Владата на вчерашната седница донесе Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, согласно која во држаниот буџет за 2020 година, се врши прераспределба на средства во износ од 6.542.000.000 денари.
Поврзано:
- Северна Македонија: Сет економски мерки за справување со кризата од коронавирусот
- Корона вирусот влијае на глобалниот бизнис, но некои индустрии успеваат да растат и во услови на пандемија
Целта на предложената Одлука е обезбедување на средства за спроведување на економските мерки на Владата за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот – КОВИД-19.
Договор за набавка на медицинска опрема со Европска Комисија
Владата исто така ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од пристапување кон и потпишување на Заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема помеѓу Република Северна Македонија и Европската Комисија, и го задолжи и овласти Министерот за здравство да го потпише и соодветно да го имплементира заедничкиот договор за набавка на лекови и медицинска опрема со Европската Комисија.
Поддршка за вработените во микро и малите компании
Владата денеска одлучи да ја измени уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено економската криза заради исплата на плати за април и мај 2020 година. Со измените се трга условот управители и сопственици на бизнисите кои се таму вработени да не може да ја користат мерката. Целта на оваа измена е заштита на микро и малите компании. Се постави нов услов, бројот на вработени да се задржи 2 месеци по користење на мерката, односно до јули 2020 година.
За оваа мерка компаниите не може да аплицираат за свои вработени за кои се ослободени од плаќање придонеси и персонален данок преку проектите „Македонија вработува”, или доколку се одлучат да ја искористат мерката за субвенционирање на 50% од придонесите во вонредна состојба, која е дел од првиот сет мерки за справување со кризата.Повеќе информации за владините мерки за справување со последиците предизвикани од коронавирусот прочитајте на следниот линк.