Global Leader Talks: Вперен поглед кон иднината со Рикардо Или

Како ќе изгледа светот по отстранувањето на мерките за карантин? Што ќе остане, што ќе исчезне, а што ќе се смени? Како ваквите промени ќе влијаат на вашиот бизнис и што треба да направат бизнис лидерите за да бидат подготвени за новото нормално?

Одговорите на овие прашање ќе се обиде да ги даде Рикардо Или, трета генерација лидер во холдинг компанијата на неговото семејство, познатата групација „Или“, во чија сопственост се светски познатите брендови како Или кафе (Illy Caffé), луксузното чоколадо Domori, чајот што се продава под името Dammann Frères и винаријата „Мастројани“. Оваа средба е дел од онлајн настаните насловени како Global Leader Talks, во организација на CEED Global, со посредство на CEED Macedonia.

Прашања што менаџерите за продажба треба да ги поставуваат во моментов

Нова бесплатна програма за поддршка и градење на капацитетите на туристички и угостителски бизниси во услови на криза

Групацијата „Или“ се наоѓа во Трст, оттука г. Или ќе го сподели сопственото искуство како пандемијата предизвикана од Ковид-19 влијаеше на општеството и бизнисите во Северна Италија, како и научените лекции од преземените мерки од страна на неговата компанијата и нивната ефикасност.

Претходните настани што се одржаа во рамки на оваа иницијатива беа посветени на различните начини што компаниите можат да ги применат за да ја пребродат кризата, но овој пат учесниците во настанот се фокусираат на иднината. Г. Или ќе ги сподели сопствените размислувања за „новата глобална“ економија, ќе одговара на прашањата на посетителите на настанот и ќе обезбеди практични совети за заедницата на претприемачи на CEED.

Настанот ќе се одржи на 17 јуни, 2020 год, во 15 ч. Доколку сакате да учествувате на оваа виртуелна средба, регистрирајте го вашето присуство на овој линк, бидејќи местата се ограничени.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -