Wynd Halo + Home Purifier – систем за прочистување на воздух

Wynd Halo е мал уред со 10 сензори што детектираат алергени, чад, бактерии, штетни честички и слично. Благодарение на специјална технологија наречена Air ID уредот ги класифицира, односно препознава различните загадувачи, па корисникот може да преземе соодветна акција.

Wynd Halo се поврзува со Wynd Home Purifier и заедно обезбедуваат напреден систем за прочистување на воздухот. Двата уреда се надополнуваат, едниот го следи воздухот, а другиот според добиените податоци го прочистува. Прочистувачот може да исчисти 537 кубни метри воздух за еден час. Можат да се постават во било која соба во домот или канцеларијата, а Wynd Halo се монтира и на ѕид.

Малиот уред доаѓа со апликација којашто го известува корисникот доколку квалитетот на воздухот се наруши, за да може да реагира во најкраток рок.

Wynd Halo користи комбинација од хардверски сензори, алгоритми и податоци во облак преку коишто ги одредува честичките во воздухот, од полен до штетни емисии од автомобили.

Производите имаат своја кампања на платформата Kickstarter, кампањата трае уште 50 денови, а испораките се очекуваат во мај следната година.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -