обучувачи (коуч), пишува Сет Годин, еден од најизвиканите автори...
- Advertisment -