Wizz Air подготвена за претстојниот период на несигурност

Нискобуџетниот авиопревозник Wizz Air, којшто располага со свои авиони во скоро сите земји од бивша Југославија, очекува патните рестрикции и забраните за влез во одредени земји што беа воведени од страна на владите без поголемо претходно предупредување, да има сериозно влијание на бизнисот во следните пет месеци, известува exyuaviation.com.

Авиокомпанијата беше приморана привремено да одложи дванаесет конекции од Скопје, Белград, Тузла и Охрид, Приштина и Подгорица поради ограничувањата во поглед на патувањата што се применуваат врз жителите земјите од Западен Балкан кон други европски држави.

„Наредниот период во текот на пет месеци ќе донесе голема мера несигурност и индустријата ќе мора да научи како да биде флексибилна во приспособувањето кон новите мрежи на рути и приспособувањето на капацитетите,“ изјави Џозеф Варади, извршниот директор на Wizz Air.

План за надминување на кризата

Тој најави дека компанијата веќе започнала да работи на стратегија за да ги ублажи ефектите од сегашната пандемија. Во изјавата, Варади исто така се осврна на новата флота Airbus A321 во Белград, основањето на првото претставништво на Wizz Air во Санкт Петербург, Русија, повторното отворање на претставништвото во Киев, отворањето на 14 нови рути меѓу Украина и Италија, повторното започнување со летови од пазари како што се Унгарија и Македонија, но и напредокот на бизнис активностите на Блискиот Исток.

Во претстојниот период Wizz Air планира да отвори девет нови рути од Белград, да ја воведе првата целогодишна услуга во Хрватска и да започне со нови летови од Црна Гора.

„Ги кратевме капацитетите на нашите постоечки пазари, но во исто време создадовме нова мрежа на рути и оперативни бази, така што отвораме шест или седум нови бази додека зборуваме,“ истакна Варади. Во моментов, авиопревозникот лета со 77% од капацитетите во 2019 год. Компанијата посочи дека со коронавирусот, очекува да оствари пораст во нивните капацитети за околу 9% годинава.

Во коментар за стратегијата на Wizz Air, која во голема мера се разликува од плановите за пребродување на кризата на нивните конкуренти, Варади истакна: „Најлошата можна ситуација за нас е кога не летаме. Во моментот кога летаме, летаме само врз основа на наплатени билети. Но бизнисот треба да се води долгорочно, а ликвидноста и кешот се клучни компоненти во вашиот бизнис модел. Сите знаеме дека краткотрајните летови се бизнис на стоки и во тој бизнис најнискиот трошок е пресуден, а сега сме компанија со најниски трошоци така што мислам дека нашата позиција во однос на конкурентите само што стана подобра.“

„Пред десет години кога последната економска криза го погоди светот, едноставно не бевме доволно силни и доволно големи да ја искористиме предноста во ситуацијата. Овој пат мислам дека ја имаме потребната големина. Ја имаме финансиската способност всушност да извлечеме корист од ова и да бидеме едни од победниците во ситуацијата“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Што претприемништвото може да направи за вас

Започнувањето бизнис и влегувањето во светот на деловните зделки може да биде комплициран и застрашувачки процес, но тоа не е причина да...
- Advertisment -