Lonely Planet одговара на најпоставуваните прашања за патување во време на коронавирусот

Lonely Planet е една од најуспешните издавачки куќи за книги за патување. Исто така имаат и портал кој е тука да ве инспирира за секое ваше наредно патување и да ви ги понуди најдобрите информации за секоја дестинација на нашата планета. Lonely Planet постојано се фокусира на потребите на луѓето кои сакаат да патуваат, и коронавирусот не ги спречи да го прават она што најдобро го знаат- да бидат во тек со сите патувачки трендови и да ги пренесат на најдобриот можен начин!

Поврзано:

патување во време на коронавирусот

Том Хал, патеписец кој пишува за овој портал, и кој може да се пофали со значителен број на патувачки искуства, ги одговори најпоставуваните прашања што одредени индивиди ги поставија поврзани со нивните патувања во време на светска пандемија.

Дали патувањето во моментов е паметна одлука?

Да бидеме реални – ова не  е најсоодветниот момент за патување од и до голем број дестинации. Сите патници треба да ги следат препораките на властите и Светската здравствена организација и добро да размислат дали нивното патување е одговорнен чекор ив е неопходно со оглед на моменталната ситуација во светот.

Постојано се поставуваат нови рестрикции за патување низ светот.  Во САД патувањето е забрането за луѓе кои не се државјани на САД и кои доаѓаат од 26 европски земји во наредните 30 дена, вклучувајќи ги и луѓето кои не се од Европа но имаат трансфер на лет во Шенген-зоната. Понатака, Индија од 14 март ги суспендира сите визи и со тоа оневозможува влез во втората најнаселена држава во светот. Во Европа секој ден нова држава се приклучува кон одлуката за затворање на своите граници. Дополнително затворени се рестораните, баровите и туристичките локации. Во Кина, Италија и Иран сё уште трае забраната за патување.

На кратко, патувањето секој ден сѐ повеќе се отежнува.

патување во време на коронавирусот

Што ако имам организирано патување на дестинација во која не е забрането да се патува?

Повеќето патнички агенции се флексибилни за промена на картите кои веќе се купени. Оваа флексибилност зависи од компанијата. Некои компании нудат само промена на картите и враќање на парите за патувања во Кина, Италија и Индија, или пак за откажани летови од нивна страна. Други пак нудат повеќе опции но во месец април.

Голем број патнички агенции низ Европа, а и светот, ги имаат откажано поголемиот број од своите летови, додека пак други уште работат без промена. Патничкото осигурување, и покрај моменталната ситуација, нема да ги покрие трошоците доколку не отидетее на вашето патување.

Најдобро е да ја контактирате вашата авио компанија, да бидете трпеливи, и да имате разбирање, бидејќи вашиот случај не е единствениот ваков повик кој ќе го добијат денес.

Дали е паметно да резервирам патување сега?

Бидејќи ситуацијата не може да се предвиди во целост, можеби тоа и не е најпаметната опција. Медицинските лица и властите сё уште не се во таква можност да го предвидат целосниот тек на оваа ситуација, и кога таа би се подобрила.

За патувања во северната хемисфера, кога времето ќе биде подобро, патниците ќе бидат преплавени со информации и поддршка за да ги закажат своите аранжмани. Кога ќе помине кризата, туристичките агенции ќе имаат голем број понуди со кои ќе можете безбедно да уживате.

патување во време на коронавирусот

Дали патничкото осигурување важи?

Секогаш кога патувате надвор од државата треба да имаме патничко осигурување. Што покрива истото зависи од видот на осигурувањето. Доколку веќе имате, информирајте се што точно ви покрива. Имајте во предвид дека иако е возможно, не треба да патувате на дестинации на кои за кои важат рестрикциите за патување. Голем број од полисите кои се издадени од јануари, има многу мала веројатност да го покриваат коронавирусот.

Имајте на ум дека компанијата со која сте ги направиле вашите резервации ги има вашите пари, а не патничкото осигурување. Доколку ви следува враќање на парите, контактирајте ја директно агенцијата со која сте го договориле аранжманот.

Имам организирано патувањето покасно во годината, но мојата агенција не ми дозволува да го откажам аранжманот. Што треба да направам?

Во моментот авиокомпаниите, туристичките компании и самите патници се соочуваат со многу стресен период. Поради тоа, има многу мала веројатност тие да се флексибилни со патувањата во летниот период, освен ако не се приморани да ги променат. Доколку вашето патување е закажано за втората половина на месец април и подоцна, голема е веројатноста вашиот депозит да не биде вратен ако сакате да направите промена. Сите кои се вклучени во патничката индустрија се стремат да се вратат во нормална состојба најбрзо што можат.

Што ако крајната дестинација не ми е на листата на земји во кои е забрането да се патува, но земјата во која имам трансферен лет е?

Нема едноставен одговор на ова прашање. Сё зависи од самите авиокомпании и од аеродромите. Можете да се јавите во вашата авиокомпанија и да се обидете да ја промените државата во која ќе биде транферот на летот.

Едни од главните аеродроми за трансферни летови во Доха и Дубаи, работат регуларно.

патување во време на коронавирусот

Она што можете да го очекувате на поголем број аеродроми се засилени заштитни протоколи, здраствени прегледи, скрининг, засилено обезбедување на имиграционите служби и слично. 

Што ако патувам со копнен превоз?

Во глоблни рамки, ова прашање е тешко да се одговори, но во Европа повеќето компании кои нудат превоз со автобуси, комбиња или воз се соочуваат со истите патнички забрани како и авиокомпаниите. Но некои компании како што е Eurostar, работат нормално. Eurostar нуди транспорт помеѓу Велика Британија и Франција, Белгија и Холандија. За да бидете во тек со промените кои влијаат на возните линии на железничките страници посетете го следниот линк: Seat61

Доколку патувате, треба да имате трпение и да се подготвите за голем број одложувања на вашиот превоз, зголемена проверка на границите и можност за откажување на вашиот закажан превоз во секој момент.

Текстот е преземен од Lonelyplanet.com


поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -