Vi – еластична кутија за храна што ја собира во џеб

Vi е кутија за храна што е доволно мала за да може да се смести во џеб, со димензии од само 14.5x12x1см.

Кутијата во внатрешноста има кеса што се затвора херметички и не пропушта вода, па може да се ставаат и течности, а заедно со неа доаѓа и вилушка.

Vi се мие и во машина за садови, а може да се стави и во микробранова печка. Еколошка е и корисникот може да ја употребува неограничено долго.

Производот е изработен од полипропилен, материјал што е безбеден и не содржи никакви штетни материи. Моментално е достапен во 6 бои: жолта, розова, црвена, зелена, сина и бела.

Кутијата за храна е дело на старт-ап со седиште во Рим, Италија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 7. 780 долари од потребните 7.009 долари, а кампањата трае уште 23 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.

Фото: Kickstarter

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Парадоксот на обучувањето

На врвот на кој било вид потфат, ќе откриете дека најефикасните луѓе имаат обучувачи (коуч), пишува Сет Годин, еден од најизвиканите автори...
- Advertisment -