YouTube со нова алатка за родителска контрола на видеата

Google најави нов вид на алатка за родителска контрола на видеата на YouTube, пишува The Verge. Со нејзина помош на детскиот канал YouTube Kids родителите ќе можат самостојно да ги одберат содржините што нивното дете би требало да ги гледа, наместо да се потпрат на случајниот алгоритамски избор.

Кога родителите ќе го оневозможат пребарувањето од страна на детето ќе се покаже само опцијата за “одобрена содржина” односно видеа што е дозволено да се гледаат. Тоа значи дека родителите ќе можат да го исклучат пребарувањето и да ги ограничат видеата на само оние што претходно биле одбрани од луѓе, а не алгоритам.

Ќе има и дополнителни начини да се прилагоди дозволената содржина. Родителите ќе можат да одбираат од разните теми на самиот канал, како на пример: уметност, занаети, направи сам, игри и учење.

Ништо нема да биде претходно селектирано така што целата задача останува на возрасните.

Ова е само еден од многу бројните обиди на YouTube да го намали изложувањето на децата на несоодветна содржина.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -