Facebook го промовира Instagram Lite, верзија на апликацијата создадена во Тел Авив

Вчера, Facebook објави дека компанијата почнала да тестира нова, полесна верзија на популарната апликација Instagram. Новата верзија има подобрена брзина и перформанси, а истовремено користи помалку податоци за да таргетира корисници во пазари во подем каде интернет конекцијата е нестабилна, а брзините се бавни, известува Times of Israel.

Instagram Lite, новата верзија на апликацијата за Андроид систем се развива од страна на технолошкиот тим на гигантот на социјалните медиуми во Тел Авив. Истиот тим е одговорен за управување со развојот на производот Facebook Lite, што ќе биде верзија која ќе се користи на мобилните телефони од милиони корисници низ целиот свет.

Тимот за истражување и развој на Facebook во Тел Авив беше оформен во 2013 година, и денес вработува неколку стотици локални лица и претставува втор најголем центар за стратешки развој на Facebook по САД, кажа Џах Хадар, директор за менаџирање на производ и раководител на технолошкиот одел во Тел Авив, на виртуелна прес конференција.

Instagram Lite е наменет за земјите со нестабилна интернет конекција

Instagram Lite „тежи“ помалку од 2MB, во споредба со 32MB на стандардната апликација, што ја прави оваа верзија лесна за инсталирање и брза. Таа е дизајнирана да ги нуди клучните карактеристики на оригиналната Intagram апликација за милиони корисници од пазарите во подем како што се Бразил, Индонезија, Филипини, Египет и Турција, кои не можат да имаат пристап до оригиналното искуство бидејќи немаат пристап до брз интернет и се потпираат на мобилните врски што вообичаено не одат преку 2G или 3G, објасни Мишел Лори, менаџерка за производот Instagram Lite.

Пазарите во подем ќе бидат одговорни за преку 90% нови претплатници на мобилни телефони глобално, стои во официјалната изјава на Facebook.

Лесната верзија ќе овозможи искуството на Instagram да остане брзо и сигурно за многу луѓе, без разлика на мобилниот апарат, платформата и мрежата на која сте приклучени во моментот, вели изјавата.

„ Instagram Lite се надоврзува на работата што ја сработивме за Facebook Lite во Тел Авив,“ објасни Хадар. „Искористивме многу од научените лекции и развиените технологии додека го создававме Facebook Lite и ги применивме на Instagram Lite, заедно со нашата основна премиса да не оставаме никого“.

Facebook почна да го тестира Instagram Lite минатиот месец со мала група корисници во Југоисточна Азија, вели Лори, „и повратните информации беа позитивни “.  Промоцијата на новата верзија на апликацијата ќе продолжи годинава во Северна Африка и Јужна Америка, а потоа и глобално во следните месеци,“ вели таа.

„Сакаме да им го доближиме Instagram на сите оние кои не можат да го користат денес“, поради бавните мрежи, проблемите со подигање на самата апликација и скапите пакети податоци, додава.

Иновации во работењето и приспособување на Ковид-19

Тимот во Тел Авив почна да работи на проектот на почетокот на оваа година, вели Гал Зелермајер, менаџер за софтверски инженерство за Instagram Lite.

„Ги искористивме истите принципи како кај Facebook Lite и ги применивме на Instagram Lite,“ објасни тој додавајќи дека поголемиот дел од кодот не е сместен на апаратот на корисникот туку на надворешен сервер на Facebook. Ова ја прави апликацијата помала, додека активностите за процесирање и меморијата не се наоѓаат на апаратот на корисникот. Главниот предизвик било да се одржи квалитетот и „умешноста“ на првичната апликација, вели тој.

Зелермајер исто така зборуваше за предизвиците на тимот од Тел Авив кои ги искусил во развојната фаза и карантинот што морал да се почитува.

„Создавањето производ во неколку временски зони секогаш е предизвик и веќе бевме навикнати. Но кога дојде Ковид-19, тоа целосно го промени начинот на кој пристапивме со работа на Instagram Lite,“ вели тој. „Немаше шанси да се сретнеме во живо – некои од најдобрите идеи доаѓаат кога сите се заедно во една соба. Така што, моравме да импровизираме: да ставиме бели табли дома,“ и да создадеме виртуелна „оперативна соба“ за да можеме да имаме бура на идеи на далечина.

Дополнително, се` до пред пандемијата, тимот се потпираше на состаноци лице-в-лице за да работи на истражувањето на корисниците. „Тогаш се среќаваме со групи луѓе кои ја тестираат нашата апликација и им поставуваме прашања за нивното искуство,“ вели Зелермајер. „Моравме и тие состаноци да ги преместиме виртуелно и беше тешко да не си во можност да седнеш до некој и да го прашуваш да ти покаже какви проблеми има или што му се допаѓа на апликацијата“.

Истражувачкиот тим на Facebook успеа да го спроведе ова истражување на далечина, додава тој, и членовите на тимот добија поевтини телефони и проверуваа како работи новата апликација на тие телефони.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -